VISA STAR КРЕДИТНА КАРТИЧКА
КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA STAR КРЕДИТНА КАРТИЧКА
Компаративни предности
• Можност за минимално месечно плаќање само 5% од вкупниот долг
• Moжност за плаќање НА РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места
• Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот
• Без провизија при плаќање во трговија
• Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница
• Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ, преку Интернет на www.stb.com.mk, на тел.бр. 02/3093366 или преку продажна мрежа на Трговци соработници на СБ
Користење на картичката
Во земјата и во странство за:
• Плаќање во трговија
• Подигање на готовина на банкомати и шалтери
Валута
МКД (денарски кредитен лимит)
Кредитен лимит
• Максимум 300.000 денари
во зависност од примањата на клиентот
Период на важност
• Прво издавање - 2 (две) години
• Обновување - 3 (три) години
Каматни стапки
Годишни, променливи
•12.00% - редовна каматна стапка, за нови корисници
•10.80% - за корисници кои примаат плата преку СБ, редовни во отплата
Камата се пресметува само за искористениот износ. 0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (се додека ратите не доспеат за плаќање)
- Рефинансирање на долг по кредитни картички од други банки ќе биде направено под горенаведените каматни стапки во зависност од категоријата на клиентот, освен во случај на промотивна понуда
Годишно членство
за прво издавање
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички
при обновувaње на картичката
1.500 МКД при обновување на основната картичка
Бесплатно обновување на дополнителните картички
1. Во зависност од висината на направен промет со картичката:
• Без членство за направен годишен промет од мин.90.000 МКД
• 600 МКД членство за направен годишен промет од мин. 60.000 МКД
• 900 МКД членство за направен годишен промет од мин. 30.000 МКД
Прометот се пресметува на сметката за кредитна картичка и членството се однесува и за основната и за дополнителните картички.
2. Бесплатно членство добиваат сите корисници на кредити со обезбедување (станбен, хипотекарен потрошувачки и автомобилски кредит).
3. 50% намалување на членството добиваат корисниците на:
• потрошувачки кредит без обезбедување
• ОК картичка
• VISA Веро кредитна картичка или
• VISA Classic дебитна картичка
Подигање готовина
Провизии за подигање готовина во МРЕЖАТА НА СБ
• Од шалтери: 5% од износот на трансакцијата но не помалку од 100 денари и
• Од банкомат: 2% од износот на трансакција + 100 денари
Провизии за подигање готовина НА БАНКОМАТИ И ШАЛТЕРИ НА ДРУГИ БАНКИ ВО ЗЕМЈАТА И во странство
• 100 денари фиксен износ + 3% од износот на трансакцијата
ОТПЛАТА
За сите иматели на тековна трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:
• со траен налог преку плаќање на минималниот износ од 5% или плаќање на вкупниот долг од 100% или
• преку е-банкинг системот на СБ
Минимално месечно плаќање
5% - од износот на сите трансакции направени во рамките на еден кредитен циклус и пресметаната камата
МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
• Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1000 трговци партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
• Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати
• Минимален износ на трансакција за плаќање на рати без камата е 2.000 МКД
• Минимален износ на рата е 55 денари • Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на расположливитот кредитен лимит, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање , без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата
• Само кај оние Трговци кои склучиле Договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата
Рок на плаќање
До 15 дена – од денот завршувањето на кредитниот циклус
Кредитни критериуми
• Физички лица, Државјани на Р.Македонија
• Возраст на корисникот: од 20 до 67 години на денот на аплицирање
• Минимално месечно примање – 8.100 МКД
Потребни документи
1. Барање за VISA STAR кредитна картичка
2. Фотокопија од важечка лична карта,
3. За клиенти кои земаат плата во СБ, само извод од трансакциска сметка за последните три месеци
За клиенти кои не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец
4. Фотокопија од последна платена сметка за електрична енергија, телефон или вода
5. ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ - Барање и согласност за рефинансирање на долгот; 2 последни извештаи за кредитната картичка чиј долг се рефинансира и фотокопија од лична карта на лицето чиј долг се рефинансира
ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109
АПЛИЦИРАЊЕ
За аплицирање имате неколку можни варијанти:
· Аплицирајте веднаш преку Интернет
· Отпечатете го барањето, пополнете го и доставете го во најблиската експозитура на Банката
· Аплицирајте по телефон на 02 309 33 66,
· Во продажните места со кои Банката има склучено договор за соработка за аплицирање за Visa картички