КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

09.08.2013

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Balkan Music Square 2013
 
Стопанска банка АД - Скопје и оваа година е еден од главните спонзори и обезбеди поддршка за реализацијата на 12то издание на фестивалот наменет на етно музиката од земјите на Балканот - Balkan Music Square 2013. Во рамките на двете фестивалски вечери 09-10 август, во Охрид гостите ќе имаат прилика да уживаат во изведбите на групите „Златопис“ од Србија, „Ла Колони Волвокс“ од Македонија и „Коза Мостра“ од Грција.

 


 

 

06.08.2013

 

Соопштение за неработен ден - Рамазан Бајрам 08.08.2013 (четврток)

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник Рамазан Бајрам, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 08.08.2013 (четврток).

 

 

29.07.2013

 

Соопштение за неработен ден - 2ри август (петок)

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник 2ри Август – Илинден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.08.2013 (петок).

 


 

 

22.07.2013г.

Промотивен трансакциски пакет за мали и микро компании

Почитувани клиенти,


Стопанска банка АД – Скопје, традицинално го поддржува растот и развојот на компаниите преку ефикасна и квалитетна услуга и преку континуирана понуда на атрактивни производи и услуги прилагодени на нивните потреби. Најновата понуда се однесува работењето на микро и мали компании за кои СБ воведе промотивен пакет со попусти кои се однесуваат на трансакции извршени во денарскиот безготовински платен промет преку трансакциска сметка во Банката како и промотивни попусти на други производи поврзани со трансакциската сметка на соодветната компанија, наведени во продолжение:

 


 

 

18.07.2013

 

Оглас за вработување во филијала Делчево

 

Огласот за вработување може да го погледнете тука.

 

 

12.07.2013г.

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на „Охридско лето 2013“


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на „Охридско лето 2013“, кое по 53-ти пат се одржува во нашата земја. Најголемата летна културна манифестација ќе трае во периодот од 12.07.2013 до 20.08.2013 во кој период се предвидени 40 фестивалски денови, со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера.  Се очекуваат повеќе од 840 уметници од Русија, Словенија, Германија, Италија, Турција, Бразил, Полска, Хрватска, Литванија, Унгарија, Канада, Албанија, Шведска, САД, Украина, Ерменија, Франција, Велика Британија, Кина, Аргентина, Србија. Годинешното издание свечено ќе го отвори светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија - Дмитри Хворостовски на 12.07.2013 (петок) во Античкиот театар во Охрид.

 

 

05.07.2013


 

Соопштение за нова локација на филијалата Карпош 4

 

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека од 01.07.2013г, филијалата на Стопанска банка АД - Скопје во Карпош 4 е преместена на нова локација. Новата локација на оваа филијала е на булевар „Партизански одреди“ број 125. Телефонските броеви за контакт остануваат исти и се објавени на веб страната на Банката.

 


 

 

04.07.2013

 

 

 

02.07.2013г.


                       
 
Намалени каматни стапки на кредитни и депозитни производи


Согласно објавата на Народна Банка на Република Македонија од 28.06.2013 за намалување на референтната каматна стапка за периодот од 01.07.2013 до 31.12.2013 на 3,50%, Стопанска банка АД – Скопје направи соодветно намалување на каматните стапки за кредитни и депозитни производи за физички лица, како и за депозитите за правни лица, со важност од 01.07.2013година.

 


 

 

19.06.2013

 

Соопштение за неработен ден - Духовден, 21.06.2013 (петок)

 

Почитувани клиенти,

По повод православниот празник Духовден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во петок, на 21.06.2013година.

 


 

 

05.06.2013



Донација од Стопанска банка АД - Скопје на јуниорскиот кошаркарски клуб „11ти Октомври“ Скопје

 

 

Во својата долга историја Стопанска банка АД – Скопје е во постојана соработка со заедницата и својот раст и развој го базира на постојана соработка со истата. Токму од оваа традиција во соработката со заедниците, Банката ја црпи својата општествена одговорност и во текот на годината реализира проекти значајни за културата, спортот, здравството, образованието и традицијата.

 

Овој пат, Стопанска банка на своите идни партнери и клиенти - членовите на јуниорскиот Кошаркарски Клуб „11ти Октомври“ донираше спортска опрема - тренинг маици, како свој скромен придонес за младите и спортот, на свеченото доделување на дипломите, кое се одржа на 04.06.2013г. (вторник) во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ - Скопје.

 


 

 

31.05.2013


Стопанска банка е успешна и горда на довербата на своите клиенти“ - ексклузивно интервју со г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор на СБ, во Капитал

 

 

28.05.2013

 

Нови намалени каматни стапки за потрошувачки и станбен кредит


Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 28.05.2013 ги намали каматните стапки за станбените и потрошувачки кредити со што ги подобрува условите на кредитирањето.
 
За сите барања за потрошувачки и станбени кредити примени и одобрени од 28.05. Банката ги намали каматните стапки, и тоа:

•    5.50% каматна стапка за станбен кредит, гарантирана за првите три години., за клиенти кои платата ја примаат во Стопанска банка. Променливата каматна стапка за истата категорија на клиенти e намалена на 6.89% годишно
•    6.50% каматна стапка за потрошувачки кредит без обезбедување за износ до 10.000 евра за сите клиенти на Банката, гарантирана за првата година, а променливата каматна стапка за клиентите со плата во СБ изнесува 8.00%
•    6.50% каматна стапка за потрошувачки кредит до 60.000евра со обезбедување за клиенти со плата во СБ. Променливата каматна стапка за останатиот период за оваа категорија на клиенти изнесува 7.11%

 


 

 

22.05.2013

 

ОДРЖАНО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
 

 

Управниот одбор на Банката со нов состав
 

 

Стопанска банка и понатаму ќе биде еден од клучните столбови на економскиот и севкупниот развој на земјата преку кредитна поддршка за компаниите и граѓаните
 

Денес, 22-ри мај 2013 година, се одржа редовното Годишно Собрание на акционери на Стопанска банка АД – Скопје на кое беа донесени одлуките поврзани со резултатите од 2012 година. Притоа беше потврдена добивката по оданочување остварена во 2012 година, во износ од 12,9 милиони евра, која е за 26% повеќе во споредба со минатата година. Банката ја потврди својата водечка позиција во банкарскиот сектор во Република Македонија како најпрофитабилна и највисококапитализирана банка, со зголемена депозитна база и кредитно портфолио и со високо ниво на квалитет на кредити. Собранието на акционери одлучи да ја задржи целокупната добивка од 2012 година, со што придонесе за натамошно јакнење на капиталната база и потенцијалот за раст на Банката. Треба да се напомене и дека од приватизацијата наваму целата добивка на Банката се задржува во Банката и се реинвестира во домашната економија. 

Истовремено, Банката го објавува именувањето на г-динот Диомидис Николетопулос, сегашен  Заменик Генерален Директор за банкарство на мало, финансиски и оперативни активности и член на Управниот одбор, како Генерален Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор. Понатаму, г-ѓа Милица Чапаровска, во моментов Директор на Сектор за управување со производи и еден од најискусните директори во Банката, ќе биде именувана за член на Управниот одбор, по добивањето на потребните согласности од Народната банка на Република Македонија. Со наведените именувања, Управниот одбор ќе се состои од четири членови: г-дин Диомидис Николетопулос како Претседател, г-дин Тони Стојановски, г-дин Теодоулос Скордис и (по добивањето на соодветната согласност) г-ѓа Милица Чапаровска.

 


 

 

22.05.2013

 

Соопштение за неработен ден, 24.05.2013 (петок) - „Св. Кирил и Методиј“

 

Почитувани клиенти,
По повод државниот празник 24ти Мај – „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2013 (петок).

 

 

 

08.05.2013

 

Стопанска банка учесник на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово

 

И оваа година, Стопанска банка АД – Скопје, како интегрален дел од македонското стопанство повеќе од 68 години зеде учество на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа и повторно беше заедно со идните генерации кои во годините што доаѓаат ќе ја носат одговорноста за економскиот раст, промоцијата на државата и интеграцијата во глобалните движења. 

 
Господинот Фатмир Идризи, Директор за големи клиенти во Стопанска банка АД - Скопје имаше чест да го отвори саемот во име на бизнис заедницата на Македонија.

 

 

 

 

26.04.2013

 

Соопштение за неработни денови - Први мај и Велигден

 

Почитувани клиенти,
По повод претстојните првомајски и велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2013 (среда), 03.05.2013 (петок) и 06.05.2013 (понеделник).

 

 

18.04.2013

 

Соопштение за јавност

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека денес поради техничка интервенција од страна на Македонски телеком на јавната комуникациска мрежа во центарот на Скопје, можно е да има кратки прекини на телефонските линии на контакт центарот на Банката, неколку телефонски линии како и дел од лините на ПОС терминалите на Банката.

 

 

 

01.04.2013

 

Промотивна понуда на Стопанска банка АД – Скопје за станбен кредит – Без административни и трошоци за проценка


И оваа пролет, Стопанска банка АД - Скопје нуди подобрени услови за станбен кредит на своите клиенти. Имено, со најновата понуда која започнува на 01.04.2013 и ќе трае се до 20.06.2013, Банката овозможува без административни и трошоци за проценка, клиентите побрзо да се одлучат да дојдат до домот кој го посакуваат. Редовните административни трошоци изнесуваат просечно 350 евра по клиент, додека трошоците за проценка, изнесуваат 60 евра во просек.

 


 

 

26.03.2013

 

Стопанска банка АД - Скопје пристуна со штанд на Саемот за мебел 2013

 

Почитувани клиенти,
Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел што започна денес 26.03.2013 и ќе трае до недела 31.03.2013 на Скопскиот саем. Купете го мебелот што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Дополнително, трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари благодарение на кои ќе можете брзо и лесно да го купите мебелот кој го посакувате.

 

 

18.03.2013
Продлабочување на соработката на Стопанска банка АД - Скопје со ФФМ

Стопанска банка АД - Скопје и во 2013 година ќе продолжи да ја следи својата стратешка определба за имплементација на технолошките трендови и иновации во банкарскиот систем. Од 01.04.2013г. и официјално ќе започне да функционира  ажурираната верзија на мобилната апликација m-banking со зголемен број на функционалности, како и можноста за извршување на сите видови плаќања преку мобилен телефон на лесен и едноставен начин, 24 часа на ден, 7 дена во неделата без никаков надомест. 

 

 

18.03.2013

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Почитувани партнери и клиенти на Стопанска банка АД - Скопје,


Овој Април ќе се одбележат 13 години од превземањето на Стопанска банка АД – Скопје од страна на Националната банка на Грција. За време на овој период Банката успешно се трансформираше во модерна, ефикасна и иновативна финансиска институција која цели кон исполнувањето на очекувањата на секое Македонско домаќинство и компанија. Дури и во периодов на значителна меѓународна економска криза, Стопанска банка остана доверлив партнер кој подеднакво ги подржува домаќинствата и компаниите.

15.03.2013

Соопштение за одбележување на Денот на потрошувачите



По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Народната банка на Република Македонија, EOS Matrix DOO, Кредитекспрес Македонија ДООЕЛ, Мелон Солушнс ДООЕЛ, Халкбанк АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Алфа Банка АД Скопје, Поштенска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Еутостандард Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје, заеднички организират Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите под мотото “Вашата приватност е сигурна со нас!”

 


08.03.2013

Соопштение за работно време 08.03.2013 (петок) и 09.03.2013 (сабота)

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека отвoрање на трансакциска сметка на учесниците во локалните избори 2013, денес (08.03.2013) после редовното работно време, до 24 часот и утре (09.03.2013) од 14 часот до 15 часот може да се направи во следниве Филијали на СБ: Скопје – експозитура Младина (покрај кејот на Вардар), Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Кочани, Струга и Велес.

 

 

15.01.2013

 

Соопштение за работно време на филијалите на 16.02.2013 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека отворање на трансакциска сметка на учесниците во локалните избори 2013, на 16.02.2013 после редовното работно време, од 14 часот до 24 часот може да се направи во следните филијали на СБ: Скопје – експозитура Младина (покрај кејот на Вардар), Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Кочани, Струга и Велес.

 


 

 

06.02.2013

Со Стопанска банка АД - Скопје и Адора Инженеринг до супер шанса за нов дом


Почнувајќи од 05.02.2013 година, Стопанска банка АД – Скопје и градежната компанија Адора Инженеринг ги обезбедија најповолните услови за купување нов дом, со фиксна каматна стапка од само 3,20% за првите 3 години, за клиенти кои платата ја примаат преку банката.

 

 

 

Скопје, 01.02.2013

Соопштение за намалени каматни стапки за депозити


Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје како и досега продолжува да ги следи насоките од монетарната власт и согласно последното намалување на каматните стапки на благајничките записи од страна на Народна банка на Република Македонија, направи соодветно прилагодување на каматните стапки на депозитните производи за население и правни лица во просек од 0.25 процентни поени.

 


 

 

16.01.2013

 

Соопштение за неработен ден 19.01.2013 (сабота) по повод православниот празник Водици

 

Почитувани клиенти,


По повод православниот празник Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2013г. (сабота).

 

 

29.12.2012

 

Прослава на 68-ми роденден на Банката

 

Традиционално секоја година Стопанска банка АД - Скопје го прославува денот на своето основање 29.12.1944 со своите клиенти и вработени.

Печати