КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

26.08.2015

 

Соопштение за неработен ден - 28.08.2015 (петок)

 

Почитувани клиенти,

 
Ве известуваме дека по повод престојниот празник – Голема Богородица, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 28.08.2015 (петок).

 


 


 

 

19.08.2015

 

Добитници од наградната игра за потрошувачки кредит

 

Огласот со добитниците може да го погледнете тука.

 

 

19.08.2015

 

Добитници од 2рото извлекување од e-commerce наградната игра 

 

Почитувани корисници на платежните картички од Стопанска банка. На овој линк можете да проверите дали сте еден од среќните добитници од второто извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено.

Продолжете да ги користите картичките за безбедни online плаќања, наградната игра трае до крајот на годината.

 

Правилата за учество можете да ги најдете на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

10.08.2015

 

Соопштение за привремена недостапност на i-bank сервисите

 

Почитувани клиенти,

 

поради системската надградба која беше во тек за време на викендот, во текот на денешниот ден очекуваме привремена недостапност на i-bank сервисите за што однапред ви се извинуваме.

По комплетирање на предвидената интервенција, ќе објавиме соопштение за комплетна функционалност на системите.

 

Со почит,

Стопанска банка АД - Скопје

 


 

07.08.2015

 

Соопштение за донација

 

Стопанска банка АД - Скопје изразува сочуство за изгубените животи во поплавите во тетовскиот регион и се надева на поскоро враќање на животот во нормален тек за сите засегнати. Воедно, Банката ги поттикнува и поддржува напорите на јавноста во помагање на семејствата најмногу погодени од поплавите.

 

 

31.07.2015

 

Соопштение за неработен ден - 03.08.2015 (понеделник)

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник 2ри август – Денот на Републиката, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 03.08.2015 (понеделник).

 


 

 

29.07.2015
 

Коментари кон Финансиските Извештаи на Стопанска Банка АД Скопје со состојба на 30.06.2015


Менаџментот на Стопанска банка АД Скопје  со задоволство ги објавува најдобрите полугодишни резултати кои Банката ги има остварено во текот на нејзиното долгогодишно работење. Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015 година изнесува 1.105.953 илјади денари, и во споредба со истиот период од мината година е повисока за 34,9%. Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал (RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво.

 


 

 

21.07.2015

 

Извлечени првите среќни добитници од наградната игра за e-commerce

 

Проверете дали сте вие еден од првите среќни добитници во големата наградна игра:

1. Добитник на 60.000денари М. Л. – ИД број 2577002, с. Мокриево – Ново Село, Струмица. 

2. Добитник на 10.000денари Ф. Н. – ИД број 1017144, ул. Ленинова бр. 15/18, Скопје 

3. Добитник на 10.000денари Д. Р. – ИД број 2144346, ул. Даме Груев бр. 5-5/15, Скопје

4. Добитник на 10.000денари Д. Ѓ. И. – ИД број 19290, ул. Видео Смилевски Бато бр. 12/2/4, Скопје 

5. Добитник на 10.000денари Б.Б. – ИД број 1222414, ул. Ѓорче Петров бр. 4, Куманово 

 

Поради заштита на добитниците, истите ќе ги објавуваме со нивните инцијали, адреса и ИД број (единствен број што Банката го има доделено на клиентот и може да се провери во кој било договор со Банката). Сите добитници ќе бидат контактирани телефонски а наградите ќе се доделат согласно правилата на наградната игра.

За повеќе информации поврзани со наградната игра #КупувајОпуштено прочитајте на овој линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

14.07.2015

 

Соопштение за неработен ден - 17.07.2015 (петок)

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник Рамазан Бајрам, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 17.07.2015 (петок).

 

 

13.07.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на јубилејното 55то Охридско лето


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на фестивалот Охридско лето, кое по јубилеен 55-ти пат се одржува во нашата земјаНајголемата летна културна манифестација ќе трае во периодот од 12.07.2015 до 20.08.2015 во кој период се предвидени 40 фестивалски денови, со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера.  Се очекуваат повеќе од 840 уметници од Шпанија, Италија, Србија, Хрватска, САД, Аргентина, Србија, итн. Годинешното издание свечено го отвори сценската кантана „Кармина Бурана“ на 12.07.2013 (недела) во Античкиот театар во Охрид.

 

 

19.06.2015

 

Јавен повик за Годишно Собрание

 

17.06.2015

 

Отварање на филијала Прилеп

 

Почитувани,

Стопанска банка АД - Скопје на ден 16/06/2015, вторник, ја отвори најголемата, современа и модерна филијала во Прилеп, во центарот на градот. 

 

09.06.2015

 

Известување за прекин поради надградба на систем

 

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот во банката, во периодот од 23:00 часот се до 04:00 часот, се очекуваат краткотрајни прекини на одредени сервиси на банката.

 

 

02.06.2015

 

 

Соопштение за имателите на приоритетни акции

 

 

Известувањето за имателите на приоритетните акции може да го отворите тука.

 

 

27.05.2015

 

Соопштение за неработен ден - 29.05.2015 (петок)

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека по повод престојниот православен празник „Духовден“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 29.05.2015 (петок).

 


 

 

21.05.2015

 

Соопштение за неработен ден - 25.05.2015 (понеделник)

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“ – Денот на словенските просветители, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 25.05.2015 (понеделник).

 


 

20.05.2015

 

 

Стопанска банка добитник на Златната награда од Дојче банк

 

И оваа година Стопанска банка АД - Скопје, ја потврди својата професионалност и ефикасност во сферата на меѓународните плаќања за што доби признание од Дојче Банка преку Златната награда за Strraight Trough Processing (STP) Excellence Award за 2014 година. Оваа награда се доделува на банки кои имаат најголема ефикасност во меѓународните плаќања со што се овозможува и поголемо задоволство на клиентите.

 

 

20.05.2015

 

Синдикатот на Стопанска банка учесник на Спортските банкарски игри 2015 во Охрид

 

На традиционалните спортски банкарските игри 2015 во организација на Синдикатот на финансиски организации во РМ, одржани во Охрид од 14.05.2015 до 17.05.2015 година, вработените на Стопанска банка АД – Скопје освоија вкупно 3 први места во Одбојка Мажи, Стрелаштво Жени и во Пикадо натпреварите.

 

 

10.05.2015

 

Откажан Скопскиот маратон 2015

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје како еден од спонзорите на Скопскиот Маратон 2015, изразува огромно жалење поради ново настанатата ситуација во земјата и ве известуваме дека Скопскиот маратон како манифестација која ја подига свеста за спорт и рекреација кај граѓаните, се откажува.

 

 

08.05.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје пристутна на Скопски маратон

Во духот на спортот и маратонската еуфорија, во желба да се споделат моментите од овие вредни достигнувања, да се поттикне натпреварувачкиот дух и навивачката страст, Стопанска банка АД - Скопје и натаму придонесува кон создавање дух на поддршка и партнерство со сите спортисти и рекреативци, учесници на маратонот. За да им овозможи чувство на вистинска трка, во недела, на 10 мај, на денот на Скопски маратон, Стопанска банка во 10 часот ќе го активира најдолгиот дигитален банер од 42 километри, поставен на некои од најпознатите веб портали (Црно бело, Фемина, Кајгана, Мотика, Точка и Тајм).

 


 

 

07.04.2015

 


Јавен повик за годишно собрание

 

 

Јавниот повик за годишното собрание може да го погледнете тука.

 

 

04.05.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје ги намали каматните стапки на депозитите

 

Стопанска банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите. Новите каматни стапки стапуваат на сила од 01.05.2015 година.

 

30.04.2015

 

 

Сооштение за неработен ден - 01.05.2015, (петок)   1ви Мај

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник 1ви мај – Ден на трудот, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2015 (петок).

 

 

24.04.2015

 

 Стопанска банка АД – Скопје во соработка со интернет порталот tc.mk организира бесплатни обуки за електронска трговија

 

Со цел промоција на онлајн купувањето (e-commerce)и информирање за бројните негови придобивки Стопанска банка АД – Скопје во соработка со интернет порталот tc.mk во текот на следниот период ќе организираат неколку бесплатни сесии на обука за правните лица заинтересирани да се здобијат со знаење и вештини за продажба на производи и услуги на интернет.

 

 

20.04.2015

 

 

 

Добитници на ВИЗА ГОЛД наградната игра 

 

Добитниците од наградната игра може да ги погледнете тука.

 

 

09.04.2015

 

 I-bank филијалата на Стопанска банка е дел од Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge

 

Стопанска банка Скопје оваа година е поддржувач на интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge, чиј официјален домаќин и координатор во Македонија е NewMan’sBusinessAccelerator. Токму I-bank филијата на Стопанска банка ќе биде една од локациите каде ќе се одвиваат дел од активности. Имено денес со почеток во 15 часот ќе се одржи настан назначен како DATA BOOT CAMP на кој главни говорници ќе бидат Владимир Трајковиќ, Партнер во NewMan’s Business Accelerator и Директорката на iBank Store на Стопанска Банка Милена Шамакоска. Исто така пред присутните свои предавања ќе одржат и Филип Маневски од Министерство за информатичко општество и администрација и Агенција за електронски комуникации и Милош Јовановиќ, истражувач и асистент на ФИНКИ.

 

08.04.2015

 

 

Соопштение за неработни денови - Велигден

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојните Велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 10.04.2015 (петок) и 13.04.2015 (понеделник).

 

 

06.04.2015

 

 

Оглас за вработување

 

 

Огласот за вработување може да го најдете тука.

 

02.04.2015

 

 

Стопанска банка именуваше нови директори на филијалите во Струмица и Гевгелија

 

 

Почитувани клиенти,

 

По повод именувањето на новите директори на филијалите во Струмица г-дин Зоран Џотов и г-ца Кристина Николовска во Гевгелија...

Печати