Електронско банкарство

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

e-com image

Што е електронско банкарство (е-banking)?


Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со  пристап до  интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за вашите сметки и вашите кредитни и депозитни производи во Банката.
 

Е-banking на СБ се одвива преку енкриптирана комуникација помеѓу клиентот и Банката со посредство на интернет. За е-banking сервисот Стопанска банка користи сопствено програмско решение и највисоки стандарди за сигурносна идентификација.
 

За користење на оваа услуга потребно е да имате компјутер приклучен на интернет и да се пријавите во една од филијалите на Банката.

 

Кои се предностите на e-banking сервисот?


-    Заштедувате од вашето скапоцено време и на трошоците за патување до Банката.
-    Имате увид во вашите сметки од дома, од работното место, од хотел или од аеродром или било каде што има пристап до интернет. Пристапот до e-banking е возможен постојано, односно 24 часа, 7 дена во неделата.
-    Нема потреба од лично присуство и лична идентификација на потписниците. Сигурносната идентификација се одвива со помош на дигиталните сертификати, онаму каде што сте, па дури и кога сте во странство.
-    Едноставно користење
-    Податоците за работењето со вашите сметки се лесно преносливи во други формати и други апликации кои ќе ви овозможат нивно поедноставно користење, обработка и анализа.
-    Пристапот до e-banking сервисот е без надомест, интерните трансакции за физичките лица се без провизија, а останатите провизии за финансиски трансакции преку e-banking се пониски во однос на провизиите на шалтер.


Колку е сигурeн e-banking сервисот?


-    Користењето на e-banking сервисот е максимално заштитено од неовластен пристап, бидејќи како заштита се користат современи методи на шифрирање и дигитален сертификат.
-    За пристап кон e-banking сервисот добивате корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително ја менувате.
-    Финасиски трансакции преку e-banking сервисот можете да се реализираат само со поседување на дигитален сертификат за потпишување на налозите кој Банката го издава.
-    Сите податоци кои се разменуваат се криптирани и се достапни само на оној на кого се однесуваат.
-    e-banking сервисот на Стопанска банка е развиен во Банката при што не се користат услуги на трети лица со што дополнително се гарантира безбедноста на корисниците.

 

Како се станува корисник на e-banking сервисот?

 

Сите правни лица кои имаат свои денарски и/или девизни сметки во Стопанска банка можат да ги уживаат предностите на e-banking сервисот. Потребно е само да склучат договор за e-banking сервисот и да пополнат пријава кои можете да ги најдете подолу. Договорот и Пријавата потпишани до законскиот застапник потребно е да се донесат во најблиската филијала на Стопанска банка.
Со пријавата за користење на услугите на e-banking сервисот, законскиот застапник ги овластува лицата кои ќе можат да имаат увид во состојбата и извештаите од сметките на правното лице (web финансиски информации), а кои ќе можат да внесуваат и/или потпишуваат налози за плаќање по електронски пат. Само оние лица кои се овластени потписници на сметката можат да бидат и овластени за потпишување по електронски пат, и ним Стопанска банка може да им издаде дигитален сертификат на USB токен.

 
Постојните корисници на e-banking сервисот кои потпишале договор за користење на услугите пред 15.03.2012, а сакаат да ја користат услугата девизни налози за плаќање во странство преку сервисот за електронско банкарство, ќе треба да потпишат нов договор за користење на услугата e-banking (достапен на линкот подолу).
Со изработката и доделување на USB токенот Банката ќе ви достави и упатства за инсталација на програмите и подесувањата потребни за користење на сервисот. Истите можете да ги најдете на следниот линк.


Договор за користење на услугата е-banking

Пријава на корисници за услугата e-banking

Овластување

Упатство за купување и продажба на девизи на e-banking

 


Кои се можностите/услугите во рамки на e-banking сервисот?


-    Следење на состојбата на сметките (во реално време)
-    Следење на транскациите преку сметките
-    Превземање на изводите од сметките (во неколку формати на датотеки)
-    Плаќање по повеќе основи со налог ПП-30 (преку KIBS, MIPS или IBSP)
-    Плаќање на обврски кон трезорска сметка ПП-50
-    Процесирање на плати за вработените со ПП-53
-    Плаќање кон странство во девизи со налог 1450 

-    Купување и продавање на девизи на e-banking

-    Лесно плаќање меѓу сопствени сметки само преку избор од паѓачкото мени
-    Плаќања со однапред креирани шаблони за најчесто користени режиски трошоци или кредитни производи од Банката
-    Именување на сметките со алијас имиња за полесно препознавање при плаќањата
-    Креирање на сопствени шаблони за налозите кои најчесто се користат
-    Пребарување и сортирање на налозите генерирани во e-banking сервисот со примена на најразлични критериуми

 

Контакт:

За помош при инсталација или користење на e-banking сервисот обратете се на следниот телефонски број 02 3216 970 од 08 до 16 часот.
За информации, забелешки, предлози и рекламации испратете е-mail на ihelp@stb.com.mk 

 


Печати