КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Western Union трансфер на пари

 

 

ЗА WESTERN UNION

Western Union е водечка светска компанија за брз трансфер на пари. Првиот трансфер на пари преку телеграф беше реализиран во далечната 1871 година токму преку Western Union. Денес, благодарение на својата широко развиена мрежа во над 200 држави и територии и употребата на софистицирани компјутерски решенија, брзиот трансфер на пари преку Western Union како дополнителна услуга e достапен и во Стопанска банка.

Во секојдневниот живот, трансферот на пари има клучна улога во помагање или подобрување на животот на голем број семејства ширум светот. Глобалната мрежа на Western Union најчесто ја користат:

Иселениците кои им помагаат на своите најблиски во татковината
Родителите кои им помагаат на своите деца на студии во странство
Туристите и патниците на кои им треба помош во итни случаи
Деловни луѓе кои сакаат непречено да ги извршуваат своите дејности
Главните карактеристики и придобивки на Western Union трансферот на пари се:

СИГУРНОСТ

Со секоја трансакција за испраќање на брз трансфер на пари се доделува единствен контролен број, со кој се гарантира дека Вашите пари се спремни за исплата и тоа единствено на примачот.

БРЗИНА

Парите се спремни да се подигнат само неколку минути* откако се пратени. Western Union користи напредна технологија и уникатна компјутерска мрежа насекаде во светот, што овозможува плаќањето да се изврши веднаш.

ДОСТАПНОСТ

Постојат повеќе од 300.000** локации насекаде во светот каде што испраќачите и примачите можат да ги испратат или подигнат своите пари. Не е неопходно да имате сметка в o банка. Повеќето агенти се достапни да Ве услужат преку целиот ден, преку целата недела и преку целата година.

*Подлежи на времето на работење и различните временски зони.
**Во некои земји услугата на праќање пари не е достапна, така што клиентите можат само да подигаат пари.

КАКО СЕ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА WESTERN UNION ?








ТАРИФА

Надоместот за Western Union трансферот на пари го плаќа само испраќачот. Примателот не подлежи на никакви трошоци.

Тарифа на Стопанска банка за брз трансфер на пари (ставка 65).

Работењето на Western Union подлежи на законските одредби за примање и испраќање на средства на резиденти и нерезиденти во Република Македонија.

Печати