ЈАВЕН ПОВИК
за учество на 29-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје
Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. Бр. 221/20.12.2011 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, на седницата одржана на 27.04.2012 година, донесе Одлука за свикување на 29-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје (Н.О. бр. 2138 / 27.04.2012 година).
Седницата на Собранието ќе се одржи на 25.05.2012 година (петок), со почеток во 12:00 часот во седиштето на Стопанска банка АД – Скопје, Централа, на ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје (влез во Градскиот Трговски Центар).