
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Цел
Стопанска банка АД – Скопје (во понатамошниот текст Банката) ја препознава приватноста како важна и затоа обезбедува заштита на личните податоци на физичките лица клиенти на Банката како и на сите вработени, добиени по кој било основ, а кои автоматски или рачно се обработуваат при користење на услугите на Банката.
Лични и останати податоци кои Банката ги собира
• Банката ги собира личните податоци при користење на нејзините услуги.
• Банката ги користи cookies (1) и останатите технологии за подобрување на пристапот кон нашите услуги
• Серверите на Банката автоматски ги запишуваат информациите при посета на нашата интернет страница или при користење на сервисите, вклучувајќи ги ИП адресата, типот на прегледувачот и избраниот јазик како и датумот и времето на посетата.
Обработка на лични податоци
Стопанска банка АД – Скопје врши обработка на личните податоци согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, а особено согласно законите и подзаконски акти кои ја регулираат заштитата на личните податоци, врз основа на претходно дадена согласност на носителот на личните податоци.
Обработка на личните податоци без претходна согласност на носителот на личните податоци може да се врши и во долу наведените случаи:
• Извршување на договор во кој носителот на личните податоци е договорна страна или на барање на носителот на личните податоци пред негово пристапување кон договорот;
• Претходно исполнување на законска обврска на Банката;
• Заштита на животот или физичкиот и морален интегритет на носителот на лични податоци;
• Извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на Банката или на трето лице на кое му се откриени податоците;
• Исполнување на законски права и должности на Банката.
Правата на носителот и обработувачот на лични податоци
Носителот на лични податоци има право од Банката да бара увид и исправка на личните податоци што Банката ги обработува.
Носителот на лични податоци на негово/нејзино барање може да добие информација за: дали се обработуваат лични податоци за субјектот подносител на барањето, кои лични податоци се обработуваат, за кои цели и правниот основ; корисниците или категориите на корисници и изворите на личните податоци и кога истите се прибрани и ажурирани.
Стопанска банка АД – Скопје ќе одговори на барањето за добивање податоци, а доколку Банката веќе одговорила на вакво или слично барање, нема обврска повторно да одговори ако во меѓу време не се настанати промени во личните податоци на подносителот на барањето, освен во случаите кога се изминати повеќе од 6 (шест) месеци од денот на увидот до барањето за повторен увид во Банката.
Носителот на лични податоци во секое време може да побара од Банката неговите лични податоци да не бидат користени во рекламни цели и да побара бришење на неговите лични податоци со доставување на писмено барање.
(1) Cookies - Порака пратена од Серверот до Интернет пребарувачот. Пребарувачот ја зачувува пораката во текстуален фајл. Пораката се испраќа до серверот секогаш кога пребарувачот ќе пристапи до серверот.
