КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

23.12.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје го потпиша договорот за проектот на Владата на РМ „Купи куќа, купи стан“

 

На денешната прес конференција офицјално беа потпишани договорите за проектот „Купи куќа - купи стан“ помеѓу Министерството за финансии и 8 комерцијални банки меѓу кои и Стопанска банка АД - Скопје. Со овој договор од 2012 година субвенционираните станбени кредити стануваат достапни за сите граѓани на Р. Македонија кои ги исполнуваат условите наведени во проектот.

 

 

22.11.2011год.

 

Соопштение за зимските активности на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани,


И оваа година пред новогодишните и божиќните празници, кога сите подаруваат и празнуваат, Стопанска банка подготви изненадувања со кои сака да ја награди лојалноста на своите клиенти и да ја одбележи 67 годишнината од постоењето.  

 

                         

 

 

20.12.2011г.

 

Предновогодишно дружење со трговците партнери на Стопанска банка АД - Скопје

 

На 16.12.2011г. (петок), Стопанска банка АД - Скопје организираше свечена средба во бизнис центарот CityHall со своите трговци партнери од областа на градежништвото, недвижности, автомобилска индустрија, трговија со стоки за широка потрошувачка.

 

 

20.12.2011

 

Стопанска банка - кум на Св. Никола во Прилеп, 19.12.2011г.

 

На 19.12.2011 во градот под Марковите кули - Прилеп, Стопанска банка АД - Скопје го предаде своето кумство за Св. Никола од 2011 година за среќна и бериќетна година за сите во присуство на највисоките претставници на МПЦ, градоначалникот на град Прилеп и врвниот менаџмент на Банката и илјадници граѓани на Прилеп

<ВИДЕО>

 

 

16.12.2011

 

Повелете на големата прослава на Св. Никола во Прилеп

 

Почитувајќи ја традицијата на градот Прилеп за обележување на Св. Никола како патрон празник, честа да биде домаќин на овогодинешната прослава ја има Стопанска банка АД – Скопје која веќе со генерации е нераздвоен дел од економијата и дејствувањето на градот под Марковите кули.

 

 

09.12.2011г.

 

Шест години од воведувањето на Виза Веро картичката

 
Во 2005 година, Стопанска банка АД – Скопје и Веро ја воведоа првата ко-брендирана Виса картичка на пазарот. Eдинствена од ваков вид и препознатлива по својата бонус понуда, Виса Веро картичката стана препознатлив бренд како за Банката така и за Веро маркетите. Со користење на оваа картичка, клиентите секој месец добиваат бонус во своите месечни извештаи, во зависност од испазарениот износ како во Веро, така и во целата трговска мрежа на Банката.
  

 


 

 

07.12.2011

 

Соопштение за неработен ден - 08.12.2011 (четврток)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во четврток, на 08.12.2011г.
На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

05.12.2011 Скопје

 

Интервју со Тони Стојановски, Заменик генерален директор и член на Управен одбор

Новинар: Мирче Јовановски, Дневник

 

02.12.2011г.


Продолжува Супербренд караванот на Стопанска банка

 

По повод значајните јубилеи кои годинава Банката ги прославува како и поради признанието Супербренд кое клиентите и стручната комисија и го додели на Банката, продолжува Супербренд караванот на Стопанска банка преку организирање на коктели но овој пат во Југоисточниот дел на Македонија.

 


 

 

29.11.2011г.

 

ЈАВЕН ПОВИК за учество на 28-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје

 

 

 

 

24.11.2011г.

 

Донација од Стопанска банка АД - Скопје за Институтот по белодробни заболувања кај децата - Козле

 

Во рамки на заложбите Стопанска банка АД – Скопје да биде компанија која темелно ги применува принципите на општествена одговорност, Банката препознава проекти кои ќе имаат трајна вредност и ќе создадат позитивен напредок, посебно во здравствените институции. Оттаму, со цел да придонесе во обновувањето на опремата со која располага Институтот по белодробни заболувања кај децата - Козле, Банката одобри донација на “LF-DP” флексибилен фибер ендоскоп за бронхоскопија од марката Olympus.

 

 

 

22.11.2011г.

Соопштение за неработен ден - 26.11.2011г. (сабота)

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека поради унапредување на системот со кој работи Стопанска банка, филијалите на Банката нема да работат на ден сабота, 26.11.2011 година. Следен работен ден на филијалите е понеделник, 28.11.2011 година.
 

 


 

 

21.11.2011г.


Соопштение за неработен ден - Ден на дрвото, 23.11.2011г.

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во среда, на 23.11.2011г.
На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

Скопје, 18.11.2011г.

 

50 години последипломски студиум по монетарна економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

 

На 18.11.2011 година (петок) се прославува значаен јубилеј – 50 години од основањето на последипломскиот студиум по монетарна економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ – Скопје.

 

 

 

15.11.2011г.

 

Со картичка до 1 милион денари - Нова наградна игра на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани клиенти,

 

Од денес 15.11.2011год., Стопанска банка АД - Скопје започнува со најновата наградна игра со кредитните и дебитните картички на Банката под мотото „Со картичка до 1 милион денари“.

Имено, со користење на вашите дебитни и кредитни картички, со секоја сметка поголема од 300 денари стекнувате право за учество во извлекувањето и сте се поблиску до главната награда од 1 МИЛИОН ДЕНАРИ и другите бројни вредни парични награди. 

 

 

14.11.2011

 

Црвен крст на РМ и додели Благодарница на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани,

 

На 13.11.2011г. (недела) во просториите на Дом на АРМ, на традиционалната хуманитарно-крводарителска акција што се одржува по повод празникот на град Скопје, Стопанска банка АД - Скопје се здоби со Благодарница за поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст на Република Македонија.

Покрај големиот број посетители - граѓани на градот Скопје, кои и оваа година ја демонстрираа својата исклучителна хуманост, присутни беа и високи претставници на Црвениот крст на РМ.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

10.11.2011

 
Стопанска банка - спој на традиција и иновации


Успехот на една компанија секогаш е базиран на довербата која ја ужива кај своите клиенти, задоволството од квалитетот на услугата, иновативноста во работењето и воведувањето на прогресивни производи и услуги кои задоволуваат разновидни потреби на клиентите.


Стопанска банка оваа година бележи 67 години од своето постоење. Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, таа стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти во земјата, зад секој втор дом купен на кредит и е во тесна соработка со секое семејство во Македонија. Ваквиот обем на активности се должи на применувањето на корпоративна култура која во фокусот ги има потребите на клиентите. Оттука, мотото на Стопанска банка „на ваша страна“ е суштинска определба во работењето и токму затоа во Стопанска банка, секој клиент е супербренд.

 


 

 

07.11.2011г.

 

Стопанска банка АД - Скопје присутна на Саем за жена 2011

 

Почитувани,

 

Во периодот од 04-06.11.2011г. Стопанска банка АД - Скопје беше присутна со штанд на Вториот Саем за жена 2011 промовирајќи ги на многубројните постетители своите производи и услуги. Како целна група од интерес за Банката, жените претставуваат постојан извор на идеи и затоа голем дел од структурата на Банката вбројува жени во сите нивоа на менаџмент. За време на саемот Банката се претстави и со презентации за штедење и инвестирање во услови на криза а дополнително обезбеди и поддршка на своите клиенти - трговци, изложувачи на овогодинешниот саем.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

 

 

03.11.2011

 

Над 5 тони облека собрани на хуманитарната акција на вработените од Банката

 

На хуманитарната акција „да штедиме заедно“ реализирана во соработка со Црвен Крст Македонија, вработените на Банката демонстрираа висок морал, заедништво и докажаа дека во Банката се одгледува не само дух за супериорност во деловното работење туку и огромно внимание се посветува и на општеството во кое живееме.

Преземете извештај од хуманитарната акција.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


31.10.2011

 

Интервју со Милица Чапаровска, Директор на сектор за управување со производи

 

 

 

31.10.2011г.

 

Час за штедење во Стопанска банка АД - Скопје по повод Меѓународниот ден на штедењето, 31.10.2011г.

Почитувани,

 

Денес, по повод Меѓународниот ден на штедењето, во повеќе филијали на Стопанска банка, ученици од неколку основни училишта во Скопје имаа можност да присуствуваат на едукативен час по штедење. Штедењето е процес и стекнување на навика за штедење уште од најмалата возраст.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

 

 

 

30.10.2011г.

 

Хуманитарна акција на Стопанска банка АД - Скопје и Црвен крст на РМ по повод Денот на штедењето

 

Почитувани,

На 30.10.2011г (недела) по повод Светскиот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност, заедно со сите свои вработени и Црвен крст на РМ организираше хуманитарна акција во вид на донација и со тоа денот на штедење 31.10.2011г. го посветува на лицата кои имаат потреба од повеќе грижа и поддршка во животот.

 

 

Новитети во e-banking сервисот

 

Почитувани клиенти,

 

откријте ги новитетите кои Стопанска банка АД - Скопје на ваше барање ги воведе во сервисот за електронско плаќање.

 

Преглед на новитети

 

 

20.10.2011г.

 

Соопштение за неработен ден-понеделник (24.10.2011г.)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во понеделник, на 24.10.2011г.
На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

12.10.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје со есенска понуда за Станбен кредит!



Стопанска банка АД - Скопје како Банка која стои зад повеќе од 40% станбени кредити во Македонија повторно излезе со понуда на атрактивни услови за сите клиенти заинтересирани за купување на сопствен дом.

Со кампањата која започна на 10 октомври, во траење од 2 месеца, Банката овозможи преференцијални услови за клиентите, со кои тие побргу ќе можат да зачекорат во домот кој го посакуваат – поточно 50% намалување на административните трошоци, на нотарските трошоци, како и 50% намалување на трошоците за проценка на имотот што се остава како обезбедување.
 


 

 

10.10.2011


Соопштение за неработен ден - 11.10.2011г. (вторник)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Ден на народното востание, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во вторник, на 11.10.2011г.
На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

04.10.2011 година


Стопанска банка - дел од Петтиот Ден на Услуга кон Клиентите


И оваа година Стопанска банка АД – Скопје зеде активен дел од годишната конференција „5ти ден на услуга за клиентите“ која се одржа во едукативниот центар М6, во организација на агенцијата за истражување на пазарот СВОТ ДОО Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје ја поддржува активноста на СВОТ за денот на услуга кон клиентите бидејќи како услужна компанија посветува максимално внимание за услугата кон клиентите. Оваа година, Стопанска банка се јави и како главен спонзор на оваа конференција, што претставува уште еден доказ дека за Стопанска банка, секој клиент, секоја сметка, претставува повеќе од само име и број, секој клиент претставува олицетворение на желби, планови и соништа а знаеме, дека токму за клиентите треба да ја имаме најголемата грижа.
Овој пристап кон работењето е причината поради која Банката има најдолга традиција на македонскиот пазар и останува на врвот на банкарскиот сектор.

Стопанска Банка АД – Скопје
На ваша страна

 


 

01.10.2011

 

9 месечен орочен депозит со атрактивни и гарантирани каматни стапки!



Штедењето за население претставува постојано активна и променлива категорија на финансискиот пазар. Клиентите и нивните потреби се менуваат со динамичното време во кое живееме и затоа Стопанска банка секоја година развива и воведува нови и современи производи кои излегуваат во пресрет на барањата на клиентите.

Токму новиот орочен депозит со гарантирана каматна стапка е креиран на барање на клиентите кои сакаат зголемена сигурност за порастот на нивната заштеда, но на пократок рок. Со промотивната понуда, Банката го најавува новиот 9 месечен орочен депозит со годишни каматни стапки од 3.6% за депозити во евра и 6.6% за депозити во денари. Понудата трае од 1.10 – 1.12.2011 година а каматните стапки се гарантирани до крајот на периодот на орочување.

 

 

28.09.2011 година

 

Соопштение за промоција-телефонско банкарство во Ресен


Почитувани клиенти,

 

На 27.09.2011 (вторник), Стопанска банка го заокружи караванот на презентации на телефонското банкарство, со промоцијата во Ресен. Оваа уникатна услуга, достапна за сите генерации, Стопанска банка ја промовираше на најзначајниот ден за Ресен - почетокот на традиционалниот јаболкобер. Менаџментот присутен на презентацијата им посака на присутните гости и пријатели на Банката, успешна и плодна берба со ветување дека Стопанска банка и понатаму ќе остане на страна на своите клиенти преку воведување на супериорни производи и услуги креирани по нивно барање.

 

Воедно, на оваа презентација и заедничко дружење на Банката со своите најлојални клиенти, беше назначен и новиот директор на филијалата Ресен, Г-динот Антонио Гавриловски, кој на позицијата доаѓа по долгата и успешна кариера на претходната директорка Билјана Стојчевска.

 

Со почит,

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Печати