КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

19.08.2014

 

Најава за редизајн на e-banking платформата

 

Почитувани корисници,

 

 

Банката изврши прилагодување на дизајнот на e-banking платформата без притоа да ги промени функционалностите на системот кој го познавате и користите. Промените се однесуваат единствено на подобрен и помодерен изглед како и подобрен изглед на дел од извештаите.Се надеваме дека новиот дизајн ќе ви биде подобар за користење и дека ќе наидете на разбирање доколку во преодниот период настанат кратки прекини во работењето.

Со почит,

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

 

28.07.2014

 

Соопштение за филијала Веро 2

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека филијалата Веро 2 - Тафталиџе нема да работи во периодот од 26.07 - 04.08.2014 поради извршување на градежни работи.

 

 

30.08.2014

 

Соопштение за неработен ден - 02.08.2014 (Илинден)

 

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник 2ри август - Илинден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.08.2014 (сабота).

 


 

 

24.07.2014

 

Соопштение за неработен ден, понеделник 28.04.2014 - Рамазан Бајрам

 

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник Рамазан Бајрам, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 28.07.2014 (понеделник).

 


15.07.2014

 

Охридско лето 2014 - „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ на Свеченото отворање 

 

Традиционално Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на НУ Охридско лето и со што нуди помош во промоцијата на културните вредности и збогатување на програмата што ја следат љубителите на музиката, театарот и перформансот од Македонија.

Во склоп на свеченото отворање Стопанска банка беше присутна со својата хуманитарна акција „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ и успеа од присутните гости да добие бројни насмевки и да ја зголеми основата за донација на медицинска опрема за детските клиники низ Македонија. Им благодариме на сите присутни и ги покануваме и понатаму во склоп на програмата на Охридско лето да донираат насмевки и да ја покажат својата хумана страна.

Фотографии од свеченото отворање се достапни на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

07.07.2014

 

Соопштение од Здружение на банкарство

 

Соопштението во целост може да го погледнете тука

 


 

 

03.07.2014

 

Презентација на проектот 70години во Штип

 

По повод прославата на 70годишнината денес во Штип Стопанска банка АД - Скопје организира целодневни активности со кои ќе ја претстави хуманитарната акција „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ до своите клиенти и сограѓани но и ќе оствари посета и дружење на членовите на Управниот одбор со клиентите од Штип и од регионот.

 

Презентацијата на проектот за 70годишнината започна пред филијалата во Штип во 11 часот со обраќање од Генералниот извршен директор Г. Диомидис Николетопулос и од Регионалниот директор Весна Ангеличкова. Веднаш потоа присутните клиенти, соработници и сограѓани имаа можност да донираат насмевка и со тоа да дадат поддршка на проектот „ПОДАРИ НАСМЕВКА“.

Дел од менаџментот реализираше посета на клиенти во регионот по што во 21 часот следува забава на плоштадот во близина на филијалата со бендот EyeQ и DJ Илина.

 

 

 

 

 

 

26.06.2014

 

Оглас за вработување - советник за услуги на клиенти/продажба, Скопје, 5 работни места

 

 

20.06.2014


Голема хуманитарна акција на Стопанска банка АД – Скопје„ПОДАРИ НАСМЕВКА“ за децата на кои тоа им е најпотребно!

 

По повод 70-годишнината од своето постоење, Стопанска банка денеска започна голема хуманитарна акција под мотото „Подари насмевкаˮ, во која секој е повикан да учествува, едноставно да ја донира својата насмевка, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Банката ќе донира. Крајната цел на овој проект е да се обезбеди донација на медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава, со што ќе се обезбеди подобра медицинска нега на децата на кои тоа им е најпотребно. 

Стопанска банка потекнува од локалните заедници низ Македонија, се развива благодарение на довербата која и ја укажуваат граѓаните и компаниите и веќе 70 години е нераздвоен дел од стопанството и животните приказни на луѓето од Македонија, и токму поради тоа ја осмисли оваа хуманитарна акција во која може да се вклучи секој граѓанин и секоја заедница а во интерес на децата кои заслужуваат насмевка секој ден од животот.За таа цел, во филијалите на Стопанска банка ќе бидат поставени фото-тотеми, каде секое заинтересирано лице ќе може да ја подари својата насмевка. Колку повеќе насмевки ќе се соберат, толку повеќе средства Банката ќе донира за детските здравствени установи.

Бројот на насмевки кои може да ги подари едно лице е неограничен, а насмевка може да се подари и на Фејсбук страната на Стопанска банка www.facebook.com/NaVasaStrana, како и преку фото патролите низ градовите, но и за време на бројните настани кои ќе бидат организирани по повод 70- годишнината. 

 

 

19.06.2014

 

Соопштение за ново работно време за филијала Веропулос (Веро 2)

 

Почитувани клиенти,


Ве информираме дека филијалата Веропулос – Веро 2 ќе работи од понеделник до петок од 09:00 – 14:00ч поради извршување на градежни работи.

 

 

15.06.2014

 

Интервју со Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО

 

Интервјуто во целост можете да го прочитате тука.

 


12.06.2014


Летни кредитни освежувања од Стопанска банка

 

Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која во своето работење и суштински се води според мотото „на ваша страна“, Стопанска банка АД - Скопје ги следи потребите на своите клиенти, и за ова лето подготви освежувања на својата кредитна понуда со дополнителни поволности.

Имено, за сите поднесени или одобрени барања за Станбен кредит до 31.08.2014 година покрај гарантираните каматни стапки за првите 5 години Банката нуди и значително олеснување односно  0 денари за административни и трошоци за процена. Севкупно, понудата го прави овој кредитен производ особено поволен и атрактивен за сите оние кои посакуваат сопствен дом.

Додека за сите оние кои ова лето сакаат да инвестираат во реновирање и опремување на својот дом, Стопанска банка ги подобри и условите за кредитирање на потрошувачките кредити до 10.000евра, кои се без обезбедување, достапни за само 30минути од поднесување на барање во филијалата, и со 0 денари за административни трошоци до 31.07.2014.

Дополнителна поволност добиваат и клиентите кои ќе аплицираат за MASTERCARD кредитни картички до 31.08.2014 година, кои ќе добијат 0% каматна стапка за сите купувања направени до крајот на септември.

 

 

 

 

14.06.2014

 

Неработен ден - филијала Веропулос, Веро 2 Тафталиџе

 

Почитувани клиенти,

 

Ве информираме дека филијалата Веропулос во Веро 2, Тафталиџе нема да работи на 14.06.2014г. (сабота) поради изведување на градежни работи.

 


 

 

14.06.2014

 

Доделување на наградите за Trash Fashion 2014

 

Почитувани клиенти,

 

Денес во просториите на i-bank store на Банката се одржа свечено доделување на наградите на прво и второ наградените училишта од еко настанот Trash Fashion што и оваа година беше поддржан од Стопанска банка.

 

 

 

13.06.2014

 

 

Добитникот од VISA наградната игра отпатува за Бразил

 

 

Добитникот од наградната игра „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“, вчера во попладневните часови отпатува за Бразил, со самиот почеток на Светското првенство во фудбал.

 

На добитникот Александар Шамакоски и неговата придружба му посака пријатен престој тимот од Стопанска банка. Добитникот ќе го следи во живо фудбалскиот натпревар Босна и Херцеговина - Аргентина во Рио де Женеиро.

 

05.06.2014

 

Стопанска банка дел од Меѓународниот добротврен базар на Macedonia Welcome Center

 

Во знак на поддршка на организацијата Меѓународен добротворен базар 2014 Стопанска банка е покровител на уметничката работилница за деца насловена „Дрво на среќата“ под раководство на Жанета Гелевска - Велјановска, познат македонски ликовен уметник. Настанот ќе се одржи во ГТЦ на 07.06.2014 со почеток од 11 часот.

Изработеното уметничко дело, труд на деца од меѓународните училишта во Македонија ќе биде стане дел од богатата уметничка колекција на Стопанска банка АД - Скопје.

 

 

05.06.2014

 

Trash Fashion 2014 во живо од i-bank store



Стопанска банка АД – Скопје повторно ја поддржува иницијативата Trash Fashion, во организација на НВО ОхО, која ги сплотува средните училишта од Македонија во интересен натпревар на модни решенија изработени од отпад. 
Иницијативата има за цел подобро разбирање на предностите на рециклирањето и разумното управување со отпадот што е предуслов за создавање на одржлива животна средина посебно за младите чијашто иднина е доведена во прашање со неправилното управување со ресурсите.

 
Trash Fashion 2014 се одржува во МКЦ, Скопје на 05.06 со почеток во 17 часот. Поради ограничениот простор а големиот интерес за следење на настанот Стопанска банка ги поканува сите навивачи, членови на тимови и гости на настанот да ја посетат i-bank store филијалата на Кеј 13 ноемврикаде во живо преку live stream ќе ги следиме ревијата, гласањето и прогласувањето на победниците на Trash Fashion 2014.

 

 


 

 

02.06.2014

 

Стопанска банка АД – Скопје поставува регионални стандарди за заштита на клиентите при e-commerce трансакции

Банката стана прв корисник на напредниот информациски производ од VISA кој нуди моќна превенција од злоупотреба при online плаќања и минимизирање на пречки во e-commerce трансакциите.

 

Стопанска банка АД – Скопје е горда што стана прв корисник во целиот CEMEA регион (Central Europe Middle East and Africa) на напредниот информациски производ од VISA кој им помага на корисниците да ги намалат ризиците од злоупотреба при e-commerce трансакции користејќи анализа на ризик во реално време. Сервисот е наречен VCAS (Visa Consumer Authentication Service) и е дизајниран за беспрекорна поддршка на 3D Secure (three domain secure) програмот како што е Verified by VISA или MasterCard Secure Code. Овој сервис е достапен единствено и бесплатно за сите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје.

 
„Инспиративно е да се види Банка толку посветена на своите клиенти, што е подготвена да направи екстра напори и да имплементира нова технологија која ќе обезбеди дополнително ниво на заштита на интернет трансакциите за клиентите“, изјави Катажена Сошин, Регионален менаџер CIS&SEE, од VISA при нејзината посета на Стопанска банка АД - Скопје. „VCAS ќе и помогне на Стопанска банка да го намали ризикот од e-commerce злоупотреби користејќи анализа на ризикот во реално време. Ова решение е уште еден пример за тоа како ние ги користиме комплексните сознанија, кои VISA при процесирање на трансакциите ги собира, со цел да создадеме дополнителна вредност за трговците и нашите партнери финансиски институции. Бидејќи решението само ги известува клиентите при најризичните трансакции, повеќето клиенти ќе имаат брза и лесна автентикација на плаќања користејќи го Verified by Visa.“
 

„Со овој новитет, нашите клиенти имаат повеќе од само картичка во своите паричници, имаат клуч до e-commerce трансакции ширум светот, достапен 24/7. Корисниците на картички од Стопанска банка се први во земјава и пошироко да уживаат во највисокото ниво на заштита при online плаќања и за истото немаат дополнителни трошоци ниту мораат да направат екстра напор за да го добијат. Горди сме што продолжуваме да поставуваме стандарди за најдобро банкарско работење и нашиот тим останува целосно посветен на нашите клиенти благодарение на современата технологија која ни е секојдневно подостапна“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка АД - Скопје

28.05.2014

 

Ученици од ОУ Григор Прличев во посета на i-bank store

 

На наше големо задоволство ученици од ОУ Григор Прличев ја посетија денеска нашата i-bank store филијала и научија многу работи за штедењето, за нашиот “Пчелка„ детски депозит.

Малите гости играа, вежбаа и боеја во пријатната атмосфера која заедно ја создадовме.

Голем поздрав до нашите нови пријатели и очекуваме уште многу вакви дружења во иднина во i-bank store, Банката од иднината.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна



 

 

23.05.2014

  

Оглас за вработување на Советник за услуги со клиенти за регион Скопје

 

Огласот за вработување може да го погледнете тука.

 


 

 

21.05.2014

 

Соопштение за неработен ден - 24.05.2014 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

 

По повод државниот празник 24ти Мај – „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2014 (сабота).

 


 

 

22.05.2013

 

Стопанска банка присутна на Бизнис денот на стопанствениците во Индустриска Зона Визбегово


На иницијатива на Здружението на стопанственици во индустриска зона Визбегово, се одржа Бизнис Ден, со цел претставување на компаниите во зоната, како и воспоставување на деловно партнерски односи. Настанот се одржа во просториите на Темпо 99 во организација на здружението, каде присуствуваа вкупно 40-тина компании со свои штандови и претставници, од различни индустрии и сектори - банкарски, кондиторика, автомобилски, итн.

 


 21.05.2014

 

Синдикатот на Стопанска банка учесник на Спортските банкарски игри 2014 во Охрид

 

На традиционалните спортски банкарските игри 2014 во организација на Синдикатот на финансиски организации во РМ, одржани во Охрид од 15.05.2014 до 18.05.2014 година, вработените на Стопанска банка АД – Скопје освоија вкупно прво место во Одбојка Мажи, Стрелаштво Жени и во Шах натпреварите.

Дополнително Банката покажа успех и во другите натпревари освојувајќи уште 2 втори и 7 трети места. 

Со вкупно 28 бодови, во генерален пласман во сите спортови, вработените на Стопанска банка АД – Скопје го освоија 3-то место во конкуренција од  12 финансиски институции - учесници.

 

Банката им честита на вработените кои зедоа учество на овогодинешните спортски игри и продолжува да ги поддржува во градењето на тимски дух преку бројните спортски активности во текот на целата година.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

19.05.2014

 

Извлечен среќниот добитник од наградната игра со VISA кредитните картички

 

Согласно правилата на наградната игра „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“ , во присуство на нотар, со помош на компјутерско решение по случаен избор извлечен беше среќниот добитник на патување за 2 лица во Бразил на FIFA World Cup 2014.

Среќниот добитник е: А.Ш. со ID број 2005860, адреса: ул. Востаничка бр. 114, Скопје. Добитникот е објавен во дневниот весник Дневник на 19.05.2014

 

Банката го контактираше добитникот и подготовиките за реализација на патувањето се веќе во тек. На добитникот и сопатникот им посакуваме прекрасно доживување за кое ќе не известат во детали по враќањето на 18.06.2014.

 

Стопанска банка АД - Скопје 

На ваша страна

 

 

28.04.2014

 

Соопштение за неработен ден - 1ви мај (четврток)


Почитувани клиенти,
 

По повод државниот празник 1ви Мај – Ден на трудот, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2014 (четврток).

 


 

 

19.04.2014

 

Оглас за вработување 

Огласот може да го погледнете тука.

 


 

 

15.04.2014

 

Соопштение за неработни денови - Велигден

 

Почитувани клиенти,

По повод претстојните велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 18.04.2014 (петок) и 21.04.2014 (понеделник).

 

 

 

07.04.2014

 

Тимот од Стопанска банка победник на натпреварот во организација на IEDC Bled School of Management

 

Минатата недела во Скопје се одржуваше вториот по ред IEDC натпревар во бизнис студија на случај - Македонија 2014. На натпреварот учество зедоа 6 тимови од македонски компании кои 2 дена активно работеа на истиот бизнис случај по што одржани беа и презентации пред комисија составена од 3 членови (претставници на IEDC Bled school of management). Согласно природата на натпреварот и предусловите поставени од организаторот, Стопанска банка АД – Скопје состави силен и репрезентативен тим:

• Зорица Бундалевска, Директор за управување со трансакциски операции за банкарство на мало

• Стефан Пепоски, Директор на дирекција за управување со картични производи

• Милица Неделковска, Помлад советник во Дирекција за управување со депозитни производи

• Кристина Николовска, Кредитен референт во Сектор за изготвување кредитни предлози

 Владислав Мишев, СББ референт во филијала Кисела вода

• Бранко Марсениќ, Аналитичар за ризици во дирекција за управување со кредитен ризик

 
Благодарение на изградениот тимски дух, посветеноста и професионалниот пристап кон проектот, нашиот тим победи на натпреварот и гордо ќе ја претставува Банката, но и Македонија на регионалното натпреварување кое ќе се одржи во Блед, Р. Словенија подоцна во текот на годината. Им го честитаме успехот и им посакуваме уште многу успех на натпреварувањето што им следува.

 

 

 

04.04.2014

 

Коктел средби во Гостивар и Делчево

 

Стопанска банка АД - Скопје на чело со Управниот одбор и сениор менаџерите на Банката беа присутни на коктел средби со клиентите од Гостивар и Делчево на 2ри и 3ти април со цел да се прослави 70 годишнината на Банката, како и да се означи новиот почеток со локалниот менаџмент.

Печати