КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Генерален директор за управување со ризици

Член на Управен одбор


М-р Тони Стојановски

 

Роден:
Јули 26, 1972

 

 

 

 

 

Образование:
Економски Факултет,
Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје


Магистер по економски науки од областа на монетарната економија
Економски Факултет,
Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
 

Сегашно работно место:

Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор - Стопанска банка АД - Скопје

 

РАБОТНО ИСКУСТВО:

По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1996 година кариерата ја започнува како помлад супервизор во Дирекцијата за супервизија во Народна банка на Република Македонија и успешно чекори по хиерархиската скала во централната банка, во годините во кои се воспоставува и гради банкарската супервизија во Република Македонија соочувајќи се со бројни предизвици наметнати од  потребата да се воведат меѓународните стандарди во супервизијата и банкарскиот систем.


 

•    Во 2001 година е назначен за раководител на отсекот за вонтеренска супервизија во рамки на Дирекцијата за супервизија,
•    Во 2002 година е назначен за советник на гувернерот на НБРМ,
•    Во 2004 година заменик директор на Дирекцијата за супервизија,
•    Во 2007 година директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање и
•    Во јуни 2009 година е назначен за Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.
•    Зема активно учество и раководи со бројни проекти како од областа на банкарската супервизија, така и пошироко од делокругот на задачите на НБРМ
•    Од 2006 до 2009 година, врз основа на предлог на гувернерот на НБРМ и одлука на министерот за финансии, тој е член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Република Македонија, чие формирање беше следено со големиот предизвик за воспоставување на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
•    Од декември 2009 - Јули 2010 - Директор на Секторот за ризици на Стопанска банка АД - Скопје
•    Од Јули 2010 - тековно Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот Одбор на Стопанска банка АД - Скопје

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ И ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ:

- Ноември 2016 - Неизвршен член на Одбор на директори на Македонска берза АД Скопје

- Maj 2016 - Заменик претседател на Здружението на банкарство

- Март 2014 - Претседател на Надзорен одбор на Стопанска комора на Македонија

- Јуни 2014 - Член на Академскиот совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија - Скопје



СЕМИНАРИ И ОБУКИ:
Повеќе од 30 семинари и обуки надвор од земјата во организација на ММФ, Светска банка, Базелскиот Комитет за банкарска супервизија, Институтот за финансиска стабилност од Базел, како и централните банки на САД, Германија, Холандија, Швајцарија Англија, Италија, Грција, Полска Словенија, Австрија, Чешка и Унгарија, на теми поврзани со банките и банкарската суперивизија, ризиците во банкарското работење, менаџмент, сметководствени стандарди итн.

Печати