КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Плаќања на комунални сметки - струја, вода, телефон и сл.

На шалтерите на СБ, преку платниот промет, граѓаните можат да вршат плаќања на обврски што ги имаат кон правни лица, со готови пари и од депозитна сметка. За извршеното плаќање СБ наплатува провизија, согласно тарифата за надоместоци.

ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ ЗА РЕДОВНИ МЕСЕЧНИ РАСХОДИ НА СЕМЕЈСТВАТА

СБ преку шалтерите во филијалите им овозможува на физичките лица да вршат плаќање на редовните месечни расходи на семејствата што ги имаат по основ на:
- потрошена електрична енергија за сметка издадена од Електростопанство на Македонија
- парно греење, за сметка издадена од Топлификација
- потрошена вода, ѓубретарина и други комунални услуги, за сметки издадени од надлежното правно лице за комунални услуги, на подрачјето на филијалата на СБ
- трошоци за користени фиксни телефони, за сметки издадени од Телеком

За спроведување на плаќањето не е потребно физичкото лице да има отворено сметка во СБ. Потребно е, покрај парите, да ги достави и сметките кои ги издале соодветните правни лица на кои се врши плаќањето.

Плаќањето на сметката го потврдува референтот во СБ со наведување на сметката по која се врши плаќањето, податоци за денот на плаќањето и со свој потпис.

Плаќањето се врши без наплата на провизија од физичкото лице.

За плаќање на овие редовни расходи физичките лица, комитенти на СБ, со депозитни сметки отворени во СБ, можат да и дадат на СБ траен налог за плаќање на овие расходи од средствата на одредена депозитна сметка на физичкото лице, или од сметка на која физичкото лице има овластување за неограничено располагање со средствата на сметката.

Печати