КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Рамковен лимит

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАМКОВЕН ЛИМИТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
Компаративни предности

 Едноставна постапка и поволни услови

Намена на кредитот

Краткорочни кредити, акредитиви и гаранции

Износ

Согласно кредитната способност на правното лице

Валута

МКД/ЕУР

Каматни стапкигодишни

ЕУР: од 8,45%

МКД: од 10,00% 

Рок на отплата

Рамковниот лимит е за период од 5 години, со ревидирање на годишна основа. Краткорочните кредити, акредитиви и гаранциите кои се издаваат во рамките на кредитната линија се со рок до 12 месеци.

Исплата

Одобрениот кредит се исплаќа на жиро сметка на клиентот/добавувачот

Отплата Сукцесивно, до макс. 12 месеци или еднакви месечни/тримесечни рати
Трошоци

•  Провизија за обработка на кредитното барање: 0,1% од износот на кредитот минимум 600МКД, максимум 50.000МКД (еднократно, однапред)
•  Провизија за управување со кредитот: 1% (однапред)
•  Провизија за проценка: 5.000МКД само за првата проценка
•  Провизија за предвремено затворање на кредитот: НЕМА
•  Трошоци за обезбедување на потребната документација од соодветните државни органи

Обезбедување •  Хипотека на недвижен имот (земјиште) согласно проценка од овластен проценител, сооднос кредит/обезбедување не помал од 1:1,5-1,8 зависно од бонитетот на компанијата.
•  Бланко меница со менична изјава потпишана од страна на управителот (Кредитниот одбор го задржува правото да побара гарантирани меници)
Критериуми за кредит •  Правни лица регистрирани за работа во Р. Македонија
•  Профитабилна компанија
•  Проценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена од страна на кредитен референт на Банката
Потребни документи за поднесување на барање

•  Барање потпишано од управителот на компанијата
•  Тековна состојба од Централен регистар (ЦР) не постара од 6 месеци
•  ЗП образец од ЦР заверен на нотар
•  Официјални финансиски извештаи за последните 3 години, (доколку компанијата работи само 1година, тогаш ќе се достави  финансиски извештај од последната година)
•  Финансиски извештај со пресек 
•  Валиден имотен лист (за проценка)
•  Оригинал фактура за залогот(за проценка)

Потребни документи по одобрување на кредитот

•  Оригинал тековна состојба од Централен регистар не постара од 14 дена

•  Оригинал валиден имотен лист од Катастар (со најнов датум, за нотар)
•  Оригинал потврда од Катастар дека имотот не е под хипотека
•  Оригинал потврда дека фирмата не е во стечај од ЦР
•  Оригинал потврда дека над фимата не се води ликвидациона постапка, од ЦР 
•  Изјава за поврзаност (образецот го дава Банката, а го потпишуваат сопствениците)
•  Изјава и/или Одлука за задолжување со рамковен лимит за засновање на заложно право, издавање на меници и овластување на лице за потпишување на договор, меници и нотарски акти 
•  Бланко меница со менична изјава потпишана од страна на управителот (Кредитниот одбор го задржува правото да побара гарантирани меници)

Април, 2012
Печати