КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

08.10.2012

 

Соопштение за неработен ден - 11ти октомври (четврток)


По повод државниот празник Ден на народното востание, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во четврток, на 11.10.2012г.

 

 

05.10.2012

Иновативна мобилна апликација од Стопанска Банка

Нов начин на користење на банкарските услуги


Стопанска банка АД – Скопје денес ја промовираше својата мобилна апликација која бесплатно е достапна за сите корисници на „паметни телефони“ на Android или i-phone платформа.

 

 

01.10.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје додели награда на манифестацијата „Ноќ на истражувачи“ 2012

 На 28.09.2012 (петок), Стопанска банка АД - Скопје додели ваучер во износ од 30.000 денари на манифестацијата „Ноќ на истражувачи“ 2012 за најдобар научно-истражувачки постер.

 

 

29.09.2012


Заедничка донација на Стопанска банка АД - Скопје и Ротари Клубот – Скопје за Посебното основно училиште „Иднина“- Скопје

Денес Стопанска банка АД – Скопје заедно со Ротари клубот – Скопје организираа настан на кој се обновуваше училишното окружување на Посебното основно училиштето за деца попречени во психичкиот развој  „Иднина“ во општината Чаир.
Стопанска банка АД - Скопје донираше училишна опрема, прибор, подароци и реквизити за училиштето и учениците, додека Ротари клубот ја обнови училишната ограда на училиштето „Иднина“.

 


 

 

28.09.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје дел од традиционалниот Јаболкобер во Ресен

 

Почитувани клиенти,

На 27.09.2012 (четврток), Стопанска банка АД - Скопје беше присутна на отворањето на традиционалниот Јаболкобер во Ресен.

 



06.09.2012

 

Соопштение за соработка со Аутомотив груп



Аутомотив Груп во соработка со Стопанска банка АД - Скопје со нова ексклузивна каматна стапка за кредитирање од 5%, на програмата на Renault, Nissan и Dacia 

Аутомотив Груп во соработка со Стопанска банка АД – Скопје обезбеди ексклузивно најниска каматна стапка за своите купувачи и за клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка. Аутомотив наместо да ги потроши средствата планирани на прослава за својот 5 годишен јубилеј, во соработка со Стопанска банка АД – Скопје, ексклузивно ќе овозможи 5% годишна каматна стапка на кредитирање за оние кои ќе поднесат барање за купување на возило на кредит во наредните 45 дена за количина од вкупно 55 возила од програмата на Renault, Nissan и Dacia.

 
Станува збор за исклучително поволен наменски автомобилски кредит кој ќе биде лесно достапен во продажната мрежа на Аутомотив Груп и во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје, на територијата на Македонија.

 

 

06.09.2012

 

Соопштение за неработен ден - 08.09.2012 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник Ден на независноста, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во сабота, на 08.09.2012.

24.08.2012

 

Соопштение за неработен ден 28.08.2012, верски празник Голема Богородица

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека по повод верскиот празник Голема Богородица, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на ден  28.08.2012 (вторник).

На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот!

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 


15.08.2012

 

Интервју со Д-р Глигор Бишев, Претседател на Управен Одбор на Стопанска банка АД - Скопје, Економија и Бизнис

 

За пристап до интервјуто кликнете тука.

 

 

 

 

 

16.08.2012

 

Соопштение за неработен ден - 20.08.2012 (понеделник)

Почитувани клиенти,
По повод државниот празник Рамазан Бајрам, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 20.08.2012 (понеделник).

 


 

 

11.08.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Balkan Music Square 2012

 

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година е еден од главните спонзори и обезбеди поддршка за реализацијата на 11то издание на фестивалот наменет на етно музиката од земјите на Балканот - Balkan Music Square 2012.


 

 

31.07.2012

 

Бесплатна платформа за интернет трговија за клиентите на Стопанска банка во соработка со Инфопроект и Интернет трговија



Стопанска банка АД - Скопје како водечка Банка во иновативните, современи услуги за своите клиенти и компаниите Интернет трговија и Инфопроект денска ја објавија својата стратегиска соработка, во понуда на најсовремена бизнис cloud технологија на клиентите на Банката.
Со оваа соработка, корпоративните клиенти на Стопанска банка АД – Скопје ќе можат, под многу поволни услови, да склучат договор за користење на СкС (Софтвер како Сервис) услугите на Интернет трговија и Инфопроект. За оние кои ќе пристапат, услугите ќе бидат бесплатни за користење до крајот на 2013 година (се наплаќа само еднократен трошок за инсталирање).

 


 

 

31.07.2012

 

Соопштение за неработен ден - 02.08.2012 (четврток)

 

Почитувани клиенти,


По повод државниот празник 2ри Август – Илинден, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 02.08.2012 (четврток).

 

 

26.07.2012

 

Добитници од 10то извлекување од i-bank наградната игра

 

 

 

 

 

24.07.2012

 

Фото галерија од летните активности 2012

 

Тука може да ги погледнете фотографиите од летните активности кои Стопанска банка традиционално секоја година ги организира во текот на летниот период.

 

 

 

 

 

 


18.07.2012

 

Летни активности 2012 година

 

Од 21.07 до 19.08.2012 година секој викенд Стопанска банка АД – Скопје спроведува нови летни активности кои ќе им понудат освежување, семејна забава и прибежиште од високите температури на клиентите и пријателите на Банката:

• Подарок билети за жичарницата во Скопје (за деца и возрасни)

• Подарок билети за базенот Карпош

• Ваучери за освежување на градската плажа – кафе „Змија“

• Ваучери за освежување на плажите во Охрид – “Потпеш“, “Градиште 3“ и кафе бар „Зона“

 

16.07.2012

 

Почетокот на летните активности 2012 оваа година во Струга

 

Со целодневни активности за освежување, игри и забава на Aquarius beach во Струга започнаа летните активности 2012 кои Банката традиционално ги организира секое лето со цел да им понуди прибежиште на своите клиенти од летните температури. На 13.07 во Aquarius beach Стопанска банка на заинтересираните граѓани и гости им подари лежалки, освежување, можност да добијат интересни награди и да се натпреваруваат во спортски активности.

16.07.2012

 

Добитници од 9то коло од i-bank наградна игра

 

 

 

 

 

12.07.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на „Охридско лето 2012“

 

Почитувани,

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година традиционално е спонзор на најголемата, летна, културна манифестација „Охридско лето 2012“.

 

 

10.07.2012

 

Соопштение за воведување на вонредно работно време

 

Стопанска банка АД – Скопје информира дека поради вонредно високите температури а со цел да им овозможи на клиентите непречно да ги користат банкарските услуги одлучи да го прилагоди работното време на своите филијали во склад со потребите и барањата на клиентите.

Новото работно време на филијалите кое вонредно ќе биде во примена од четврток 12.07.2012 до сабота 21.07.2012 ќе биде двосменско, односно од 8 до 13:30 и попладневно од 17 до 19 часот, додека поголемите филијали во Скопје ќе работат од 08 до 19 часот.

Детали за точното работно време на секоја филијала на Банката ќе биде достапно на веб страницата на Банката и назначено на секоја филијала.

 

 

04.07.2012

 

 

 

 

 

25.06.2012

 

 


 

 

21.06.2012

 

Дружење на вработените од Стопанска банка и вработените од Т-home и T-mobile

Вработените од Стопанска банка АД - Скопје за вработените на T-home и T-mobile во Скопје организираа дружење после работното време во Experience Cafe на Плоштад Македонија при што имаа прилика да се запознаат подобро помеѓу себе, но и со производите кои ги нудат трите компании на македонскиот пазар. Како лидери во својот домен на работење компаниите и вработените застапуваат многу заеднички корпоративни вредности и оттука поттикот да се организира ваков тип на средба.

14.06.2012

 

 

 

14.06.2012

 

Одбележана 1 година од промоцијата на телефонското банкарство

 

Стопанска банка АД - Скопје одбележува 1 година од промоцијата на телефонското банкарство како новитет на македонскиот пазар. По само 12 месеци, Банката веќе има над 2.300 редовни корисници на сервисот кои дневно реализираат од 200 до 400 трансакции. 

 

Телефонското банкарство на клиентите им нуди слобода 24 часа на ден да бидат во контакт со Банката и да реализираат или најават плаќања на рати од кредити или картички, сметки за комуналии, данок и секаков вид денарски плаќања на брз и пред се безбеден начин. Со јавување на 24 часа контакт центарот (02) 3100 109 клиентите ја намалуваат потребата да доаѓаат во филијалите за редовни и повторливи трансакции туку истите ги реализираат од комоцијата на сопствениот дом, од работа или во движење.

 

 

 

12.06.2012

 

Секој лајк на facebook страницата „На ваша страна” е донација!


Поттикнати од бројот на граѓани кои се повеќе и повеќе ги користат социјалните мрежи за интеракција меѓу себе и со брендовите кои секојдневно ги користат Стопанска банка АД - Скопје иницираше интересна хуманитарна акција на социјалната мрежа Facebook. Имено како општествено одговорна компанија, со цел да ја поттикне и поддржи потребата сите граѓани да учествуваат во општествено одговорни активности Банката со секој нов пријател, нов “like„, на на Facebook страницата „На ваша страна”, донира скромен прилог кој како расте бројот на пријатели ќе станува се позначаен.

 

 

 

12.06.2012

 

Интервју со Милица Чапаровска, Директор на сектор за управување со производи, Утрински весник

 

Прочитајте го интервјуто на следниот линк.

 

 

 

 

 

 

 11.06.2012


 


 



 


 

 

11.06.2012

 

Известување до имателите на приоритетни акции на СБ

 

 

 

Печати