КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Патнички чекови American Express

Видови на патнички чекови
СБ може да издава патнички чекови од финансиски компании

-емитенти на патнички чекови со кои има склучено договор.

Валута и апоени на патнички чекови
Во СБ се издаваат патничките чекови American Express, исклучиво во валутите EUR и USD, со апоени 20, 50, 100, 200 и 500.

Изнесување на чекови
Резидентите можат слободно да изнесуваат чекови од Република Македонија до 4.000 EUR, а нерезидентите 2.000 EUR. Резидентите при излегување од Република Македонија треба да ги пријават на царинските органи износите на чековите кои ги изнесуваат, од 2.000 до 4.000 EUR.

Препораки за физичкото лице
- Продажба на патнички чекови се врши само врз основа на презентиран пасош. Првиот потпис на купувачот на чекот се става на линијата на горен лев агол, а вториот потпис при реализацијата на чекот
- Потпишувањето на бланкетот и на чековите се врши на шалтерот на СБ, каде се врши издавањето на чековите.
- На бланкетот и на ковертот е содржана информација за телефонот на кој треба да се пријави евентуална кражба на чекот во полиција и по можност да се обезбеди записник.
- Чековите и бланкетите треба да се чуваат одвоено
- Бланкетот купувачот треба да го носи со себе, бидејќи постои можност да го побара странската банка или во случај на губење на чекот, да се знае бројот.

Надоместоци
При издавање на патнички чек, СБ наплатува провизија, согласно тарифата на СБ за надоместоци

Провизија
-1% од денарската противвредност минимум МКД 500.00 максимум МКД 1.000.00

Печати