КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Пакет плус

 

ПАКЕТ ПЛУС 

Опис на производот

Штедна сметка по видување каде каматните стапки прогресивно се зголемуваат во зависност од висината на влогот

Придобивки за клиентот

- Конкурентни прогресивни каматни стапки;

- Атрактивни каматни стапки за поголемите износи на вложувања

- Флексибилност да ги вложува и подига своите пари во било кое време без никакво ограничување;

- Бесплатна Visa Electron дебитна картичка поврзана со сметката на депозитот

-  Можност за дополнителни уплати преку траен налог или e-banking

-  Увид во состојбата преку e-banking

Вид и рок на орочување

Сметка по видување

Валута

МКД

Минимален почетен износ на вложување

Минимален почетен влог е МКД 20,000

За дополнителните вложувања не е дефиниран минимален износ

Каматни стапки 

Годишни, променливи

Годишната каматна стапка прогресивно се зголемува со висината на влогот според следните опсези:

 

                        - 20.000,00 МКД              0,10% камата

20.001,00          - 100.000,00 МКД          0,70%камата

100.001,00        - 200.000,00 МКД          1,30% камата

200.001,00        - 500.000,00 МКД          2,00% камата

500.001,00 + МКД                                   3,00% камата

Пресметка на камата

    Каматата се пресметува последниот календарски ден во месецот (30ти /31ви) и се капитализира  месечно на истата сметка на која е основниот влог при што на вкупниот износ СБ пресметува камата

    Клиентот располага со каматата првиот календарски ден во месецот со валута од последниот календарски ден во месецот (30ти /31ви)

Уплати со траен налог/ e-banking 

Сите клиенти, сопственици на ПАКЕТ ПЛУС депозитот кои се воедно и сопственици на тековна сметка со редовни месечни приливи во Стопанска банка, може да дадат траен налог за редовно месечно уплаќање на средства од тековната сметка на сметката за  ПАКЕТ ПЛУС депозитот или да вршат уплати преку e-banking

Негативна состојба на сметка

Не е дозволено да се оди во негативна состојба на сметка

Затворање на сметката

Затворање на сметката се врши на писмено барање на клиентот доколку ги има измирено обврските кои произлегуваат од договорот

Документи

    При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)

    По отворање на сметката клиентот добива:

-       Договор за депозитот и

-       Картичка за идентификација

    Промените на сметката за ПАКЕТ + депозитот се следат преку месечен извод на барање на клиентот на било кој шалтер на Банката

 

 

 

Валидно 25.04.2012

Печати