КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Генерални услови за користење на системот за On-line пријавување на Стопанска банка АД - Скопје

Употребата на овој систем е исклучиво за легитимни деловни цели. Сите електронски информации се пренесуваат, примаат и чуваат на електронските системи во Стопанска банка АД - Скопје.

Стопанска банка АД - Скопје не сноси одговорност или обврска за точноста и вистинитоста на испратените информации. Корисниците кои пријавуваат преку овој систем, го прават тоа по нивна сопствена добра волја. Употребата на овој систем може да биде надгледувана и снимана од административни и сигурносни причини.

Освен во случај кога сакате да се идентификувате, сите останати пријави испратени преку интернет со пополнување на предвидениот Формулар се сметаат за доверливи и анонимни.

Доколку сакате да останете анонимни, Ве молиме да внимавате да не објавите информации од кои би можел да се открие Вашиот идентитет. На пример:
   •  Не ја вклучувајте Вашата релација со лицата идентификувани и наведени во Формуларот за Известување;
   •  Не ја вклучувајте Вашата физичка локација поврзана со лицата или инцидентите наведени во Формуларот за Известување.

Вие, лицето кое поднесува приговор или дојава, разбирате и прифаќате дека ако изберете да бидете анонимни, Стопанска банка АД - Скопје има обврска само да ја прими Вашата информација и да ја проследи до соодветните одговорни вработени; Стопанска банка АД - Скопје нема да превземе понатамошни активности за информирање.

Доколку Вие решите да се идентификувате, нивото на податоци и информации во врска со спроведувањето на ревизијата, кое потенцијално би можело да Ви биде соопштено, е лимитирано исклучиво на Вашите лични податоци и односи со Банката, и претставуваат доверливи информации.

Под никакви околности и услови Банката не може и нема да објави било какви податоци и односи на било кои трети лица со Банката, чија доверливост и приватност е заштитена со соодветни екстерни и интерни регулативи.

Со кликнување на копчето Се согласувам подолу, го прифаќате следното:
   •  Дека сте ги прочитале и разбрале Генералните услови за употребата на овој систем;
   •  Дека под полна морална одговорност, и во согласност со принципот на добра волја, изјавувате дека податоците кои ги наведувате се точни и вистинити;
   •  Дека употребата на овој систем за пријавување на невистинити или неточни податоци, со намера да се предизвика потенцијално наштетување на некое физичко или правно лице, може да претставува предмет на соодветни законски мерки, врз основа на важечките закони во земјата.

Со поднесување на Вашата пријава, користејќи го Формуларот за Известување, прифаќате и се согласувате дека Стопанска банка АД - Скопје може да ги обработува, чува или на друг начин користи информациите кои смета дека се соодветни за истражување и превземање соодветни мерки врз основа на Вашата пријава.


Се согласувам >

Печати