Со отворањето на сметка во СТОПАНСКА БАНКА, банката Ви нуди користење на услуги на најповолен и едноставен начин благодарејќи на:
· Голема мрежа на деловни единици - над 300 шалтерски места кои ја покриваат целата територија на Република Македонија
· Можност за доставување на платни трансакции од било кое шалтерско место на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ
· Можност за користење на електронско банкарство за доставување на платни трансакции и следење на состојбата на сметките
· Можност во рамките на банката извршување на платни трансакции за плаќање во реално време, што значи веднаш. Бидејќи СТОПАНСКА БАНКА опфаќа над 30% од сметките на регистрираните правни лица кои делуваат во домашниот платен промет, со што обезбедува поголема брзина за реализација на Вашите платни трансакции и располагање со средствата
· Можност за извршување на трајни налози
· Можност за одредување приоритет на платните трансакции
· Можност за добивање на рамковни револвинг кредити поврзани со сметката за вршење на домашен платен промет
· Користење на интегриран информационен систем GLOBUS кој овозможува on-line управување со сите Ваши сметки
· Можност за користење на VISA BUSINESS картички
· Добивање на совети од областа на банкарското работење