КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА "ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ VISA СО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ВИ ВРАТИ“


Технички опис на наградната игра:
1.    Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2.    Период на траење: 10.03.2012 до 31.05.2012
3.    Назив на наградната игра: За купување на рати VISA со патување ќе ви врати
4.    Наградната игра се приредува за корисниците на VISA кредитните картички VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD издадени од Стопанска банка АД – Скопје.
5.    Учесници: сите физички лица корисници на VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD кредитни картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се само сопственици на кредитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6.    Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција на рати во трговската мрежа каде е овозможено плаќање на рати со кредитните картички од Стопанска банка, клиентот добива право на едно учество во извлекувањето. Плаќањето на рати во трговската мрежа автоматски се обележува во системите на Стопанска банка од кои подоцна ќе се реализира извлекувањето, клиентот не треба да чува документација поврзана со трансакцијата.

Дополнителни елементи и критериуми:
a.    Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b.    На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
c.    Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
d.    Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 10.03.2012 год.
e.    Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f.    Наградната игра се реализира на територијата на Република Македонија и ќе важи за трансакции на рати во трговската мрежа во Македонија.
 

Награди:
         1 X Патување во Дубаи за 2 лица                                            
         2 X Викенди во Аурора Спа центар – Берово за 2 лица      

Наградите ќе бидат врачени во форма на ваучер од туристичката агенција Травел Груп.

Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.


Извлекувањето на добитниците  ќе се изведе на 05.06.2012година во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.


Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ на 08.06.2012година.


Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми во една од филијалите на Банката во Македонија по избор на добитниците.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.

 
Наградната игра и нејзините правила ќе бидат достапни до потенцијалните добитници преку:

•    Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
•    Веб страницата на Стопанска банка
•    Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
•    Филијалите и експозитурите на Банката
•    Во медиумите преку активности за односи со јавноста
•    Радио, веб оглас и др. Медиуми
•    Правилата ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра

VISA Electron  

Опис на производот
VISA Electron картичката е дебитна картичка со можност за користење само во земјата, наменета за:
•  Безготовински плаќања во трговската мрежа и
•  Подигање готовина од банка или банкомат

Основни карактерисики
•  VISA Electron картичката е поврзана со денарска сметка - на која се врши уплата во МКД
•  Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата

Купување во трговија
•  БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата вклучувајќи ги и ПОС терминалите од други банки

Подигање готовина
•  БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина во денари од банкоматите и експозитурите на СБ
•  За подигање на готовина во денари од банкоматите на други Банки во Р.Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 100,00 МКД + 1% од подигнатиот износ.

Важност  
•  За првото издавање 3 години
•  Секое понатамошно обновување се врши за период од 3 години

Годишно членство  
•  БЕЗ ЧЛЕНСТВО за целиот период на важност на картичката (при прво издавање и при обновување) за основната и дополнителните картички
•  Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300,00 МКД

ПИН код
•  За подигање на готовина од банкомат задолжително се користи ПИН кодот (го добивате во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН кодот се внесе погрешно повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката.
•  Издавање на нов ПИН чини 150 МКД

Критериуми
•  Физички лица (домашни и странски државјани),
•  Сопственици на тековна трансакциска сметка во СБ

Потребни документи
•  Барање за VISA Electron лично пополнето и потпишано од клиентот,
•  Копија од лична карта

ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109

БАРАЊЕ ЗА VISA ELECTRON
Доколку сакате да аплицирате за VISA ELECTRON картичка, отпечатете го барањето, пополнете го и доставете го во најблиската експозитура на Банката.

Печати