Следење на тековна состојба


Имате можност со еден поглед во екранот да имате увид иконтрола на целокупната ваша финансиска состојба, со увид во моменталната состојба на сите ваши денарски и девизни сметки во било кое време и од било кое место, каде што имате пристап до Интернет.


Следење на дневни трансакции

За сите ваши денарски и девизни сметки ви овозможуваме увид во приливите и одливите во тековниот ден, во моментот на нивно настанување.

Преземање на изводи

За сите ваши денарски и девизни сметки имате можност да ги преземате изводите од моментот на вашето вклучување во e-banking сервисот. Секој извод можете да го отпечатите или да го преземете како документ за поврзување со ваша евиденција.

Плаќања - физички лица

Плаќања може да вршите од вашата денарска трансакциска сметка.

Со e-banking сервисот може да плаќате:

- сметка за струја, вода, парно, телефон, мобилен телефон, кабелска ТВ и др
- обврски кон СБ и други банки ( рата за станбен кредит, рата за потрошувачки кредит, услуга за користење на сеф, долг по основ на кредитни картички и др )
- даноци и придонеси

За користење на сервисот за плаќања од СБ добивате ЦД со Вашиот дигитален сертификат кој треба да го инсталирате на компјутерот од кој ќе вршите плаќања. За инсталација на компјутер кој е мрежно поврзан ќе ви биде потребна помош од вашиот администратор на мрежата.Дигиталниот сертификат е замена на вашиот рачен потпис и секое плаќање кое се испраќа во Банката за реализација треба да биде потпишано со вашиот дигитален сертификат.

Плаќања - правни лица

Плаќања може да вршите од вашата денарска сметка за редовно работење.Со e-banking сервисот може да ги плаќате сите ваши обврски.

За користење на сервисот за плаќања од СБ, секое лице потписник на вашата сметка добива УСБ - токен со дигитален сертификат.Дигиталниот сертификат е замена на рачниот потпис и секое плаќање кое се испраќа во Банката за реализација, треба да биде потпишано со еден или два дигитални сертификати, во зависност од начинот на потпишување (поединечно или колективно).

Информација за износот и датумот на истекување на дозволеното пречекорување на трансакциската сметка

Информација за износот и датумот на истекување на дозволеното пречекорување на трансакциската сметка, за навремено преземање на активност за негово продолжување.

Печати