КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

30.12.2013

 

Realized donation for the public kitchens with the moto „Warm holidays for all“ 
 
 

These holidays, we all wish joy, love and more time spent in a warm atmosphere. This is why, the Board of Directors of Stopanska banka AD - Skopje made a decision to allocate the corporate gifts fund to donating warm meals in the public kitchens across the country. 
„With the greetings for New Year and Christmas holidays, we would like to provide warm holiday meals for the users of the public kitchens services, and their families, as well. Due to this, we decided to make an appreciated donation, contributing in the community where we act.“ said Mr. Diomidis Nikoletopoulos, Chief Executive Officer and Chairman of the Board of Directors of Stopanska banka AD - Skopje.

 

 

30.12.2013

 

Реализирана донација за народните кујни под мотото „Топли празници за сите“ 

 

Овие празници, сите посакуваме радост, љубов и повеќе време поминато со најблиските во топла атмосфера. Поттикнат од овие желби, Управниот одбор донесе одлука Стопанска банка АД – Скопје средствата кои се предвидени за корпоративни подароци да ги посвети на донација за народните кујни. 

„Со честитката за новата година и претстојните празници сакавме да им овозможиме и на нашите сограѓани, корисници на услугите на народните кујни, услови за празнична трпеза со своите семејства. Токму затоа одлучивме да направиме вредна донација со која ќе допринесеме за заедницата од која потекнуваме.“ Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

 

 

30.12.2013

 

Соопштение за неработни денови

 

Почитувани клиенти,


По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.01.2014 (среда), 06.01.2013 (понеделник) и 07.01.2013 (вторник).

 


 

 

30.12.2013

 

Соопштение за работно време на 31.12.2013 (вторник)

 

Почитувани клиенти,

 

Ве информираме дека по повод новогодишните празници, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје кои редовно работат до 18:00часот, на 31.12.2013 (вторник) ќе работат до 17:00часот.

23.12.2013

 

Интервју со Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје, Дневник 

 

Интегралното интервју можете да го најдете тука.

 

 

 

 

М-БАНКИНГ НАГРАДНА ИГРА - 6то ИЗВЛЕКУВАЊЕ

 

Огласот со добитници може да го видите тука

 


 

 

05.12.2013

Соопштение за неработен ден 09.12.2013 (понделник)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во понделник, на 09.12.2013г.

 


 


 

 

02.12.2013

Соопштение за јавност

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје денес повторно ја отвори експозитурата Битола 2 на ул. Васко Карангелевски во просториите на Новиот пазар.

На задоволство на клиентите кои апелираа до Банката експозитурата им е повторно на располагање на компаниите и граѓаните од Битола кои гравитираат во тој дел од Градот.

Повторното отворање на експозитурата како и поставувањето на 2 нови банкомати оваа година – во зградата на Борово и спроти Клиничкиот центар Др. Трифун Пановски се потврда за посветеноста на Стопанска банка кон своите долгогодишни клиенти и партнери од Битола. Со тоа во моментов на располагање се 5 банкомати.

 


 

 

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 27.11.2013г (среда).

 


 

 

15.11.2013

 

Вработените во Стопанска банка повторно ја покажаа својата хуманост

 

Како резултат на одличната соработка на Стопанска банка АД - Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, а по повод Кампањата за „Денот на гладта“, на 12.11,2013 година, во просториите на Централата на Банката, општинската организација на Црвен крст Центар организираше хуманитарна собирна акција, на која вработените на Стопанска банка АД - Скопје донираа парични средства со кои Црвениот крст ќе подготви пакети со прехрамбени производи за семејства кои имаат потреба од хуманитарна помош.

 


 

08.11.2013

 

Интервју со М-р Тони Стојановски, Генерален Директор за управување со ризици и член на Управен одбор

 

Линк до интервјуто можете да најдете на тука.

 

 

08.11.2013

 

Се гордееме со успехот на нашите вработени

 

Во Стопанска банка АД - Скопје создаваме работна средина која ги мотивира вработените и ги поттикнува да остваруваат секогаш повеќе и да поставуваат нови стандарди за себе и за своите колеги. Во тој дух, се гордееме со успехот на Тања Дрвошанова - Елисковска која од Агенцијата за Супервизија на осигурување доби годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година. 

 

 

М-БАНКИНГ НАГРАДНА ИГРА - 5ТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ

 

Огласот со добитници може да го видите тука

 


31.10.2013

 

Учество на Стопанска банка АД - Скопје на Банкекспо 2013

 

Во организација на Стопанска комора на Македонија на 30-31.10.2013 во х. Александар палас се одржуваше Банкекспо 2013. Стопанска банка АД - Скопје зеде активно учество на саемот на кој по повод Светскиот ден на штедењето беа прогласени и најдобрите шалтерски работници од секоја Банка за 2013 година. Стопанска банка АД - Скопје за најдобри шалтерски работници ги прогласи:

-   Јагода Димитријевиќ, координатор на службата за благајничко работење во Експозитура Младина, Регион Скопје

-   Весна Јакимовска, референт од Филијала Пробиштип, Источен регион

-    Елена Робевска, референт за СБ ексклузив клиенти од Филијала Битола, Централен регион

 

 

28.10.2013

 

Зголемени каматни стапки во „Неделата на штедење“




Штедењето како активност на редовно вложување на слободните средства на клиентите со динамика која е во согласност со можностите за вложување на клиентот, обезбедува подобар квалитет на живот и поголема сигурност за иднината на поединецот и на целокупната економија.
Ги разбираме потребите на клиентите, нивните желби и планови и ја нудиме нашата безрезервна поддршка нудејќи им безбедно и корисно да ги пласираат своите слободни средства во бројни видови на депозити креирани токму според нивните потреби.
По повод Меѓународниот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје во периодот од 28.10 до 02.11 организира Недела на штедење во која клиентите кои ќе отворат нов орочен депозит „Мој план“ имаат на располагање специјална понуда – имено каматните стапки на овие нови депозити ќе бидат зголемени за 0.5 пп за депозити во денари и 0.25 пп за депозити во евра во однос на редовните каматни стапки.

 


22.10.2013

 

Најава за периодичен прекин во телекомуникациските врски 

Почитувани, 

ве известуваме дека до Стопанска банка АД - Скопје стигна официјална најава за периодични прекини во телекомуникациските линии за среда 23.10 и недела 27.10.2013 во периодод 08:00 до 16:00 часот. Овие прекини можно е да ги опфатат дел од банкоматите, ПОС терминалите и Контакт центарот на Банката.

Очекуваме телеком операторот навремено да ги заврши предвидените зафати и да се воспостави овозможи целосна функционалност на нашите сервиси.

Се надеваме дека ќе наидеме на ваше разбирање.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

18.10.2013

 

Соопштение за неработен ден - 23ти октомври (среда)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник - Ден на македонската револуционерна борба, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во среда, на 23.10.2013г.

 

16.10.2013

 

Стопанска банка АД - Скопје, учесник на „Банкекспо 2013“

 

По повод 31.10 светскиот ден на штедење во организација на Здружението на банкарството при Стопанската комора на РМ по втор пат ќе се одржи „Банкекспо“ заеднички саем на сите Банки и Штедилници во Р. Македонија.

Стопанска банка АД - Скопје како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар ќе земе активно учество на саемот при што ќе ги презентира на присутните своите најнови производи и услуги и ќе ги најави новитетите кои следуваат до крајот на 2013година.

 

Повеќе информации за саемот можете да најдете тука.

 

Стопанска банка АД - Скопје 

На ваша страна

 

 

м-банкинг наградна игра - 4то извлекување

 

Огласот со добитници може да го видите тука

 


 

 

01.10.2013

 

Од сега потрошувачки кредит за 30 минути

 

За своите клиенти во последните месеци од годината, Стопанска банка АД - Скопје подготви потрошувачки кредит со атрактивни услови – ненаменски кредит до 10.000 евра без обезбедување, со рок на отплата до 10 години и годишна каматна стапкаод 6,5% гарантирана за првата година и тоа без административни трошоци. Дополнително, кредитот сега Банката го исплаќа за само 30 минути од поднесување на барањето во една од филијалите.

 


 

 

07.10.2013

 

Соопштение за неработен ден - 11.10.2013 (петок)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Ден на народното востание, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во петок, на 11.10.2013г.

 


28.09.2013

 

Извлечени добитниците од наградната игра „Заедно до една милијарда евра депозити“

 

Дознајте дали сте еден од среќните добитници тука.

 

m-banking наградна игра - резултати од 3то коло 

Огласот со добитниците можете да го видите тука.

23.09.2013

 

Известување за прекин поради надградба на систем

 

Почитувани,

 

ве информираме дека Стопанска банка АД - Скопје на 25.09.2013 ќе врши надградба на системите за картично работење поради што е можен краток прекин во работата на системот во периодот од 01:15 до 2:15 часот наутро.

Ви благодариме на разбирањето

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

17.09.2013

 

Најава за краток прекин, вторник 17.09.2013

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека во периодот од 18:30 до 19:00 часот во текот на денешниот ден (вторник 17.09.2013) Банката поради надградба и унапредување на системите ќе ги оневозможи веб страницата www.stb.com.mk и i-bank услугите: е-banking, phone banking и m-banking.

Ви благодариме на разбирањето.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

6.09.2013

Соопштение за прекин на телекомуникациски линии

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека поради непредвиден прекин во телекомуникациските линии поголем дел од мрежата на трговци не можат да реализираат трансакции со платежни картички преку POS терминалите во неколку градови и општини во Р. Македонија (Кичево, Кавадарци, Велес, Битола, Струга, Охрид).

10.09.2013

 

Стопанска банка АД – Скопје со донација за Клиниката за детски болести– апарат за ултразвучен преглед



Здравјето на децата е основен цивилизациски приоритет, со оглед на тоа што иднината и се што денес се гради останува токму за нив. Препознавајќи го овој предизвик, Детската клиника во Скопје со генерации е симбол токму на подобрување на здравјето на децата во Македонија. Во битката да се овозможи подобра и  навремена дијагностика и правилен медицински третман, Детската клиника се договори со Стопанска банка АД – Скопје за донација на апарат за ултразвучен преглед соодветен за примена кај најосетливата група на пациенти - новородени и доенчиња.

 
Во рамки на својата улога на одговорен корпоративен субјект, Стопанска банка АД – Скопје ја реализираше донацијата и апаратот 6C2P на Shenzhen Mindray Electronics е поставен и успешно се применува согласно методата за дијагноза која Проф. Д-р Филип Дума ја постави пред 15 години. 

 

 

05.09.2013

Соопштение за неработен ден - Ден на независноста

Почитувани клиенти,
По повод државниот празник Ден на независноста, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 09.09.2013 (понеделник).

 


22.08.2013

Стопанска банка АД – Скопје ја наградува довербата на своите штедачи

 

Стопанска банка АД - Скопје продолжува да расте и да остварува позитивни резултати во 2013 година благодарение на соработката и довербата од своите клиенти правни и физички лица. Покрај успешните резултати за првата половина од годината, Банката деновиве се приближува до вкупен износ од една милијарда евра депозити, што претставува дури 26% од вкупните депозити на граѓаните и компаниите во Македонија.

 

 

 

12.08.2013

 

Печати