VISA BUSINESS КАРТИЧКА
Опис на производот
VISA business картичката е дебитна картичка која се издава на вработени членови на раководни тимови кај правни лица, кои остваруваат службени патувања, имаат право на репрезентации и други издатоци во име на правното лице.
VISA business картичката гласи на вработено лице, а може да се издадат повеке картички за едно правно лице.
Основни карактерисики
- За правното лице банката отвара посебна депозитна сметка за работење со VISA business картичката
- Правното лице може да определи поединечни лимити за секој корисник на VISA business картичка за располагање со средствата.
Важност
- Првото издавање е на 1 година
- Секое наредно издавање е на 2 години
Годишно членство
За секоја поединечна VISA business картичка,правното лице плаќа членарина во износ од 3.100 МКД годишно
Потребни документи
За издавање на VISA бизнис картичка , правното лице ги доставува следните документи во филијалата на СБ каде правното лице аплицира:
- Писмено барање за издавање на користење на VISA бизнис картичка на СБ (во прилог образец СБАД- V -No 23/99), се приложува и се задржува оригинал на образец од СБ ,
- Поединечни барања за издавање на поединечни VISA бизнис картички на СБ (во прилог образец СБАД- V -No 23/99), се приложува и се задржува оригинал на образец од СБ,
- Овластување за овластен работник од Правното лице(не е задолжително);
- Фотокопија од лична карта или пасош од лицата за кои се бара издавање на VISA бизнис картичка ;
- Решение за упис во Централен регистар или Тековна состојба од Централен регистар , се приложува оригинал или заверен препис на нотар , ( задолзително за сите правни лица освен за депоненти на Стопанска банка кои Тековна состојба од Централен регистар доставиле со датум не постар од една година )
- Образец ПП53 (ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРИЕМ) од Управа за Јавни приходи за последните 3 месеци, заверен со печат од Управа за јавни приходи, копија, а оригиналот се доставува на увид. (освен за барања од Јавен сектор)
- Заверени потписи на лицата овластени за застапување (образец ЗП), се приложува и задржува оригинал или заверен препис кај нотар .(заверката на нотар да не е постара од 6 месеци)
- За правни лица кои не се депоненти на СБ се приложува и аналитичка картица од жиро сметката на правното лице за последните 3 месеци, заверена со печат, се приложува и задржува копија ,
Доколку правното лице е коминтент на Стопанска банка и има соодветно досие, филијалата прави копија на документите кои веќе ги има во досиетона Стопанска банка.
Овластено лице
Писмено о властување - за овластен работник од Правното лице кој што ќе биде вклучен во целата организација околу достава на потребната документација и подигање на картичките (не е задолжително)
ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109
ИНФОРМАЦИИ
Дирекција за картично работење, СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: + 389 (0) 2 3100 109; + 389 (0) 2 3163 772
факс:+ 389 (0) 2 3114 087
e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk
АПЛИКАЦИЈА ЗА VISA BUSINESS
АПЛИКАЦИЈА ЗА VISA BUSINESS ПОЕДИНЕЧНО
Доколку сакате да аплицирате за VISA BUSINESS картичка, отпечатете ја апликацијата, пополнете ја и доставете во најблиската експозитура на Банката