
Приливи на девизни средства од странство во корист на физички лица
Исплата на прилив од странство
Исплата на прилив од странство во корист на физичко лице се врши во сите филијали на СБ.
Реализација
Исплата на клиентската сметка може да се изврши истиот, најдоцна наредниот работен ден кога е датумот на валутата. Исплатата се врши во истата валута на приливот.
Потребни податоци за дозначување средства од странство
- да е отворена девизна сметка во СБ
- да се дадени точни инструкции на испраќачот од странство за примачот на средствата (име и презиме, адреса, сметка, број на телефон) и број на SWIFT за Стопанска банка, STOBMK2X
- Види потребни документи
Идентификација на физичкото лице
Пред да се стапи во било каков однос со физичкото лице во врска со пристигнат прилив од странство, во корист на физичко лице, во СБ се врши идентификација на лицето со важечки документ за идентификација:
- за резидент, лична исправа (лична карта, пасош, лична карта за странско физичко лице издадена од Република Македонија) чие важење не е истечено,
- за нерезидент, патна исправа во оригинал, заверен препис, или заверена фотокопија
- за припадници на мировните сили во Република Македонија, меѓународните и хуманитарните организации и слични организации, легитимација издадена од соодветната организација која содржи фотографија на лицето.
Провизија
-1% од денарската противвредност минимум МКД 250.00.
