КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

ПЧЕЛКА ДЕПОЗИТ - ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

 

ПЧЕЛКА ДЕПОЗИТ - ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА 

Опис на производ

Орочен депозит на 36 месеци за малолетни лица

Можност за неограничено вложување на средства без разорочување на депозитот

 Атрактивни каматни стапки

Депозит со капитализација на пресметаната камата кон влогот

Валута 

МКД или ЕУР

Рок на орочување 

36 месеци  

Минимален почетен износ на влог 

Минимален почетен влог е 3.000 МКД, односно 50 ЕУР

За дополнителните вложувања не е дефиниран минимален износ

Категорија на клиенти 

Резиденти и нерезиденти

Каматни стапки 

МКД 6.95% годишно

ЕУР 3.80% годишно

Каматните стапки се истакнати на годишно ниво, и истите се променливи

Исплата / капитализација на камата 

Каматата се пресметува на дневна основа и истата се капитализира кон влогот на фиксен датум, секогаш на 31ви декември

Можност за располагање со каматата по истек на рокот на депозитот

Дополнителни вложувања 

Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот

Дополнителни уплати можат да вршат и трети лица со соопштување на бројот на сметката на малолетното лице

Делумно повлекување и Затвoрање на депозитот 

Дополнителни делумни повлекувања на средствата од депозитот пред истекот на рокот има третман на целосно повлекување на депозитот и раскинување на договорот за депозитот пред рокот, при што се исплаќа 35% од пресметаната камата од моментот на првично орочување, дополнително вложување или преорочување до моментот на предвременото повлекување на депозитот и раскинување на договорот.

Напомена: При делумно подигање на еден дел од депозитот пред истекот на рокот, можно е преостанатиот износ од депозитот повторно да се орочи на уште 36 месеци согласно условите валидни во моментот на повторното орочување, секако во согласност со барањето на клиентот. Притоа на преостанатиот износ почнува да тече нова рочност од 36 месеци

Отворање на депозитот 

Депозитот го отвораат, на име на детето:

Законските застапници  - (можност за избор на законските застапници да располагаат со средствата со задолжително присуство двајцата родители со кои живее детето или да располагаат со средствата поединечно едниот во отсуство на другиот)

Еден законски застапник  - доколку детето живее само со едниот родител се презентира соодветен документ т.е. решение / одлука од надлежен орган

Уплатувач на средства - трето лице кое го отвора депозитот во присуство на двајцата  законски застапници, само едниот законски застапник

Старателот на детето – за што се презентира документ т.е. решение од надлежен орган.

Документи

При отворање на депозитот се приложува важечка лична карта за законските застапници, старателот или уплатувачот и

Извод од матична книга на родени (копија), со цел да се идентификува малолетното лице

 

Клиентот добива Договор за депозитот и

Штедна книшка преку која се следат промените на депозитот

 

 

Валидно 25.04.2012

 

Со пчелка депозитот добивате попуст кај трговците пријатели.
Погледнете ги трговците пријатели на пчелка депозитот >

Печати