КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

VISA STAR - Кредитна картичка

 

За поднесување барање преку интернет кликнете на АПЛИЦИРАЈ ONLINE, во секое време од денот: 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОМОТИВНО

ПРОМО КЕШ

Корисниците на Visa/MasterCard кредитните картички на Стопанска банка секогаш добиваат повеќе. И во оваа година СБ ја продолжува промотивната понуда со можноста за подигнување на готовина без провизија во текот на последните викенди од секој месец во 2017 г.

Промотивната понуда важи само за подигнувањето на готовина од банкоматите на Стопанска банка.

 

Карактеристики на VISA Star кредитна картичка

Компаративни предности  

•  Кредитните и дебитните картички на Стопанска банка се први и во моментов единствени картички во РМ што го имаат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode), кој овозможува извршување трансакции на интернет со високо ниво на безбедност насекаде во светот. Дознајте повеќе за предностите на VCAS 3D Secure на следниов линк.

•  Можност за минимално месечно плаќање само 5% од вкупниот долг 
•  Moжност за плаќање НА РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места
•  Бескаматен грејс-период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно намирување на долгот
•  Без провизија при плаќање во трговија
•  Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

Користење на картичката 
Во земјата и во странство за:
•  Плаќање во трговија
•  Подигање готовина на банкомати и на шалтери


Валута 
МКД (денарски кредитен лимит)


Кредитен лимит 
•  Максимум 300.000 денари 
во зависност од примањата на клиентот


Период на важност 
•  Прво издавање - 2 (две) години
•  Обновување - 3 (три) години


Каматни стапки
Годишни, променливи
•11,25% - редовна каматна стапка, за нови корисници
 
•10,13% - за корисници што примаат плата преку СБ, редовни во отплата

Камата се пресметува само за искористениот износ. 0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (сѐ додека ратите не достасаат за плаќање)
- Рефинансирање долг по кредитни картички од други банки ќе биде направено под наведените каматни стапки во зависност од категоријата на клиентот, освен во случај на промотивна понуда


Годишно членство
за прво издавање 
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање 
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички

По истекот на првата година, сите клиенти добиваат можност за целосно или делумно ослободуваше од трошокот за чланарина, во зависност од обемот на користење на картичката и/или останатите прозиводи на Стопанска банка.

Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 45 дена во отплатата на месечните минимални обврски, банката ќе наплати 1500 МКД годишна чланарина.

Сите останати клиенти се квалификуваат за некои од следниве основи за попусти во годишната чланарина:


0 МКД односно целосно ослободување од годишната членарина добиваат корисниците кои исполнуваат било кој од следниве услови (попусти):
    • Годишен промет од мин. 90.000 МКД направен со основната или дополнителните картички во трговската мрежа во земјата или странство (вклучително и интернет прометот)
    • Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
    • Картичката е издадена врз основа на залог депозит

300 МКД членарина за клиентите кои се приматели на пензија во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

450 МКД членарина за клиентите кои се приматели на пензија во СБ а месечните прегледи ги добиваат по пошта

650 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

790 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ а месечните прегледи за картичката ги добиваат по пошта

 

Подигнување готовина 

ПРОВИЗИИ ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИНА ВО МРЕЖАТА НА СБ
•  Од шалтери: 5% од износот на трансакцијата, но не помалку од 100 денари
•  Од банкомат: 2% од износот на трансакција + 100 денари 

 

Промотивно! Повлекување готовина без провизија од банкоматите на СБ секој последен викенд во месецот до крајот на 2017 година.

Месец Промо Викенд
Јануари 27.01 - 29.01.2017
Февруари 24.02 - 26.02.2017
Март 24.03 - 26.03.2017
Април 28.04 - 30.04.2017
Мај 26.05 - 28.05.2017
Јуни 23.06 - 25.06.2017
Јули 28.07 - 30.07.2017
Август 25.08 - 27.08.2017
Септември 29.09 - 01.10.2017
Октомври 27.10 - 29.10.2017
Ноември 24.11 - 26.11.2017
Декември 29.12 - 31.12.2017

 

 

ПРОВИЗИИ ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТИ И НА ШАЛТЕРИ НА  ДРУГИ БАНКИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО
•  100 денари фиксен износ + 3% од износот на трансакцијата

 

 

Користење интернет 

Visa Star кредитната картичка може да се користи на домашни и на странски интернет-сајтови за извршување e-трговија со високо ниво на безбедност.


ОТПЛАТА
За сите иматели на тековна трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:
•  со траен налог преку плаќање на минималниот износ од 5% или плаќање на вкупниот долг од 100% или
•  преку е-банк услугите на СБ

МИНИМАЛНО МЕСЕЧНО ПЛАЌАЊЕ 
5% - од износот на сите трансакции направени во рамките на еден кредитен циклус и пресметаната камата


 МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

•  Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 трговци, партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
•  Можност за купување на 2, 3, 4, 5, 6, 10, 12, 18, 24, 36 и 48 рати
•  Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата 
•  Само кај тие трговци што склучиле договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата  

Рок на плаќање 
До 15 дена – од денот завршувањето на кредитниот циклус


Кредитни критериуми 
•  Физички лица, државјани на Р.Македонија
•  Возраст на корисникот: од 20 до 67 години на денот на аплицирање
•  Минимално месечно примање – 8.100 МКД


Потребни документи 
1.  Барање за VISA STAR кредитна картичка
2.  Фотокопија од важечка лична карта,
3.  За клиенти што земаат плата/пензија во СБ, само извод од трансакциска сметка за последните три месеци 
     За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редов но вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена)  а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања. Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.

4.  ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ - Барање и согласност за рефинансирање на долгот; 2 последни извештаи за кредитната картичка чијшто долг се рефинансира и фотокопија од лична карта на лицето чијшто долг се рефинансира

5. Друга документација по барање на банката

ИНФО-телефони 
Во контакт-центарот на Стопанска банка можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за која било информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следниве телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109

АПЛИЦИРАЊЕ 
За аплицирање имате неколку можни варијанти: 
· Аплицирајте веднаш преку интернет тука.
· Отпечатете го барањето, пополнете го и доставете го во најблиската експозитура на Банката 
· Во продажните места со кои Банката има склучено договор за соработка за аплицирање за Visa картички

· За интегриран преглед на карактеристиките на VISA Star кредитна картичка притиснете тука.

 


Печати