КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

26.01.2016

 

Оглас за вработување

 

Огласот за вработување може да го погледнете тука.

 

20.01.2016

7-мо извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

Добитниците од 7-то извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

15.01.2016

 

Соопштение за неработен ден - Водици (19.01.2016)

 

Почитувани клиенти,
 

Ве известуваме дека по повод празникот Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2016 (вторник).

 


 

 

31.12.2015

Официјална промоција на новата верзија на мобилната апликација m-banking

 

Веќе традиционално, со крајот на годината, Стопанска банка АД – Скопје ги чести своите клиенти со новитети и иновации. 2015та година ја затвораме со нова верзија на мобилната апликација m-banking со значителни подобрувања на дизајнот, прегледноста, но и нови функционалности.


Во просториите на Банката, поточно во i-bank store на 30.12.2015 се одржа и невообичаена официјална презентација на новата апликација со тематика Star Wars. Имено, Star Wars серијалот со децении веќе е инспирација за бројни технолошки иновации па неговата актуелност во периoдoв ни беше дополнителна инспирација за презентацијата. Комплетно новиот дизајн и бројните унапредувања и новитети беа дел од презентираните точки за m-banking мобилната апликација која претставува супериорна апликација на македонскиот пазар и предизвик за локалната банкарска, па и IT индустрија во иднина.

 

 

 

30.12.2015

 

Соопштение за неработни денови

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.01.2016 (петок), 06.01.2016 (среда) и 07.01.2016 (четврток).

 


 


 

 

30.12.2015

 

Оглас за вработување - 2 позициии Проценител

 

Огласот можете да го најдете на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

29.12.2015

Донација од Стопанска банка за топли празници за сите

Стопанска банка АД - Скопје традиционално и овие новогодишни празници во соработка со Црвениот крст на Македонија ја реализираше заедничката хуманитарна акција „Топли празници за сите”.
Денес во просториите на ДХО “Даре Џамбаз” дел од вработените на Банката доделија празнични пакети со храна на корисници на услуги на Црвениот Крст на Република Македонија.
Донацијата се состои од најнеопходни прехрамбени производи за едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани на повеќе пунктови низ Републиката, со цел да им се помогне на социјално загрозените семејства кои и празниците ги поминуваат во тешки услови.

 

 

28.12.2015

 

Известување за предвремена отплата на субординиран заем

 

Стопанска банка АД - Скопје предвремено ги отплати субординираните заеми во вкупен износ од 45 милиони евра, кои се користеа по основ на два договори склучени со Националната Банка на Грција, од 2006 и 2008 година, со рок на отплата од 10 години. Користењето на овие средства во изминатите години значително придонесе за остварување на зацртаните цели со Деловната и развојна политика на Банката, што доведе до јакнење на нејзината капитална сила, зголемување на профитабилниот потенцијал како и јакнење на конкурентата позиција на пазарот.

 

 

28.12.2015

 

Stopanska Banka AD Skopje has pre-paid the subordinated loan to NBG


Stopanska Banka AD Skopje has pre-paid the subordinated loans in total amount of Euro 45 million that was approved by the National Bank of Greece in 2006 and 2008 with term of 10 years. The utilization of these funds significantly attributed for accomplishment of the objectives set by the Business and Development plan of the Bank, which resulted in strengthening of the capital base, increasing the profitability and competition position of the Bank in the market.

 

18.12.2015

 

6-то извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

Добитниците од 6-тото извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

07.12.2015

 

Соопштение за неработен ден, Св. Климент Охридски

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД –Скопје нема да работат на 08.12.2015 (вторник).

01.12.2015

 

Соопштение за неработен ден, Ден на дрвото

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.12.2015 (среда).

 

19.11.2015

 

 

5-то извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

 

Добитниците од ПЕТТОТО извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

11.11.2015

 

Свечено отворање на реновираната филијала во Дебар

 

Стопанска банка АД - Скопје продолжува да инвестира во подобрување на условите за работа во најголемата мрежа на филијали во Македонија. На задоволство на локалното население и компаниите со кои соработува Стопанска банка АД - Скопје една од постарите филијали на Банката беше реновирана и претворена во модерен банкарски простор каде клиентите ќе може да продолжат да ги користат производите и услугите на Банката. Вработените и директорот на филијалата придружени од Претседателот и членовите на Управниот одбор ги поканија локалните клиенти на средба и дружење каде уште еднаш ја искористија приликата да изразат благодарност за довербата и надеж за продлабочена соработка.

За учениците од Дебар посебен настан беше дружењето со Калиопи која за секое дете издвои момент за разговор, им подарди CD со автограм и секако направи многу насмеани фотографии со децата. 

 

 

 

 

12.11.2015

 

Донација на вработените од Стопанска банка за Црвен Крст

 

 

Почитувани,

Општинската организација на Црвен Крст од Скопје, традиционално и оваа година, под мотото "Помислете и на нас" организира активности по повод "Денот на гладта" од 16ти октомври до 16ти ноември 2015 година.

 

11.11.2015

 

КОЈ Е ЗА ВРЕДНИ НАГРАДИ?
Стопанска банка АД – Скопје со потрошувачки кредит за 30 минути, со промотивни услови и вредни награди

 

За време на празничните месеци како и за претстојните зимски патувања, Стопанска банка АД – Скопје покрај промотивните услови за потрошувачкиот кредит:
•    6% гарантирана годишна каматна стапка за првата година
•    0 денари за административни трошоци
овојпат организира и наградна игра со бројни вредни награди:
o    3 х i-phone 6s
o    2 х Lenovo лаптоп компјутери
o    10 ваучери за Сетек и
o    10 ваучери за ТопШоп

 

 

30.10.2015

 

„Стопанска банка е во својата најдобра фаза досега“ - интервју со г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор

 

Интервјуто од неделникот Капитал можете во целост да го прочитате тука.

 

 

 

 

 

 

18.10.2015

 

 

4-то извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено

 

 

Добитниците од ЧЕТВРТОТО извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

19.10.2015

 

Соопштение за неработен ден - 23.10.2015 (петок)

 

Почитувани клиенти,

 
Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на македонската револуционерна борба, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 23.10.2015 (петок).

 

 

 

 

15.10.2015

 

Доделена меѓународната книжевна награда ТАБЕРНАКУЛ за 2015година.

 

Со свечена академија, ДИД Табернакул и оваа година подготви вистинско уживање за љубителите и почитувачите на пишаниот збор. За 2015 година добитници на меѓународната книжевна награда ТАБЕРНАКУЛ прогласени беа Херта Милер (добитник на Нобелова награда за литература) и Том Стопард, еден од најголемите современи драматичари.

Во текот на денот за добитниците заедно со останатите членови на Табернакул академијата покрај прес конференцијата и доделувањето на наградите организирана беше и презентација при што за ликот и делото на Херта Милер говореше Виктор Ерофеев, руски писател и претходен добитник на оваа награда, а за творештвото на Том Стопард свое обраќање имаше Горан Стефановски.

Стопанска банка АД - Скопје во својата заложба да ги застапува општествените вредности кои го подобруваат секојдневното живеење даде морална и финансиска поддршка на настанот, а преку Facebook профилот за своите пријатели ќе додели и примероци од книгите на овогодинешните добитници.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

 

 

18.09.2015

 

КЕШ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА


Корисниците на кредитните картички на Стопанска банка секогаш добиваат повеќе. Ви претставуваме уште една дополнителна услуга на на нашите Visa/MasterCard кредитните картички:

Промотивно до 31.12.2015, само во ФИЛИЈАЛИТЕ на СБ, подигнување на готовина на РАТИ ВЕЗ КАМАТА со VISA и MasterCard картичките издадени од Банката!

 

 

18.09.2015

 

3-то извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено


Добитниците од ТРЕТОТО извлекување на големата наградна игра #КупувајОпуштено може да ги погледнете тука.

 

 

14.09.2015

 

СКОПЈАНИ ПОКАЖАА ДЕКА ГО ПОДДРЖУВААТ ЖИВОТОТ НА ТРКАЛА!

Огромна група на велосипедисти, велосиопедски здруженија, граѓани со тротинети, млади со ролерки, родители со колички за бебиња и пешаци вчера од 18 часот ја поддржаа ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка, чија стартна позиција беше i-bank storе концепт филијалата на Стопанска банка. Трката заврши во градскиот парк со голема забава со 5+ Бендот, единствената Калиопи и диџеј Гоце САФ.


Со оваа ревијална трка на алтернативни превозни средства што не ја загадуваат животната средина, а помагаат во развивање на здрави навики, Стопанска банка сакаше да ја подигне свеста за предностите на ваквиот начин на превоз како нешто од големо значење за Скопје, посебно за најмладите.


Со секој извозен метар, учесниците во оваа трка донираа за изградба на урбан детски велосипедски и сообраќаен полигон, кој ќе се наоѓа во Парк Македонија и ќе биде безбедно место каде децата ќе може да учат да возат велосипеди, тротинети, ролерки, но и сообраќајни правила преку поставената вертикална и сообраќајна сигнализација.

 

 

 

10.09.2015

 

СТОПАНСКА БАНКА ИНВЕСТИРА ВО СООБРАЌАЕН ПОЛИГОН ЗА ДЕЦА

 

 

Како пример за општествено одговорна компанија, во своето делување Стопанска банка покрај највисоките професионални стандарди посебно внимание посветува на оркужувањето во кое делува и во неговото оплеменување. Како најголема инспирација за нашите досегашни општествено одговорни активности биле децата за кои инвестиравме во образование, благосостојба, здравство и оттука сакаме да продолжиме со донација на урбан едукативен велосипедски полигон за жителите на Град Скопје.

 

По тој повод Банката го иницира и промовира проектот „Вози право, вози здраво“ кој има за цел да ја подигне свеста за предностите на алтернативните начини на превоз како нешто особено значајно за градот Скопје, но и да создаде здрави навики посебно кај најмладите.

 

Со цел да се обезбеди што поголема поддршка и инволвираност на ѓраѓаните Стопанска банка постави веб банери на најпопуларните сајтови, на кои може и виртуелно да се вози велосипед, да се мерат поминатите метри, и колку повеќе метри се извозат толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира за изградба на полигонот за деца. „Донираните“ метри ќе можат да се собираат и на големата ревијална трка во недела на 13 септември, која ќе почне во 18 часот пред i-bank store а ќе заврши на влезот во градскиот парк со голем настан, каде за музичкиот дел се задолжени КАЛИОПИ, 5+ Бенд и DJ Гоце (САФ) а секако ќе има и многу вредни награди и дополнителна забава.

 

 

 

 

07.09.2015

 

Соопштение за неработен ден - 08.09.2015 (вторник)

 

Почитувани клиенти,

 
Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на независноста, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 08.09.2015 (вторник).

 


 

01.09.2015

 

Соопштение за намалени месечни трошоци за отплата во септември 2015

 

Почитувани,

Наградувајќи ја довербата на клиентите, Стопанска банка во септември 2015 им овозможува на сите корисници на Visa и MasterCard кредитни картички цел месец опуштени купувања и намалени месечни трошоци за отплата. Знаејќи дека септември е секогаш месец со зголемени потреби за различни купувања, овој месец, сите корисници на кредитни картички од Стопанска банка добиваат месечен преглед со можност за 0% минимална месечна отплата на доспеаните обврски од кредитните картички.

Корисниците на кредитни картички можат да ја искористат оваа можност за намалена отплата на месечните обврски во септември 2015 за повеќе купувања со кредитната картичка а воедно можат да ги искористат и бројните попусти и промоции користејќи ја можноста за КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места насекаде во РМ. Дополнително, со сите online трансакции со кредитните картички клиентите стекнуваат право на учествуво во големата наградна игра #КупувајОпуштено со месечни награди од 100.000денари.

 

 

 

26.08.2015

 

Соопштение за неработен ден - 28.08.2015 (петок)

 

Почитувани клиенти,

 
Ве известуваме дека по повод престојниот празник – Голема Богородица, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 28.08.2015 (петок).

 


 


 

 

19.08.2015

 

Добитници од наградната игра за потрошувачки кредит

 

Огласот со добитниците може да го погледнете тука.

 

 

19.08.2015

 

Добитници од 2рото извлекување од e-commerce наградната игра 

 

Почитувани корисници на платежните картички од Стопанска банка. На овој линк можете да проверите дали сте еден од среќните добитници од второто извлекување од наградната игра #КупувајОпуштено.

Продолжете да ги користите картичките за безбедни online плаќања, наградната игра трае до крајот на годината.

 

Правилата за учество можете да ги најдете на следниот линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

10.08.2015

 

Соопштение за привремена недостапност на i-bank сервисите

 

Почитувани клиенти,

 

поради системската надградба која беше во тек за време на викендот, во текот на денешниот ден очекуваме привремена недостапност на i-bank сервисите за што однапред ви се извинуваме.

По комплетирање на предвидената интервенција, ќе објавиме соопштение за комплетна функционалност на системите.

 

Со почит,

Стопанска банка АД - Скопје

 


 

Печати