КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

21.03.2011 година

Купувајте на рати на Саемот за мебел 2011

 

Почитувани клиенти,

Не пропуштајте го и оваа година саемот за мебел и саемските попусти. Од 22-27.03.2011 година на Скопски саем купете го мебелот што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари благодарение на кои ќе можете брзо и лесно да го купите мебелот кој го посакувате.

 

 

16.03.2011

 Јубилеј – 15 години од издавањето на првата платежна картичка во РМ и 10 години од издавањето на првата кредитна картичка

 

Стопанска банка годинава одбележува значаен јубилеј - 15 години од издавањето на првата платежна картичка во РМ и 10 години од издавањето на првата кредитна картичка на македонскиот пазар.

 

 

 

Стопанска банка АД – Скопје дел од Струмичкиот карневал

Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД – Скопје е дел од далеку познатиот Струмички карневал кој оваа година се одржува во периодот од 05.03. – 08.03.2011 година. Главната вечер на маскенбалот е токму вечерва кој оваа година ќе се празнува и заедно со празникот на жената 8-ми Март.

 


 

Соопштение за корисници на услуги од банки и штедилници

 

 

Почитувани клиенти,



Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот.

 



 

Шарпланински куп 2011

 

Почитувани клиенти,

Стопанска банка традиционално и оваа година го поддржува еден од најзначајните спортски настани во Македонија - меѓународната скијачка манифестација „Шарпланински куп“. Овој куп претставува многу важен симбол за Македонија и по 38-ми пат ќе се одржи на Попова Шапка, од 25 - 27 февруари 2011.


 

Mаестро Борис Трајанов и УНЕСКО-в амбасадор на мирот го прослави својот 25-ти јубилеј од почетокот на кариерата

 

На 16.02.2011 година, најдобриот македонски баритон, маестро Борис Трајанов и УНЕСКО-в амбасадор на мирот го прослави својот 25-ти јубилеј од почетокот на кариерата со гала настап кој се одржа во Македонската опера и балет – Скопје.

 

 

01.02.2011Нова веб страница на Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје, следејќи ги модерните текови особено во дигиталниот свет подготви за сите свои клиенти нова веб страница.

 

24.01.2011Соопштение за именување на нов член на Управниот одбор на Стопанска банка, објавено во Нова Македонија 21.01.2011

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност Стопанска банка АД – Скопје известува дека за нов член на Управниот одбор на Банката е назначен Теодулос Скордис, Заменик Генерален Директор за корпоративно работење.

 

12.01.2011Стопанска банка Домаќин за Св. Никола во 2011 година

 На традиционалната прослава на Св. Никола во Прилеп Стопанска банка АД – Скопје беше назначена за домаќин на прославата за 2011 година.


04.01.2011Празнично работно време

 Во пресрет на празничните денови, со цел да ги задоволи вашите потреби, Банката одлучи во среда 05.01.2011г. работното време на филијалите да биде продолжено.



30.12.2010Договор за финансирање на катна гаража

Во Министерството за Финансии вчера беше потпишан договор за изградба на катна гаража во центарот на Скопје помеѓу Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Стопанска банка АД - Скопје и Комерцијална Банка. 



30.12.2010Празнично работно време на филијалите

 Ве известуваме дека на 31.12.2010г. (петок), поради претстојните новогодишни празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје ќе работат до 16:00ч, додека 01.01.2011 година (сабота) е неработен ден. 



24.12.2010Свечен коктел со соработниците на Стопанска банка АД - Скопје

На 22.12.2010 година, со почеток во 19 часот во ресторанот Ден и Ноќ, Стопанска банка АД – Скопје организираше свечена средба, пред се во чест на компаниите од областа на автомобилската индустрија, недвижности, трговија со стоки за широка потрошувачка - продажба преку трети лица и менаџментот на Банката.

 

17.12.2010
Голема журка во Битола

 

Како дел од свеченото отворање на новата филијала и бизнис центар на Стопанска банка АД – Скопје, на 16.12. со почеток од 17:00 часот, на Широк Сокак пред просториите на новата филијала на Стопанска банка, граѓаните на Битола имаа можност да уживаат во незаборавна повеќечасовна забава со Фолтин, Ренесансери и Ламбе Алабаковски.


 

17.12.2010Свечено отворање на новата филијала и бизнис центар во Битола

 

Вчера во Битола свечено беа отворени новите простории на филијалата на Стопанска банка АД – Скопје и првиот регионален бизнис центар. Овие 2 едиции на мрежата на Стопанска банка значително ќе го подобрат квалитетот на услугата но и ќе ги приближат банкарските производи и услуги до клиентите од Битола и регионот.

 

 

17.12.2010
Свечен коктел во Битола


Како завршен дел од свеченото отворање на новата филијала и бизнис центар на Стопанска банка АД – Скопје во Битола, на 16.12. со почеток од 19:30 часот, во хотел Епинал се одржа свечен коктел.


 

15.12.2010Донација во клиника за детска хирургија


На 15.12.2010 година, Стопанска банка АД – Скопје како еден од донаторите на новото одделение за интензивна нега на Универзитетската клиника за детска хирургија беше присутна на неговото свечено отворање на кои истовремено присуствуваа Министерот за здравство на Република Македонија Бујар Османи, Амбасадорката на Кралството Холандија Симоне Филипини и Претседателот на Националната фондација за трансплантација Др. Владимир Чадиковски.


 

6.12.2010Прес конференција на Стопанска банка АД - Скопје и компаниите под Т - брендот


Во согласност со модерниот начин на живеење и благодарение на најсовремените технолошки достигнувања, Македонски Телеком АД-Скопје и T-Mobile Македонија, во соработка со Стопанска банка АД - Скопје, воведуваат нови и олеснети канали за плаќање на услугите, достапни 24 часа на ден.

 

02.12.2010НБГ го зголеми акционерскиот капитал - Интервју со Диомидис Николетопулос, Нова Македонија 02.12.2010г.


НБГ го зголеми акционерскиот капитал - Интервју со Диомидис Николетопулос, Нова Македонија 02.12.2010г.


 

01.12.2010Стопанска банка на Финекспо 2010

 

Стопанска банка АД – Скопје традиционално и оваа година зеде активно учество на осмиот по ред Меѓународен саем на финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2010 година. 

 

24.11.2010Јавен повик за учество на 25та седница на Собрание на акционери


Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска Банка АД – Скопје (С.О. Бр. 190/30.07.2010 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на Стопанска Банка АД – Скопје, на седницата одржана на 29.10.2010 година, донесе Одлука за свикување на 25-та седница на Собранието на акционери на Стопанска Банка АД – Скопје (Н.О. бр. 1853/29.10.2010 година).


 

28.10.2010
I-bank нови услуги од Стопанска банка


 Ни претставува особено задоволство да ви ги презентираме новитетите кои Банката за првпат ги воведува не само во своето работење туку и на македонскиот пазар.

 

24.11.2010

 

25.10.2010 Соопштение за резултати од спроведување на план за зголемување на капиталот на НБГ


Националната банка на Грција С.А. известува дека во месец октомври успешно го зголеми акционерскиот капитал преку продажба на хартии од вредност на своите постојни акционери на финансиските пазари.

 

21.10.2010Државен празник, сабота 23.10.2010

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на ден 23.10.2010г. (сабота) државен празник, филијалите на
Стопанска банка АД – Скопје нема да работат.

 

 

18.10.2010Мајки

 Како неразделен дел од општеството во кое работи и се развива, Стопанска банка АД – Скопје продолжува да допринесува за културниот живот во Македонија.


Печати