СМЕТКИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКИ НА ДOMAШНИ ПРАВНИ ЛИЦА ВО ДЕВИЗИ
Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД Скопје. (мрежа од филијали / експозитури 56) со кои се покриени речиси сите градови низ Македонија.
За отворање на сметки во девизи кoмитентот е потребно да ги достави следниве документи:
- извод од регистарот каде што се води евиденцијата за правните лица со седиште во Република Македонија , не постар од шест месеци, од кој се утврдува: називот, седиштето, дејноста, матич!ниот и даночниот број на правното лице, во оригинал или копие заверено кај нотар,
- ЗП образец, оригинал,
- Оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува.
Документите можат да се доставуваат во сите филијали на Стопанска банка АД Скопје.