ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКА НА ДОМАШНО ПРАВНО ЛИЦЕ


 Учесници во платниот промет се домашно право лице и физичко лице кое врши регистрирана дејност и истите за вршење на плаќања во домашниот платен промет можат да отворат една и повеќе сметки во Стопанска банка АД - Скопје.

Потребни документи за правни лица кои првпат отвараат сметка се:


 • Комплетна судска регистрација и копија од ЗП образец или Акт од надлежен орган на основање, ако учесникот не е запишан во регистар и не е основан врз основ на закон или Извадок од закон, ако учесникот е основан согласно со закон 

• Потврда од ЗПП дека сметката е мигрирана во матичната банка или Последен извод од другата банка или Потврда од УЈП - Агенцијата за блокирани сметки за измирени обврски 

• Копија на решение за распоредување на деловниот субјект според претежна дејност, согласно со националната класификација на дејностите од Државниот завод за статистика 

• Копија од решение од Управа за јавни приходи дека фирмата е даночен обврзник, или фотокопија од даночна картичка 

•  Пријава за регистрација на правно или физичко лице (образец СБ) 

• Барање за отворање на денарска или девизна сметка (образец СБ) 

• Пријава на овластени доставувачи на налози и фотокопија на лични карти (образец СБ) 

• Договор за отворање на трансакциска сметка за домашен или платен промет во странство (образец СБ) 

 
• Изјава за акцептни налози (образец СБ)

• Формулар со дополнителни информации (образец СБ)

• Општи услови за работа со сметката за вршење на денарски платен промет (образец на СБ) 

Клиентите на банката кои веќе имаат отворено сметка во СБ потребно е само да ги достават обрасците на СБ


 

 

Печати