
Профил

Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во Македонија во 1944 година Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сеуште претставува лидер во развојот и имплементацијата на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица кои работат во Македонија.
На почетокот на 2000. година управувачкиот пакет акции од Стопанска банка АД - Скопје беше откупен од страна на Националната Банка на Грција – најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа. Со овој значителен чекор Банката го продолжи својот раст и развој во успешна компанија согласно светските банкарски стандарди.
По преземањето од НБГ, Стопанска банка АД - Скопје ја зајакна својата конкурентност преку интензивно преструктуирање. Банката воведе софистициран информационен систем и нова организациона структура, го исчисти своето кредитно портфолио, воведе стандардизирани процедури за кредитно одлучување, управување со ризиците и набавките, ја подобри структурата на вработени и стана водечка компанија во земјата во корпоративното управување. Денес, Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најголем број на клиенти од населението и правните лица, Банка со најразвиена мрежа на локации, најголемо портфолио кредитни и депозитни производи и Банка со најголема актива.
ЕМБС на СБ: 4065549
МИСИЈА НА СТОПАНСКА БАНКА
ИСТОРИЈА НА СТОПАНСКА БАНКА
Народна банка на Република Македонија на Стопанска банка АД – Скопје и издаде:
