КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

20.03.2017

 

Известување за анкетата за микро и мали претпријатија.

 

Почитувани клиенти, поради зголемениот интерес, го продолжуваме рокот за одговори на нашата анкета за микро и мали претпријатија заклучно со 31/03/2017. Извлекувањето за наградите ќе биде на 4-ти април и истите ќе бидат известени преку e-mai и на нашата веб странаl.

 

 

16.03.2017

 

Станбен кредит без нотарски трошоци

 

За голема одлука како што е станбениот кредит и купувањето на свој дом потребна е поддршка, разбирање и партнерство. Токму тоа Стопанска банка АД - Скопје го нуди за своите клиенти повеќе од 70 години.

Како Банка која има исплатено најголем број на станбени кредити во Македонија имаме непроценливо искуство и истото го прелеваме во понудата за станбени кредити која постојано се надградува и подобрува.

 

 

 

15.03.2016

 

VISA кредитни картички со 5.9% каматна стапка

 

 

Освежете го вашиот буџет со нова VISA кредитна картичка и купувајте до крајот на годината со годишна каматна стапка од 5.9%.

VISA кредитните картички со новите дизајни, нивната бесконтактна функција со која може да се купува за еден момент без ПИН до 1.100 денари сега се уште поатрактивни. За сите апликации во периодот од 15.03 до 31.05 за VISA кредитна картичка Банката одобрува годишна каматна стапка од 5.9% за сите купувања до крајот на годината.

Аплицирањето е брзо и лесно и достапно 24/7 преку 15110 или преку интернет и секако во нашите филијали

 


 

 

08.03.2017

 

Годишна анкета

 

Почитувани клиенти,

Стопанска банка повторно успешно спроведе e-mail анкетата за задоволство помеѓу своите клиенти со масовност во одговорите и интерес кај клиентите. Со анкетата Банката се обидува да добие конкретна евалуација за своите услуги, локации, достапност и транспаретно да пристапи кон подобрување на истите.

Од резултатите од анкетата ќе издвоиме дека повторно оваа година расте бројот на клиенти кои забележуваат позитивната промена во услугата која ја добиваат во нашите филијали и истиот изнесува 40%. Согласно глобалните трендови, продолжува и порастот во преференциите кај клиентите за користење на алтернативните канали достапни 24/7 и секако подобрени, поевтини и пофлексибилни.

 


 

 

24.02.2017

 

Оглас за вработување

 

Огласот за вработување може да го погледнете целосно на следниот линк.

 

 

20.02.2017

 

Добитници од наградната игра за потрошувачки кредит „Кредит што наградува“

 

Сите среќни добитници од извлекувањето за наградната игра за потрошувачки кредит „Кредит што наградува“ може да ги погледнете тука.

 

 

20.02.2017

 

Оглас за вработување

Огласот за вработување може да го погледнете целосно на следниот линк.

 

 

10.02.2017

 

VISA Gold, привилегија за 2017та година

 

VISA Gold е златна пропусница за многу придобивки!

Како дел од Golden Club корисниците на VISA Gold кредитната картичка добиваат пакет на поволности, попусти, ексклузивни придобивки, бесплатна VISA Gold дебитна картичка и приоритетна услуга во дел од филијалите на Банката, како и Cash back програма, која ви овозможува секој месец да добиете 1% од потрошениот износ, за минимум месечни трансакции во износ од 10.000денари.


ПРОМОТИВНО: За сите апликации одобрени до 31.12.2017 година ќе се применува намалена годишна каматна стапка од 6,9%, до крајот на 2017 година. Затоа, колку порано ја добиете Вашата VISA Gold кредитна картичка, толку подолго ќе уживате во придобивките.

 

 

10.02.2017

 

MasterCard кредитна картичка БЕЗ КАМАТА

 

Ја почнавме Новата година со замрзната каматна стапка, па за сите ново одобрени апликации за MasterCard кредитни картички од 28.12.2016 до 28.02.2017 во примена ќе биде каматна стапка од 0% годишно, за сите купувања до 31.03.2017.

Посетете ги нашите филијали или поднесете барање во секое време на https://apply.stb.com.mk/  или преку Ало кредит на 15100.

 


 

01.02.2017

 

Потрошувачки кредит без административни трошоци и со гарантирана каматна стапка за првата година

 

Почитувани,

 

потрошувачкиот кредит е еден од најчесто користените кредитни производи во Стопанска банка од повеќе причини - можноста да се добие за 30минути од поднесување на барање, можноста да се поднесе барање преку телефон или online но секако и поради атрактивните услови кои се нудат. Во периодот од 01.02 до 31.03.2017 сите поднесени барања добиваат 100% попуст на административните трошоци, како и 6% фиксна каматна стапка за првата година, за клиенти приматели на плата/пензија во СБ или клиенти кои не се приматели на плата/пензија во СБ но имаат добра кредитна историја од минимум 36 месеци.

 


 

 

16.01.2017

 

Соопштение за неработен ден 19.01.2017 (четврток) - Водици

 

Почитувани,

Ве известуваме дека по повод празникот Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2017 (четврток).

 


29.12.2016

 

Соопштение за јавност - Нови филијали

 

Почитувани клиенти,

На денот кога Стопанска банка АД - Скопје одбележува 72 години од основањето, со задоволство најавуваме дека нашата мрежа на филијали од денеска е збогатена со 2 нови членови.Имено, жителите на нас. Расадник и новиот дел на Ново Лисиче веќе од денес ќе можат да ги користат нашите банкарски услуги и финансиски совети во своето непосредно окружување.

Филијалите ќе имаат работно време од понеделник до петок: 08.30 до 16.00 часот а се наоѓаат на ул.1613 бр.2 населба Ново Лисиче и ул. Христо Татарчев бр.43 А локал 12 и локал 13, Расадник.

28.12.2016

 

Соопштение за неработни денови

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.01.2017 (понеделник), 06.01.2017 (петок) и 07.01.2017 (сабота).

15.12.2016

 

Соопштение за јавност - Акционерско собрание

 

Почитувани акционери и клиенти на Стопанска Банка АД Скопје,

 

Собранието на акционери на седницата одржана на 15.12.2016 година донесе Одлука за исплата на дивиденда на имателите на обични акции. Дивидендата ќе се исплаќа на сите иматели на обични акции со пресек во акционерската книга  на 26.12.2016, на трансакциски сметки во Стопанска Банка АД-Скопје. Со цел непречена исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични акции кои  немаат трансакциска сметка во Стопанска Банка АД Скопје во денари, а  кои имаат право на дивиденда, да се обратат до која било филијала на Стопанска Банка АД-Скопје со цел да отворат трансакциска сметка, почнувајќи од 15.12.2016, за да може да располагаат со дивидендата по нејзината исплата, активност која согласно горенаведената Одлука ќе започне да се спроведува од 29.12.2016.

 

07.12.2016

 

Соопштение за неработен ден четврток, 08 декември

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД –Скопје нема да работат на 08.12.2016(четврток).

 

 

06.12.2016

 

Соопштение за успешно реализирана надградба на информатичкиот систем

 

Почитувани,

 

Со задоволство ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје успешно го заврши проектот за надградба на инфоматичкиот систем од  R10 на најновата верзија R15 на TEMENOS Т24ТМ, како најнапреден банкарски систем кој е достапен денес од технички аспект. Најновата верзија на информатичкиот систем претставува комбинација од сеопфатна и флексибилна функционалност и приспособливост, со потенцијал да овозможи подобри и понапредни услуги за нашите клиенти и да го отвори патот кон воведување на нови дигитални решенија.

 

 

 

 

04.12.2016

 

„СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“

општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје
„Заедно можеме да создадеме поубав и чудесен свет“

 

 

Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го најавува новиот општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“ кој се реализираше денес 04.12.2016 (недела) во МОБ со почеток од 11 часот. Настанот е посветен на децата од Македонија со посебни потреби и помага во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби.
 
Овој проект е реализиран со деца од различни возрасти и со различни попречености, кои заедно со свои врсници и заедно со Калиопи и 5+ Фамилија ќе настапат на сцената на МОБ за да ги претстават своите способности и креативен потенцијал. Стопанска банка во подготовките на настанот беше во интензивна комуникација и соработка со здруженијата на родители на деца со посебни потреби, за кои обезбедува и поддршка на проекти за подобри услови за едукација и надградба.
Дополнително, Банката за овој проект изработи едукативни видео пораки кои ќе бидат споделени со училиштата ширум Републиката и ќе имаат за цел да ги поттикнат децата да развиваат емпатија и да им подадат рака на своите врсници а за сите деца посетители на настанот, Банката обезбеди пакет подароци.

 

29.11.2016

 

Соопштение за надградба на системи

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека поради надградба на информациониот систем на Стопанска банка АД - Скопје, филијалите во петок (02.12.2016) ќе работат до 17 часот и нема да работат во сабота (03.12.2016). Во горенаведениот период нема да се реализираат трансакции преку i-bank услугите: e-banking, m-banking и phone-banking.

29.11.2016

 

Соопштение за јавност за 30.11.2016

Ве известуваме дека заради одржување на континуитет на активностите спрема своите клиенти како и обезбедување на непречено завршување на проектот за унапредување на информациониот систем на Банката, кој е во тек,  Стопанска банка АД – Скопје на ден 30.11.2016 ќе ги нуди своите услуги во рамки на редовното работно време.

28.11.2016

 

 СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ - Соопштение за јавност

 

“На децата дај им крилја, но остави ги самите да научат да летаат„ – Габриел Гарсија Маркес

 

Со овој инспиративен цитат, со задоволство го најавуваме нашиот нов општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“ кој ќе се реализира на 04.12.2016 (недела) во МОБ со почеток од 11 часот.

Настанот е посветен на децата од Македонија со разновидни пречки во развојот (аутизам, down синдром, глувило, слепило, церебрална парализа, физички деформитети) и ќе помогне во одбележувањето на Светскиот ден за лица со посебни потреби.

15.11.2016

 

Соопштение за јавност

 

Стопанска банка АД-Скопје континуирано одржува водечка позиција во банкарскиот сектор преку достигнување на највисоки перформанси и профитабилност, обезбедувајќи силна капитална и ликвидносна позиција. 

Банката во изминатите години остварува добивки преку кои ја потврдува својата долгорочна стратегија фокусирана на оптимизација на сите неопходни ресурси со цел да ги подобри перформансите во секој домен од нејзиното работење.

 

 

31.10.2016

 

Соопштение за Светскиот ден на штедењето - 31.10.2016

 

Почитувани,

Честит светскиот ден на штедењето!

Стопанска банка АД – Скопје го одбележува Светскиот ден на штедење кој има за цел не само да го поттикне штедењето туку и да се разбере поширокиот ефектот од штедењето за економијата и општеството. За таа цел, во текот на овие 2 недели во i-bank store доаѓаа и ќе доаѓаат ученици од основно, средно, но и деца од градинките во Скопје со цел да научат нешто повеќе за штедењето, улогата на банките и начинот да се искористи заштедата за подобро утре.

 

 

19.10.2016

 

Соопштение за неработен ден, Ден на македонската револуционерна борба

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на македонската револуционерна борба, филијалите на Стопанска банка АД –Скопје нема да работат на
24.10.2016 (понеделник).

 

10.10.2016

 

Прекин во работата на Контакт центарот

 

Почитувани клиенти,

 

Поради прекин во телекомуникациските мрежи и неможноста да се предвиди нивното санирање, во моментов Контакт центарот на Банката е во прекин. На располагање ја имате нашата мрежа на филијали како и m-banking и e-banking услугите достапни 24/7.

 

Благодариме на разбирањето

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна


 

07.10.2016

 

Соопштение за неработен ден 11-ти Октомври

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник –Ден на народното востание, филијалите на Стопанска банка АД –Скопје нема да работат на 11.10.2016 (вторник)

 

06.10.2016

 

Добитници од #TOПСИ наградната игра

 

Добитниците од #ТОПСИ наградната игра може да ги погледнете тука.

 

 

23.09.2016

 

КАПИТАЛ Интервју со г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани, интегралното интервју може да го прочитате на овој линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

22.09.2016

 

Донација за семејствата на жртвите од поплавите

 

Во согласност со своите заложби да биде нераздвоен дел од заедницата, Стопанска банка АД – Скопје е во комуникација со семејствата на починатите во поплавите во август 2016. Имено, согласно интерна одлука, на законските наследници на починатите Банката им одобрува неповратна финансиска помош во износ од 1.500евра по семејство.
Поради тешката достапност до контакт информации за семејствата, Банката се надева дека и со посетите на терен средствата ќе бидат исплатени до сите семејства во најскор можен рок. Контакт информации за процесот може да се добијат на нашиот 24/7 контакт центар 3100 109.
 
Оваа финансиска помош се надеваме дека ќе им помогне на семејствата во надминување на шокот и последиците како од загубата на семејните членови, така и на последиците од поплавите кои сеуште се санираат.
 
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 


 

 

19.09.2016

 

„Вози право, вози здраво 2“ го размрда Скопје

Во сабота 17.09 улиците во централното градско подрачје на Скопје беа наменети за љубителите на тркала. Над 2500 регистрирани учесници продефилираа со својот избор на чист транспорт: најбројни беа велосипедистите, потоа децата, учесниците со ролерки, скироли, тротинети а не изостанаа и родителите со бебе колички.
На задоволство на сите, ревијалната трка помина во најдобар ред, учесниците пристигаа на целта во градскиот парк задишани но и насмеани по релаксираното возење долж улиците ослободени од возила.

 

Во градскиот парк за добрата забава се погрижи 5+ бендот, омилениот бенд за деца во Македонија, нашиот единствен Даниел Кајмакоски кој ги испеа своите авторски хитови но и не потсети на неговите преработки на светските рок нумери а потоа следуваше извлекувањето на вредните награди во секоја од категориите. За крај на забавата настапија позитивните Пеперминт кои го задржаа вниманието на веќе уморните учесници, но и привлекоа други посетители на паркот.

 

 

 

10.09.2016

 

Повторно „Вози право, вози здраво“ во Скопје

 

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија повторно ќе донира за жителите на Град Скопје содржина која ќе биде поврзана со едукацијата на децата за безбедност во сообраќајот, правилно управување со велосипед, тротинет, возење ролерки, скирол и слично. Деталите околу донацијата ќе бидат откриени во соработка со Град Скопје во најскоро време.


За реализација на донацијата Банката ја повикува јавноста повторно да се приклучи на Ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво 2 и заедно да се промовираат сите форми на чист транспорт! 

 

Ревијалната трка ќе се одвива на потегот СТБ Детски Велодром (ул. Јуриј Гагарин) до Градски парк. Види мапа и повеќе детали на www.stb.com.mk/marketing.nspx

 

Регистрација за трката е возможна во i-bank store филијалата или тука. Учесниците може да се пријават во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинети/скироли и родители со бебе колички.

По успешната регистрација секој учесник ќе добие e-mail порака со содржина реден број за учество во ревијалната трка како и потсетник за настанот. Регистрација ќе биде можна и 1 час пред почетокот на трката пред детскиот велодром.

Печати