КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

 

06.06.2012

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

01.06.2012

 

Нови намалени каматни стапки за станбен кредит

 

Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 01.06.2012 ги намали каматните стапки за стенбените кредити со што ги подобри условите за новите, но и за постојните корисници на станбените кредити од Стопанска банка.

За сите барања за кредит примени по 01.06 Банката нуди годишна каматна стапка од само 5.85% гарантирана за првите 3 години и тоа за клиентите кои платата ја примаат во Стопанска банка. Променливата каматна стапка за истата категорија на клиенти  изнесува 7.25% годишно за останатиот период.

30.05.2012

 

Донирани пакети хуманитарна помош од вработените на Банката

 

По успешната реализација на хуманитарната акција вработените на Банката за време на „Недела на хуманитарноста“ од 23 до 29ти април собраа доволно средства за заедно со Црвениот крст на Македонија да се набават пакети со средства за лична хигиена за жителите на интернатот во с. Љубанци.

При денешната посета на интернатот на задоволство на децата и родителите пактеите беа дистрибуирани до жителите на интернатот. 

 

 

 

 

 

30.05.2012


Соопштние за неработен ден - петок 01.06.2012г.

 

Почитувани клиенти,

По повод православниот празник Духовден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во петок, на 01.06.2012година.

 

 

28.05.2012

 

23.05.2012

 

Оглас за вработување - Машински инженер

 

 

 

23.05.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје освои 2ро место на „Банкарски спортски игри 2012“

 

Во периодот од 17-20.05.2012 во Охрид одржана беше манифестацијата „Банкарски спортски игри 2012“ во организација на Синдикатот на финансиските организации на Македонија. Стопанска банка АД - Скопје како и досега беше претставена во сите спортски категории од тим на посветени спортисти аматери кои го освоија групното 2ро место на манифестацијата.

Во одделните категории врабоетните од Стопанска банка го остварија следниот успех:

  • I место во пикадо, стрелаштво (жени/мажи) и шах
  • II место во баскет (жени), одбојка (жени) и фудбал
  • III место во пинг понг (мажи/жени)
  • IV место во куглање (мажи/жени)

 

 

21.05.2012 

 

Соопштение за неработен ден 24.05.2012 (четврток)

 

Почитувани клиенти,
По повод државниот празник 24ти Мај – „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2012 (четврток).

 


 

 

18.05.2012

Потпишано долгорочно партнерство за соработка со Импексел2 и Еуро Актива за станбениот комплекс Гранд Престиж

Стопанска банка АД - Скопје во континуитет во изминатите 67 години како корпоративен граѓанин на Република Македонија, ја поддржува македонската економија и стопанство и се гордее со секој поединечен проект како и со свој успех. Посебно внимание посветуваме на градежната индустрија која во последните неколку години е во постојана експанзија создавајќи нов имиџ за градот и државата.

 

 

17.05.2012

 

IFC и Стопанска банка ги зголемуваат можностите за финансирање на малите и средни претпријатија

 

ИФЦ, членка на групацијата Светска банка, и Стопанска банка АД – Скопје, членка на групацијата НБГ, ги здружија силите за да ги зголемат можностите за финансирање на трговското работење за да им помогнат на малите и средните претпријатија да пристапуваат кон нови пазари и да создаваат работни места.

 

 

 

 

16.05.2012


 


 

 


 


10.05.2012

 

Стопанска банка учесник на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово

 

Стопанска банка АД – Скопје, како интегрален дел од македонското стопанство повеќе од 67 години е горда што зеде учество на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа и повторно беше заедно со идните генерации кои во годините што доаѓаат ќе ја носат одговорноста за економскиот раст, промоцијата на државата и интеграцијата во глобалните движења. 

 
“Најголемата банка во Македонија ја разбира потребата дека по академската надградба на секој млад и амбициозен човек му е потребно е практично искуство, реално спознавање на бизнис практиките и правилата кои владеат во денешниот свет и од тој аспект, како и секоја година Стопанска банка АД – Скопје е подготвена да понуди реализирање на студентска пракса во една од нашите филијали или во централата и да биде ментор во зачетокот на професионалната кариера.“  - Изјави г. Фатмир Идризи, Директор за големи клиенти, Стопанска банка АД - Скопје. 
 


 

 

10.05.2012

 

Награда од Deutsche Bank

 

Традицијата и искуството на Стопанска банка во реализација на меѓународни плаќања повторно се наградени со признанието од Deutsche Bank AG Straight – Through Processing (STP) Excellence Award. Наградата се доделува исклучиво на банки кои покажуваат максимална прецизност и точност во процесирањето на платните трансакции во странство за клиентите на Банката и истата е доказ дека Банката применува современи, европски стандарди во соработката со клиентите и останува лидер во банкарското работење во Македонија.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

 

07.05.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на 13та годишна конференција на Македонска берза

 

На 04.05.2012 (петок), Стопанска банка АД - Скопје како еден од спонзорите на 13та годишна конференција на Македонска берза зема активно учество на конференцијата.

 


 

07.05.2012

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на 29-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје
 

 

Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. Бр. 221/20.12.2011 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, на седницата одржана на 27.04.2012 година, донесе Одлука за свикување на 29-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје (Н.О. бр. 2138 / 27.04.2012 година).

Седницата на Собранието ќе се одржи на 25.05.2012 година (петок), со почеток во 12:00 часот во седиштето на Стопанска банка АД – Скопје, Централа, на ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје (влез во Градскиот Трговски Центар).

 


28.04.2012

 

Интервју Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје

 

Линк до интервју

 

 

 

25.04.2012

Стопанска банка АД - Скопје дел од Денови на кариера 2012 на Економскиот факултет - Скопје

Стопанска банка АД - Скопје учествуваше на саемскиот дел од настанот Денови на кариера 2012год. што се одржа на 20 - 21.04.2012 на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје во организација на студенстката организација AIESEC.

 

 

27.04.2012


Соопштение за неработен ден - 01.05.2012 (вторник)

 

Почитувани клиенти,
По повод државниот празник 1ви Мај – Ден на трудот, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2012 (вторник).

26.04.2012

 

 

 

 

 

 

24.04.2012г.

Вработените на Стопанска банка помогнаа во „Недела на хуманитарноста“ организирана од Црвен крст на град Скопје



Вработените на Стопанска банка АД - Скопје зедоа активно учество во хуманитарната акција што Црвен крст на град Скопје ја реализира позната како „Недела на хуманитарноста“ од 23 до 29ти април. Имено денес 24.04.2012 (вторник), во просториите на Централата на Банката, вработените помогнаа во успешната реализација на проектот преку откуп на вредносни ваучери.

 


 

 

17.04.2012г.


-ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО-

СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ



Почитувани клиенти,


Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. 

 

12.04.2012

 

Наградна игра „Пролетни награди со i-bank услугите“

 

Со пролетта пристигна и нова наградна игра, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Имено, со лесни плаќања преку e-banking, телефонско банкарство и плаќања преку банкомат клиентите земаат учество во наградна игра за i-bank услугите на СБ и станете добитник на една од 130 вредни награди.

Наградната игра е со времетраење во периодот од 10.04.2012 до 18.07.2012г. и се однесува на сите корисници на: e-banking сервисот за плаќање, phone banking сервисот за плаќање и плаќањата преку банкомат.  Имено, со секое плаќање преку една од i-bank услугите клиентот добива право на едно учество во едно од десетте извлекувања. Извлекувања ќе се реализираат секои десет дена во горенаведениот период. 

 


 

 

09.04.2012

 

Соопштение за неработни денови за време на Велигденските празници

 

Почитувани клиенти,


По повод претстојните Велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 13.04.2012(петок), 14.04.2012(сабота) и 16.04.2012(понеделник).

 


 

 

27.03.2012

 

Купувајте на рати без камата на Саемот за мебел 2012

 

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година е присутна на најпосетуваната саемска манифестација Саем за мебел. Саемот е отворен за посетители од 27.03 - 01.04.2012. Посетителите имаат можност да посетат еден од штандовите на нашите партнери и да купуваат за време на саемот со саемски попуст на рати БЕЗ КАМАТА со кредитните картички издадени од Стопанска банка.

Покрај тоа, на Саемот имате можност да поднесете и барање за потрошувачки кредит или кредитна картичка на штандот на Стопанска банка АД - Скопје.


Искористете ги саемските попусти и купете го тоа што ви е потребно за вашиот дом по најповолни услови.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 


 

 

23.03.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје со пролетна понуда за Станбен кредит!



Стопанска банка како Банка која стои зад повеќе од 40% станбени кредити во Македонија, повторно излезе со понуда на атрактивни услови за сите клиенти заинтересирани за купување на сопствен дом.
Со кампањата која трае во периодот од 20.03.2012 до 31.05.2012, Банката овозможи преференцијални услови за клиентите, со кои тие ќе бидат на само чекот до својот нов дома – поточно 50% намалување на административните (со проценета вредност од 200 евра по клиент) и нотарските трошоци (со просечна вредност од 125 евра по клиент).

 


 

 

20.03.2012г.


Донација на Клиниката за Пулмологија и Алергологија, Скопје


Стопанска банка АД – Скопје како долгогодишен финансиски партнер на Клиниката за Пулмологија секогаш наоѓа начини за продлабочување на соработката, но и начини за помагање на работата што Клиниката ја извршува. Овој пат, во рамки на својата корпоративна општествена одговорност, Банката донира опрема за Клиниката за Пулмологија и Алергологија која ќе им помогне во секојдневното работење и ќе им овозможи подобра грижа за пациентите.
Опремата предмет на донација, содржи помеѓу другото и медицински торакоскоп, пред се дијагностички апарат кој го користат специјалисти пулмолози за точна дијагностика на пулмолошки заболувања, но се користи и за полесни интервенции и зафати. Клиниката оспособи посебна просторија за новата опрема која веќе од оваа недела ќе биде во примена за првпат за пациентите во Клиниката, но и воопшто во Македонија.

 


 

 

16.03.2012

 

Нова услуга во e-banking сервисот - девизни плаќања за правни и физички лица

 

Стопанска банка АД - Скопје следејќи ги потребите на клиентите и барањата за нови услуги во сервисот за електронско банкарство воведе нова можност за ДЕВИЗНИ ПЛАЌАЊА во странство за физички и правни лица.

 

Солгасно процедурата, сите клиенти кои сакаат да им биде овозможено девизното плаќање, потребно е да пополнат нови договори за користење на услугата e-banking и истите да ги достават во најблиската филијала на Банката. Потребната документација можете да ја најдете на следниот линк.

 


Печати