КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

08.05.2013

 

Стопанска банка учесник на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово

 

И оваа година, Стопанска банка АД – Скопје, како интегрален дел од македонското стопанство повеќе од 68 години зеде учество на Саемот за кариера на Универзитетот Југоисточна Европа и повторно беше заедно со идните генерации кои во годините што доаѓаат ќе ја носат одговорноста за економскиот раст, промоцијата на државата и интеграцијата во глобалните движења. 

 
Господинот Фатмир Идризи, Директор за големи клиенти во Стопанска банка АД - Скопје имаше чест да го отвори саемот во име на бизнис заедницата на Македонија.

 

 

 

 

26.04.2013

 

Соопштение за неработни денови - Први мај и Велигден

 

Почитувани клиенти,
По повод претстојните првомајски и велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.05.2013 (среда), 03.05.2013 (петок) и 06.05.2013 (понеделник).

 

 

18.04.2013

 

Соопштение за јавност

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека денес поради техничка интервенција од страна на Македонски телеком на јавната комуникациска мрежа во центарот на Скопје, можно е да има кратки прекини на телефонските линии на контакт центарот на Банката, неколку телефонски линии како и дел од лините на ПОС терминалите на Банката.

 

 

 

01.04.2013

 

Промотивна понуда на Стопанска банка АД – Скопје за станбен кредит – Без административни и трошоци за проценка


И оваа пролет, Стопанска банка АД - Скопје нуди подобрени услови за станбен кредит на своите клиенти. Имено, со најновата понуда која започнува на 01.04.2013 и ќе трае се до 20.06.2013, Банката овозможува без административни и трошоци за проценка, клиентите побрзо да се одлучат да дојдат до домот кој го посакуваат. Редовните административни трошоци изнесуваат просечно 350 евра по клиент, додека трошоците за проценка, изнесуваат 60 евра во просек.

 


 

 

26.03.2013

 

Стопанска банка АД - Скопје пристуна со штанд на Саемот за мебел 2013

 

Почитувани клиенти,
Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел што започна денес 26.03.2013 и ќе трае до недела 31.03.2013 на Скопскиот саем. Купете го мебелот што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Дополнително, трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари благодарение на кои ќе можете брзо и лесно да го купите мебелот кој го посакувате.

 

 

18.03.2013
Продлабочување на соработката на Стопанска банка АД - Скопје со ФФМ

Стопанска банка АД - Скопје и во 2013 година ќе продолжи да ја следи својата стратешка определба за имплементација на технолошките трендови и иновации во банкарскиот систем. Од 01.04.2013г. и официјално ќе започне да функционира  ажурираната верзија на мобилната апликација m-banking со зголемен број на функционалности, како и можноста за извршување на сите видови плаќања преку мобилен телефон на лесен и едноставен начин, 24 часа на ден, 7 дена во неделата без никаков надомест. 

 

 

18.03.2013

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Почитувани партнери и клиенти на Стопанска банка АД - Скопје,


Овој Април ќе се одбележат 13 години од превземањето на Стопанска банка АД – Скопје од страна на Националната банка на Грција. За време на овој период Банката успешно се трансформираше во модерна, ефикасна и иновативна финансиска институција која цели кон исполнувањето на очекувањата на секое Македонско домаќинство и компанија. Дури и во периодов на значителна меѓународна економска криза, Стопанска банка остана доверлив партнер кој подеднакво ги подржува домаќинствата и компаниите.

15.03.2013

Соопштение за одбележување на Денот на потрошувачите



По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Народната банка на Република Македонија, EOS Matrix DOO, Кредитекспрес Македонија ДООЕЛ, Мелон Солушнс ДООЕЛ, Халкбанк АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Алфа Банка АД Скопје, Поштенска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Еутостандард Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје, заеднички организират Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите под мотото “Вашата приватност е сигурна со нас!”

 


08.03.2013

Соопштение за работно време 08.03.2013 (петок) и 09.03.2013 (сабота)

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека отвoрање на трансакциска сметка на учесниците во локалните избори 2013, денес (08.03.2013) после редовното работно време, до 24 часот и утре (09.03.2013) од 14 часот до 15 часот може да се направи во следниве Филијали на СБ: Скопје – експозитура Младина (покрај кејот на Вардар), Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Кочани, Струга и Велес.

 

 

15.01.2013

 

Соопштение за работно време на филијалите на 16.02.2013 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека отворање на трансакциска сметка на учесниците во локалните избори 2013, на 16.02.2013 после редовното работно време, од 14 часот до 24 часот може да се направи во следните филијали на СБ: Скопје – експозитура Младина (покрај кејот на Вардар), Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Кочани, Струга и Велес.

 


 

 

06.02.2013

Со Стопанска банка АД - Скопје и Адора Инженеринг до супер шанса за нов дом


Почнувајќи од 05.02.2013 година, Стопанска банка АД – Скопје и градежната компанија Адора Инженеринг ги обезбедија најповолните услови за купување нов дом, со фиксна каматна стапка од само 3,20% за првите 3 години, за клиенти кои платата ја примаат преку банката.

 

 

 

Скопје, 01.02.2013

Соопштение за намалени каматни стапки за депозити


Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје како и досега продолжува да ги следи насоките од монетарната власт и согласно последното намалување на каматните стапки на благајничките записи од страна на Народна банка на Република Македонија, направи соодветно прилагодување на каматните стапки на депозитните производи за население и правни лица во просек од 0.25 процентни поени.

 


 

 

16.01.2013

 

Соопштение за неработен ден 19.01.2013 (сабота) по повод православниот празник Водици

 

Почитувани клиенти,


По повод православниот празник Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2013г. (сабота).

 

 

29.12.2012

 

Прослава на 68-ми роденден на Банката

 

Традиционално секоја година Стопанска банка АД - Скопје го прославува денот на своето основање 29.12.1944 со своите клиенти и вработени.

 

 

31.12.2012

 

Соопштение за неработни денови по повод новогодишните и божиќни празници

Почитувани клиенти,
По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 01.01.2013г. (вторник) и 07.01.2013г. (понеделник).

 


 

 

28.12.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје прославува 68 години од основањето

 

Стопанска банка АД – Скопје прославува 68 години од основањето и постоењето во финансискиот и стопанскиот живот на нашата земја. Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка АД – Скопје е горда што 68 години е лидер во банкарскиот сектор со најголема база на клиенти од населението и корпоративниот сектор, со најголема актива и капитална сила.

Со цел да го обележи овој значаен јубилеј како и во пресрет на новогодишните празници, Банката подготви донација која претставува една од активностите и проект за континуирана заложба во корпоративната одговорност, со која Банката денес заедно во соработка со Црвениот крст на РМ, донира 100 пакети со основни прехранбени производи на социјално загрозените семејства во пресрет на новогодишните празници.

 

 

21.12.2012

Соопштение за традиционалните зимски активности на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани,

 

Традиционално и оваа година, во периодот пред новогодишните и божиќните празници, кога сите подаруваат и празнуваат, Стопанска банка АД – Скопје подготви изненадувања со кои како и секогаш ја наградува лојалноста на своите клиенти и ја обележува 68 годишнината од постоењето оваа година.
Имено, во периодот од 22 - 29 декември, Банката за своите клиенти обезбедува бесплатни билети за кино Милениум, за пинг понг и кугланата во спортскиот центар Борис Трајковски и топли напитоци во Trend Café.

 


 

 

17.12.2012

 

Промоција на мобилната апликација на СБ во Skopje City Mall 

 

Стопанска банка АД - Скопје ја продолжи промоцијата на својата иновативна m-banking мобилна апликација овој викенд во Skopje City Mall. Имено, во саботата на 15.12.2012 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, клиенти на Банката како и посетителите во Skopje City Mall имаа можност да следат детална презентација на оваа најнова иновативна мобилна апликација, достапна за сите генерации на клиенти, корисници на „паметни телефони“ на Android или i-phone платформа.

 

 

 

13.12.2012

ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД UNIQA LIFE АД - СКОПЈЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА КРЕДИТ ОД СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ


Стопанска банка АД - Скопје обезбеди уште една нова можност за своите клиенти корисници на кредити обезбедени со залог на недвижен имот. Ваквиот тип на кредити најчесто се одобруваат на поголеми износи и на подолг рок на отплата. Имајќи го тоа во предвид, Банката во соработка со UNIQA Life АД - Скопје, на клиентите им го презентира новитетот - CREDIT LIFE. Со овој производ од UNIQA Life АД – Скопје се обезбедува поволност за клиентите на Стопанска банка АД - Скопје, односно дополнителната заштита со најниска годишна премија за животното осигурување кое бележи значителен пораст на македонскиот пазар во последните неколку години.

 


 

 

06.12.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје потпиша договор за соработка со Фудбалската Федерација на Македонија

 

Денес, Стопанска банка АД - Скопје како банка со веќе препознатливи стандарди на корпоративно општествена одговорност во земјата, повторно ја потврдува својата стратешка определба на банка која е нераскинлив дел од заедницата и банка која поддржува проекти од широк општествен интерес. Преку поддршката на Фудбалската федерација на Македонија, Стопанска банка АД - Скопје го потврдува своето мото на ваша страна, овој пат застанувајќи на страната на спортот, посебно фудбалот како најважната споредна работа во животот. Вредностите на кои не учи фудбалот, како што се посветеност, соработка со останатите членови на тимот, взаемно почитување, позитивна енергија за фер натпревар, се вредности за кои се залага и Стопанска банка, институција која во својата скоро 70 годишна традиција, поддржувала и ќе подржува голем број на проекти од овој карактер.

 


 

 

06.12.2012.

 

Соопштение за неработен ден - 08.12.2012 (сабота)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во сабота, на 08.12.2012г.

 


 

 

23.11.2012

 

Караван презентации за мобилната апликација на Стопанска банка АД – Скопје

 

Со цел да ја промовира најновата иновативна мобилна апликација, достапна за сите генерации на клиенти, Стопанска банка започна со караван презентации во дел од филијалите и градовите каде што е присутна. Караванот започна денес со презентација во градот Куманово.

 

 

20.11.2012

 

Соопштение за неработен ден - Ден на дрвото, 21.11.2012 (среда)

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека по повод Денот на дрвото, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во среда, на 21.11.2012.

 

 

 

14.11.2012

 

Оглас за вработување - Инжинер за проценка на имот и технички работи

 


 

 

31.10.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје на Првиот БанкЕкспо 2012

 

На 31.10.2012 (среда), Стопанска банка АД - Скопје ќе биде дел од првиот Саем на финансиски институции, Банкекспо 2012, во организација на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Република Македонија кој се одржува во хотелот Александар Палас. Стопанска банка на овој саем ќе биде присутна со свој промотивен штанд на кои ќе се презентираат разновидните производи и услуги на Банката.

 


 

 

31.10.2012

 

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот за картично работење, мрежата на банкомати и ПОС терминали на Стопанска банка нема да биде достапна во периодот од 23:00 часот на 03.11.2012 (сабота) до 11:00 часот на 04.11.2012 (недела).

 

 

31.10.2012

 

Announcement regarding the upgrade of ATM network and POS terminals systems of SB

 

Dear clients,

Due to upgrading the card operations system of Stopanska banka AD – Skopje, ATM network and POS terminals network of SB will not be available in the period from 23:00h on 03.11.2012 (Saturday) to 11:00h on 04.11.2012 (Sunday).

 

 

29.10.2012



Хуманитарна акција на вработените на Стопанска банка АД - Скопје и Црвен крст на РМ



И оваа година, во пресрет на Светскиот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност во своето работење, заедно со сите свои вработени организираше хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и со тоа Денот на штедење го посветува на лицата кои имаат потреба од повеќе грижа и поддршка во животот.

 


 

 

18.10.2012

 

Соопштение за неработен ден - 23.10.2012 (вторник)

 

Почитувани клиенти,

По повод државниот празник - Ден на македонската револуционерна борба, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат во вторник, на 23.10.2012г.

 


09.10.2012

 

Донација на игралиште за деца во Кичево

 

Во својата долга историја Стопанска банка АД – Скопје е во постојана соработка со заедницата и својот раст и развој го базира на постојана соработка со заедницата и нејзините жители без разлика дали станува збор за мал локален проект или значаен инфраструктурен објект.Токму од оваа традиција во соработката со заедниците, Банката ја црпи својата општествена одговорност и во текот на годината реализира проекти значајни и на национално но и на локално ниво.

Печати