ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ
Денарска трансакциска сметка поврзана со VISA Electron – ДЕБИТНА КАРТИЧКА
Опис на производот
Денарската трансакциска сметка, во согласност со барањето на клиентот може да биде:
1. Штедна (трансакциска) сметка или
2. Тековна (трансакциска) сметка со дозволено пречекорување
Каматна стапка на позитивното салдо
0,85% годишна каматна стапка на позитивното салдо до 40.000 денари и
0,50% годишна каматна стапка на позитивното салдо над 40.000 денари
Дозволено пречекорување
• Дозволено пречекорување на тековната (трансакциска) сметка во висина од 2 пензии
• 10.80% годишна променлива камата на искористеното пречекорување
• Критериум за одобрување: Лица до 70 години на денот на поднесување на барање
VISA Electron – дебитна картичка
Можност за поврзување на сметките со VISA Electron дебитна картичка, БЕЗ ЧЛЕНСТВО за целиот период на користење на картичката. Картичката се користи во земјава за:
• Повлекување на готовина на банкомат без провизија и
• Безготовински плаќања во трговија без провизија
Потребни документи
• Копија од лична карта
• Чек за пензија
• Барање за VISA Electron дебитна картичка
VISA Star – КРЕДИТНА КАРТИЧКА
Опис на производот
VISA Star кредитна картичка која може да се користи за безготовински плаќања во трговија без провизија, во земјата и во странство
Кредитен лимит
Согласно важечките критериуми на Банката
Каматна стапка
10,80% годишна, променлива
Годишно членство
• БЕЗ ЧЛЕНСТВО за првата година на издавање
• 300 денари членство за наредните години
ОТПЛАТА
• на шалтерите на СБ
• со траен налог
Минимално месечно плаќање
5% - од износот на трансакциите направени во еден кредитен циклус и пресметаната камата
Можност за купување на рати
• Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати БЕЗ КАМАТА
• Минимален износ на трансакција за плаќање на рати е 2.000 МКД
• Само кај Трговци кои склучиле Договор со СБ за плаќање на рати без камата
Критериуми за одобрување
• Лица до 67 години
• Минимален месечен приход – 8,100денари
Потребни документи
• Барање за VISA Star кредитна картичка
• Копија од лична карта
• Чек за пензија
Потрошувачки кредит без обезбедување
Опис на производот
Потрошувачки кредит без обезбедување за СБ пензионери
Износ и вaлута
• 15.000 МКД - 300.000 МКД - денарски кредит
Период на отплата
• Од 6 до 84 месеци (7 години)
Каматна стапка
Променливи, годишни к. стапки
12,00%
Други трошоци
• БЕЗ АПЛИКАТИВНИ ТРОШОЦИ за сите СБ пензионери
• 2% Административни трошоци, еднократно од одобрениот износ на кредит
Отплата
• Еднакви месечни ануитети (мин. месечен ануитет од 1.200 денари )
• За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата преку траен налог
Критериуми за одобрување
• Физички лица, пензионери - Државјани на Р.М.
• Минимален нето месечен приход од 8.100 денари (за секој кредитокорисник поединечно)
• Максимален месечен ануитет
40 % од месечниот приход - за кредити во МКД
• Возраст на клиентот до 67 год на денот на отплата на кредитот. Лица со над 67 години на денот на отплата, доколку има кокредитобарател
Потребни документи
• Барање за Потрошувачки кредит
• Копија од лична карта
• Чек за пензија
• Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје.