КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

КАРАКТЕРИСТИКИ  НА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА  

Основни карактерисики
• ВИСА Интернет картичката е наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет
• Картичката не се користи за купувања во продавници, на банкомати, за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја Вашата кредитна или дебитна ВИСА картичка од Стопанска Банка
• Интернет картичката е дебитна картичка, поврзана со денарска сметка
• Со картичката можете да користите онолку средства колку што имате на располагање т.е. онолку колку што ќе уплатите
• Плаќањето на интернет може да биде во било која валута, а задолжувањето е секогаш во денари
• Можност за уплата на средства на сметката за интернет картичка преку е-банкинг системот на Стопанска банка или било кој шалтер на Стопанска Банка
• Не е можна исплата на шалтер. Несикористениот износ препорачливо е да се префрли на Вашата тековна сметка во Стопанска Банка преку системот на е- банкинг.
• За издавање на Интернет картичка се квалификуваат полнолетни лица (над 18 години)

Важност
• Рок на важност 3 години
• Автоматско обновување на секои 3 години

Годишно членство
• БЕСПЛАТНА Интернет картичка
• Обновувањето на картичката е БЕЗ надомест.

Потребни документи
1. Барање
2. Копија од лична карта

Е-banking на СБ
Во моментот на аплицирање автоматски Ве пријавуваме и за системот на електронско банкарство на СБ при што Ви доделуваме корисничко име и лозинка.
Преку системот на електронско банкарство можете да:
вршите уплати и исплати од сметката за Вашата Интернет картичка и
имате целосен увид во сите трансакции направени со картичката.
Во моментот на издавање на картичката Ви доделуваме:
корисничко упатство за системот на електронско банарство на СБ и
сертификат (на ЦД) за потпишување на плаќањата преку системот на е- банкинг. За издавање на сертификатот се наплаќа износ од 50 денари од Вашата тековна сметка. Сертификатот се обновува на секои 2 години.


ИНФО телефон
+389(0)2 3100109


» БАРАЊЕ ЗА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА

 

КОРИСНИ СОВЕТИ

КОРИСТЕЊЕ ВИСА ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА
• ВИСА Интернет картичката е наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет. Може да купувате преку секоја web страна на која е истакнато логото на ВИСА и за која имате потполна доверба.
•  Картичката не се користи за купување во продавници , на банкомати или за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја Вашата кредитна или дебитна картичка од Стопанска банка;
•  Во моментот на купување преку Интернет Вие треба да ги дадете следните податоци:
    •  бројот истакнат на Вашата ВИСА Интерент картичката,
    •  датумот на истекување на истата и
    •  CVV2 Кодот кој го добивате при доделување/обновување на картичката

ЧУВАЊЕ НА ВАШАТА ВИСА ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА
•  Чувајте ја Вашата картичка на безбедно место како и секој друг инструмент за плаќање;
•  Не дозволувајте некој друг да ја користи Вашата картичка;
•  Никогаш не ги ставајте вашите податоци за картичката во електронска пошта

ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ИЗВЕШТАИ
•  Редовно проверувајте ги извештаите за Вашата ВИСА Интернет картичка;
•  Во случај да не можете да препознаете некои оригинални транскации имајте во предвид дека некои официјални имиња на трговците на мало се разликуваат од нивните web адреси, а пак некои трговци користат трансакциони услуги преку трети лица;
•  Ако забележите трансакции кои не сте ги направиле, јавете се на телефонскиот број +389(0)2 3100 109; Овој број можете да го користите во секое време, 24 часа секој ден, за добивање било какви информации во врска со ВИСА работењето, пријавување на губење на картичката или пак пријавување на какви било сомнителни активности.

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ИНТЕРНЕТ ТРГУВАЊЕ
•  Купувајте кај web трговци на коишто им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;
•  Бидете сигурни дека web страницата од каде што купувате ви дозволува да користите безбеден web browser како што се Internet Explorer или Mozzila или сл. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на browser - от се појави заклучена брава или непрекинат синџир . Во повеќето случаи, адресата на трговецот исто така ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или пак синџирот прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други web страници;
•  Ако користите web страница што бара ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност;
•  Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или пак запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e - mail адреса и Интернет адреса која почнува со http:// - заедно со она што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето on line трговци им праќаат на потрошувачите e - mail со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;
•  Проверете ги политиките за достава и враќање на производот. Web страницата исто така треба да ве извести за начинот на испорака и трошоците, валутата што се користи како и даноците што се плаќаат. Имајте во предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;
•  Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на оној период за којшто сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто коешто не го разбирате во целост – договор склучен на web страница е законски обврзувачки.

Печати