КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА "ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ VISA СО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ВИ ВРАТИ“


Технички опис на наградната игра:
1.    Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2.    Период на траење: 10.03.2012 до 31.05.2012
3.    Назив на наградната игра: За купување на рати VISA со патување ќе ви врати
4.    Наградната игра се приредува за корисниците на VISA кредитните картички VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD издадени од Стопанска банка АД – Скопје.
5.    Учесници: сите физички лица корисници на VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD кредитни картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се само сопственици на кредитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6.    Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција на рати во трговската мрежа каде е овозможено плаќање на рати со кредитните картички од Стопанска банка, клиентот добива право на едно учество во извлекувањето. Плаќањето на рати во трговската мрежа автоматски се обележува во системите на Стопанска банка од кои подоцна ќе се реализира извлекувањето, клиентот не треба да чува документација поврзана со трансакцијата.

Дополнителни елементи и критериуми:
a.    Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b.    На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
c.    Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
d.    Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 10.03.2012 год.
e.    Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f.    Наградната игра се реализира на територијата на Република Македонија и ќе важи за трансакции на рати во трговската мрежа во Македонија.
 

Награди:
         1 X Патување во Дубаи за 2 лица                                            
         2 X Викенди во Аурора Спа центар – Берово за 2 лица      

Наградите ќе бидат врачени во форма на ваучер од туристичката агенција Травел Груп.

Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.


Извлекувањето на добитниците  ќе се изведе на 05.06.2012година во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.


Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ на 08.06.2012година.


Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми во една од филијалите на Банката во Македонија по избор на добитниците.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.

 
Наградната игра и нејзините правила ќе бидат достапни до потенцијалните добитници преку:

•    Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
•    Веб страницата на Стопанска банка
•    Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
•    Филијалите и експозитурите на Банката
•    Во медиумите преку активности за односи со јавноста
•    Радио, веб оглас и др. Медиуми
•    Правилата ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра

VISA BUSINESS КАРТИЧКА  

Опис на производот
VISA business картичката е дебитна картичка која се издава на вработени членови на раководни тимови кај правни лица, кои остваруваат службени патувања, имаат право на репрезентации и други издатоци во име на правното лице.
VISA business картичката гласи на вработено лице, а може да се издадат повеке картички за едно правно лице.

Основни карактерисики
•  За правното лице банката отвара посебна депозитна сметка за работење со VISA business картичката
•  Правното лице може да определи поединечни лимити за секој корисник на VISA business картичка за располагање со средствата.

Важност  
•  Првото издавање е на 1 година
•  Секое наредно издавање е на 2 години

Годишно членство
За секоја поединечна VISA business картичка,правното лице плаќа членарина во износ од 3.100 МКД годишно

Потребни документи  
За издавање на VISA бизнис картичка , правното лице ги доставува следните документи во филијалата на СБ каде правното лице аплицира:
• Писмено барање за издавање на користење на VISA бизнис картичка на СБ (во прилог образец СБАД- V -No 23/99), се приложува и се задржува оригинал на образец од СБ ,
• Поединечни барања за издавање на поединечни VISA бизнис картички на СБ (во прилог образец СБАД- V -No 23/99), се приложува и се задржува оригинал на образец од СБ,
• Овластување за овластен работник од Правното лице(не е задолжително);
• Фотокопија од лична карта или пасош од лицата за кои се бара издавање на VISA бизнис картичка ;
• Решение за упис во Централен регистар или  Тековна состојба од Централен регистар , се приложува оригинал или заверен препис на нотар , ( задолзително за сите правни лица освен за депоненти на Стопанска банка кои Тековна состојба од Централен регистар доставиле со датум не постар од една година )
• Образец ПП53 (ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРИЕМ) од Управа за Јавни приходи за последните 3 месеци, заверен со печат од Управа за јавни приходи, копија, а оригиналот се доставува на увид. (освен за барања од Јавен сектор)
• Заверени потписи на лицата овластени за застапување (образец ЗП), се приложува и задржува оригинал или заверен препис кај нотар .(заверката на нотар да не е постара од 6 месеци)
• За правни лица кои не се депоненти на СБ се приложува и аналитичка картица од жиро сметката на правното лице за последните 3 месеци, заверена со печат, се приложува и задржува копија ,

Доколку правното лице е коминтент на Стопанска банка и има соодветно досие, филијалата прави копија на документите кои веќе ги има во досиетона Стопанска банка.

Овластено лице
Писмено о властување - за овластен работник од Правното лице кој што ќе биде вклучен во целата организација околу достава на потребната документација и подигање на картичките (не е задолжително)

ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109

 

» АПЛИКАЦИЈА ЗА VISA BUSINESS
» АПЛИКАЦИЈА ЗА VISA BUSINESS ПОЕДИНЕЧНО

Печати