КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА "ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ VISA СО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ВИ ВРАТИ“


Технички опис на наградната игра:
1.    Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2.    Период на траење: 10.03.2012 до 31.05.2012
3.    Назив на наградната игра: За купување на рати VISA со патување ќе ви врати
4.    Наградната игра се приредува за корисниците на VISA кредитните картички VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD издадени од Стопанска банка АД – Скопје.
5.    Учесници: сите физички лица корисници на VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD кредитни картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се само сопственици на кредитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6.    Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција на рати во трговската мрежа каде е овозможено плаќање на рати со кредитните картички од Стопанска банка, клиентот добива право на едно учество во извлекувањето. Плаќањето на рати во трговската мрежа автоматски се обележува во системите на Стопанска банка од кои подоцна ќе се реализира извлекувањето, клиентот не треба да чува документација поврзана со трансакцијата.

Дополнителни елементи и критериуми:
a.    Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b.    На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
c.    Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
d.    Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 10.03.2012 год.
e.    Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f.    Наградната игра се реализира на територијата на Република Македонија и ќе важи за трансакции на рати во трговската мрежа во Македонија.
 

Награди:
         1 X Патување во Дубаи за 2 лица                                            
         2 X Викенди во Аурора Спа центар – Берово за 2 лица      

Наградите ќе бидат врачени во форма на ваучер од туристичката агенција Травел Груп.

Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.


Извлекувањето на добитниците  ќе се изведе на 05.06.2012година во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.


Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ на 08.06.2012година.


Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми во една од филијалите на Банката во Македонија по избор на добитниците.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.

 
Наградната игра и нејзините правила ќе бидат достапни до потенцијалните добитници преку:

•    Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
•    Веб страницата на Стопанска банка
•    Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
•    Филијалите и експозитурите на Банката
•    Во медиумите преку активности за односи со јавноста
•    Радио, веб оглас и др. Медиуми
•    Правилата ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра

ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ


Денарска трансакциска сметка поврзана со VISA Electron – ДЕБИТНА КАРТИЧКА


Опис на производот
Денарската трансакциска сметка, во согласност со барањето на клиентот може да биде:
1. Штедна (трансакциска) сметка или
2. Тековна (трансакциска) сметка со дозволено пречекорување


Каматна стапка на позитивното салдо
0,85% годишна каматна стапка на позитивното салдо до 40.000 денари и
0,50% годишна каматна стапка на позитивното салдо над 40.000 денари


Дозволено пречекорување
Дозволено пречекорување на тековната (трансакциска) сметка во висина од 2 пензии
• 10.80% годишна променлива камата на искористеното пречекорување 
• Критериум за одобрување: Лица до 70 години на денот на поднесување на барање


VISA Electron – дебитна картичка
Можност за поврзување на сметките со VISA Electron дебитна картичка, БЕЗ ЧЛЕНСТВО за целиот период на користење на картичката. Картичката се користи во земјава за:
•  Повлекување на готовина на банкомат без провизија и
•  Безготовински плаќања во трговија без провизија


Потребни документи
•  Копија од лична карта
•  Чек за пензија
•  Барање за VISA Electron дебитна картичка

 

VISA Star – КРЕДИТНА КАРТИЧКА

 

Опис на производот
VISA Star кредитна картичка која може да се користи за безготовински плаќања во трговија без провизија, во земјата и во странство


Кредитен лимит
Согласно важечките критериуми на Банката


Каматна стапка
10,80% годишна, променлива


Годишно членство
•  БЕЗ ЧЛЕНСТВО за првата година на издавање
•  300 денари членство за наредните години


ОТПЛАТА
•  на шалтерите на СБ
•  со траен налог


Минимално месечно плаќање
5% - од износот на трансакциите направени во еден кредитен циклус и пресметаната камата


Можност за купување на рати
•  Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати БЕЗ КАМАТА
•  Минимален износ на трансакција за плаќање на рати е 2.000 МКД
•  Само кај Трговци кои склучиле Договор со СБ за плаќање на рати без камата


Критериуми за одобрување
•  Лица до 67 години
•  Минимален месечен приход – 8,100денари


Потребни документи
•  Барање за VISA Star кредитна картичка
•  Копија од лична карта
•  Чек за пензија


Потрошувачки кредит без обезбедување


Опис на производот
Потрошувачки кредит без обезбедување за СБ пензионери


Износ и вaлута
•  15.000 МКД - 300.000 МКД - денарски кредит


Период на отплата
•  Од 6 до 84 месеци (7 години)  


Каматна стапка
Променливи, годишни к. стапки
12,00%


Други трошоци
• БЕЗ АПЛИКАТИВНИ ТРОШОЦИ за сите СБ пензионери
• 2% Административни трошоци, еднократно од одобрениот износ  на кредит


Отплата
•  Еднакви месечни ануитети (мин. месечен ануитет од 1.200 денари )
•  За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата преку траен налог


Критериуми за одобрување
•  Физички лица, пензионери - Државјани на Р.М.
•  Минимален нето месечен приход од 8.100 денари (за секој кредитокорисник поединечно)
 
•  Максимален месечен ануитет
40 % од месечниот приход - за кредити во МКД
•  Возраст на клиентот до 67 год на денот на отплата на кредитот. Лица со над 67 години на денот на отплата, доколку има кокредитобарател


Потребни документи
•  Барање за Потрошувачки кредит
•  Копија од лична карта
•  Чек за пензија

•  Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје.

Печати