ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА "ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ VISA СО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ВИ ВРАТИ“
Технички опис на наградната игра:
1. Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2. Период на траење: 10.03.2012 до 31.05.2012
3. Назив на наградната игра: За купување на рати VISA со патување ќе ви врати
4. Наградната игра се приредува за корисниците на VISA кредитните картички VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD издадени од Стопанска банка АД – Скопје.
5. Учесници: сите физички лица корисници на VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD кредитни картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се само сопственици на кредитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6. Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција на рати во трговската мрежа каде е овозможено плаќање на рати со кредитните картички од Стопанска банка, клиентот добива право на едно учество во извлекувањето. Плаќањето на рати во трговската мрежа автоматски се обележува во системите на Стопанска банка од кои подоцна ќе се реализира извлекувањето, клиентот не треба да чува документација поврзана со трансакцијата.
Дополнителни елементи и критериуми:
a. Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b. На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
c. Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
d. Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 10.03.2012 год.
e. Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f. Наградната игра се реализира на територијата на Република Македонија и ќе важи за трансакции на рати во трговската мрежа во Македонија.
Награди:
1 X Патување во Дубаи за 2 лица
2 X Викенди во Аурора Спа центар – Берово за 2 лица
Наградите ќе бидат врачени во форма на ваучер од туристичката агенција Травел Груп.
Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.
Извлекувањето на добитниците ќе се изведе на 05.06.2012година во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.
Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ на 08.06.2012година.
Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми во една од филијалите на Банката во Македонија по избор на добитниците.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.
Наградната игра и нејзините правила ќе бидат достапни до потенцијалните добитници преку:
• Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
• Веб страницата на Стопанска банка
• Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
• Филијалите и експозитурите на Банката
• Во медиумите преку активности за односи со јавноста
• Радио, веб оглас и др. Медиуми
• Правилата ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра
VISA GOLD КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Со Visa Gold кредитната картичка уживајте во слободата на која сте навикнати, а светот ќе го препознае вашиот премиум статус и ќе биде подостапен од кога и да е.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA GOLD КРЕДИТНА КАРТИЧКА
Краток опис на производот
Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за:
• Плаќање во трговската мрежа
• Подигање на готовина на банкомати и шалтери
Компаративни предности
1. Можност за плаќање на РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места
2. Минимално месечно плаќање од само 5% од вкупниот долг
3. Бескаматен грејс период до 50 дена за трансакциите направени во трговската мрежа
4. Без провизија при плаќање во трговија
5. Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница
6. Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ
7. Бројни поволности во светот обезбедени од платежната асоцијација VISA, специјално за корисниците на VISA GOLD кредитните картички
Валута
МКД (денарски кредитен лимит)
Кредитен лимит
• Максимум 600.000 денари во зависност од примањата (максимум до 5 плати)
Период на важност
• 2 години за првото издавање
• 3 години при обновување на картичката
Каматни стапки
Годишни, променливи 11.50% - редовна каматна стапка
Каматата се пресметува само за искористениот износ
0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (се додека ратите не доспеат за плаќање)
Годишно членство за првата година на издавање
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички
Годишно членство
2.500 МКД годишно членство за основната картичката, задолжување на 12 месечни рати (208 МКД месечно)
1000 МКД за дополнителната картичка, задолжување на 12 месечни рати (83 МКД месечно)
Ослободување од месечната рата за годишно членство за промет од најмалку 10,000 МКД во месецот
Провизија за подигнување на готовина од банкомати и шалтери
|
Подигање на готовина од шалтери и банкомати (АТМ-и) на Стопанска банка АД - Скопје
|
Подигање готовина од АТМ-и и шалтери на други банки во земјата и странство
|
| Од шалтери на СБ |
Од банкомати (АТМ-и) на СБ |
100 денари + 3% од износот на трансакцијата |
| 5% (но не помалку од 100 денари) |
• 2% од износот на трансакцијата |
НАЧИН НА ОТПЛАТА
За сите кои платата/пензијата ја земаат преку СБ, или имаат тековна сметка во Стопанска банка:
• Можност за воспоставување на траен налог од тековната сметка за безгрижна отплата
• Можност за плаќање преку банкоматите или е-банкинг сервисот на СБ
1. Минимален износ за плаќање
5% - од искористениот износ на сите доспеани трансакции направени со картичката + пресметаната камата
МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
• Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1000 трговци партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
• Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати зависно од договорот со трговецот
• Минимален износ на трансакција за плаќање на рати без камата е 2.000 МКД
• Минимален износ на рата е 55 денари
• Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на расположливитот кредитен лимит, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата
• Важи само кај оние Трговци кои склучиле Договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата (превземајќи го трошокот за каматата на клиентите).
Рок на плаќање
20 дена од денот на завршувањето на месечниот кредитен циклус на картичката
Кредитни критериуми
• Физички лица, Државјани на Р.Македонија
• Возраст од 20 до 67 години на денот на поднесување на барањето за кредитна картичка
• Минимални годишни примања од 600.000 денари
Потребни документи
1. Пополенто барање за VISA GOLD кредитна картичка
2. Фотокопија од важечка лична карта,
3. За клиенти кои земаат плата во СБ, само извод од трансакциска сметка за последните три месеци
За сите останати, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец
4. Фотокопија од последна платена сметка за електрична енергија, телефон или вода
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
24 часа Контакт Центар (02) 3100 109, кој е на располагање секој ден во неделата за сите ваши прашања и потреби, вклучително и за блокирање на изгубени или украдени картички
АПЛИЦИРАЊЕ
За аплицирање имате неколку можни варијанти:
• Аплицирајте веднаш преку Интернет »овде,
• Отпечатете го барањето, пополнете го и доставете го во најблиската експозитура на Банката или
• Во продажните места со кои Банката има склучено договор за соработка за аплицирање за Visa картички
ИНФОРМАЦИИ
Дирекција за картично работење, СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: + 389 (0) 2 3100 109; + 389 (0) 2 3163 772
факс:+ 389 (0) 2 3114 087
e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk
* За да можете да го отворите барањето, потребно е да имате инсталирано Adobe® Acrobat® Reader™, додаток од Adobe Systems, Inc. Доколку го немате овој додаток, кликнете на логото што следи и следете ги инструкциите на страната што ќе ви се отвори.
