
Плата плус
Со оваа понуда Ви овозможуваме единствена комбинација на атрактивни и конкурентни производи доколку ја изберете Стопанска банка за банка преку која ќе ја примате својата плата:
• Атрактивни каматни стапки за позитивната состојба на трансакциската тековна сметка во СБ на која се прима платата
• Дозволено пречекорување на трансакциска сметка во висина на 2 редовни месечни примања, со пониска каматна стапка на дозволеното пречекорување за 10% во однос на редовната каматна стапка
• Бесплатна Visa Electron дебитна картичка поврзана со сметката на која пристигнува платата, со можност и за други попусти и за останатите дебитни картички
• Повластени каматни стапки за сите кредитни производи во Банката со намалување од 10% во однос на редовните каматни стапки
• Други ценовни намалувања од 50% применети на:
- годишното членство кај картичните производи (вклучувајќи ги кредитните и дебитните картички) и
- годишното членство кај ОК кредитот
- апликативните трошоци за кредитните производи
• Брза и едноставна процедура и редуцирање на потребната документацијата без потврда за плата за сите кредитни производи и без копија од сметките за комуналии (при аплицирање за кредитните производи во СБ - потрошувачки кредити, ОК кредит и кредитни картички)
• Можност за плаќање на редовните месечни обврски преку воспоставување на траен налог на трансакциската сметка без наплата на провизија од имателот на сметката, вклучително плаќање на сметки за комуналии – струја, вода, парно греење, телекомуникацијата, плаќање на месечните рати за кредитите и кредитните картички и сл.
• Бесплатен CD дигитален сертификат за користење на системот на електронско банкарство на СБ
- Бесплатно вршење на денарски уплати, плаќања и трансфери во рамки на интерниот систем на СБ, преку e-banking системот на СБ
- Следење на состојбата на сите сметки, кредити и картички на клиентот во СБ преку e-banking системот на СБ
• Можност за користење на услугите на телефонско банкарство и вршење на следните трансакции:
- плаќање сметки за комуналии, трансфери во рамки на интерниот систем на СБ како и кон други банки, плаќање рати за кредити и картички и следење на состојбата на сметките
• Корисниците на нашите картички имаат можност без провизии и дополнителни трошоци преку банкоматите на СБ да ги вршат следните трансакции:
- плаќање сметки за комуналии, префрлување средства од една на друга сметка во Банката, плаќање рати за кредити и картички, добивање мини месечен извештај за кредитната картичка
Повластените каматни стапки, како и другите ценовни намалувања кои се однесуваат за лицата кој ја земаат платата во СБ, се наведени тука.
Сите каматни стапки се истакнати на годишно ниво.
Останатите услуги кои се поврзани со горенаведените сервиси и не се предмет на редовно користење се тарифираат согласно Тарифата на надоместоци на СБ, која може да ја најдете на интернет страницата на СБ. Банката го задржува правото да врши измена на понудените услови во согласност со актите на банката.
Дополнителни информации можете да добиете на 24 часа Инфо центарот на Стопанска банка 02/3100-109 или во нашите филијали.
