КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

 

Примарен пазар

Стопанска Банка АД - Скопје како директен овластен учесник на примарните аукции на државни записи и обврзници организирани од страна на Министерството за Финансии на Р. Македонија им овозможува на правните и физичките лица индиректно учество на примарниот пазар  на државни хартии од вредност.За исплатата на обврските по основ државни хартии од вредност гарантира Република Македонија.


Државните записи се краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање до 12 месеци, додека Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на доспевање над 1 година. Минималниот износ за поединечно барање изнесува МКД 10.000. Секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање на заокружени износи од МКД 10.000.


Заради заштита на инвеститорите од валутен ризик (ризик од намалување на вредноста на домашната валута), Министерството за финансии ги воведе како нов инструмент државните записи со девизна клаузула. Дискреционо право на Министерството за финансии е да одреди дали за продажба ќе понуди државни записи со или без девизна клаузула.


Барањата од клиентите на Стопанска банка АД - Скопје се прибираат на пропишани обрасци и се базираат на договор, склучен помеѓу Стопанска банка АД - Скопје и клиентот. 

 

Обрасци за државни записи:

 

Обрасци за државни обврзници:

 

Стопанска Банка АД - Скопје одобрува пресметка и наплата на провизија на државните хартии од вредност за сите рочности по договор, но не помалку од 400,00МКД. За одбиените понуди на индиректните учесници на аукциите на државни хартии од вредност се наплатува провизија од 250,00МКД.

На денот на одржување на аукцијата на државни записи, најдоцна до 10 часот, се врши уплата на дисконтираниот износ за купување на записите (номинална вредност намалена за износот на каматата), пресметан врз основа на цената утврдена од каматната стапка по која се купуваат државните записи.

Министерството за финансии. воведе и неконкурентни понуди како дополнителен начин на аукцирање (само за физичките лица), што подразбира купување на ДХВ со аукцирање само со износ, а цената е еднаква на пондерирана (просечна) каматна стапка постигната на соодветната аукција.
Износот за неконкурентни понуди по аукција, Министерството за финансии го дефинира во секој Проспект за ДХВ како процент од износот на ДХВ кој е понуден за продажба на аукцијата.

За подетални информации Ве молиме обратиете се на следниве контакти во Дирекцијата за тргување и девизен пазар:

 

Телефони: (02) 3295- 107 , (02) 3295- 108

Факс: (02) 3226- 866

е-mail: devizen.pazar@stb.com.mk

Печати