Карактеристики на девизен депозит орочен на 3, 6, 12 и на 24 месеци со камата во денари
Отворање во
Филијала на СБ
Минимално салдо
EUR - 500 и USD -500
Основни предуслови за отворање на орочен депозит на 3, 6, 12 и на 24 месеци со камата во денари
- комитентот треба да е регистриран во СБ под одреден идентификационен број
- комитентот треба да има отворена девизна и денарска сметка по видување, тековна трансакциска сметка, или штедна сметка во девизи во СБ
- комитентот треба да одреди на која денарска сметка СБ да ја пренесува каматата и на која девизна сметка СБ ќе ја пренесе главницата по истекување на рокот на орочување, или при предвремено повлекување на орочениот депозит
Можности за избор на комитентот
При склучување на договорот за орочен депозит на 3, 6, 12 и на 24 месеци и при секое понатамошно преорочување на депозитот комитентот може да се определи:
- главницата да се преорочи на еднаков рок согласно актите на СБ, првиот работен ден по денот на достасувањето за исплата на депозитот
- главницата да се пренесе на девизна сметка по видување на денот на достасување за исплата
Документ кој го идава филијала на СБ
При отворањето на депозитот СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит со камата во денари
- штедна книшка, на барање на комитентот
Камата
- се пресметува од денот на уплатата / преорочувањето до денот на истекување на рокот за орочување, по просечен коефициент на курсевите за соодветниот месец и со примена на каматна стапка за соодветната валута во која се води депозитот, утврдена со Одлука на СБ. Каматната стапка е променлива. Каматата се пресметува месечно на денот на календарскиот ден на орочувањето и се пренесува на денарска сметка по видување која ја одредил комитентот
Стопанска банка, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.
Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот, или дополнително во било кој период (види текст за давање полномошно на друго лица за располагање со депозитот)
Траење на овластувањето
- додека е отворен депозитот
- до отповикување на овластувањето од сопственикот на депозитот
- и по смртта на сопственикот на депозитот, ако тој така наведе во овластувањето
Исплата на орочениот депозит
Исплата на орочениот депозит може да се врши:
- по истекување на рокот на орочување, со пренос на главницата на девизна сметка по видување
- пред истекување на договорениот рок на орочување, при што се корегира каматата и за износот се намалува девизниот депозит и корегираниот депозит се пренесува на сметка по видување. Каматата која следува до денот на предвременото повлекување на депозитот се пренесува на денарска сметка по видување
Тајност
- податоците за орочениот девизен депозит се деловна тајна на банката
Соопштување податоци за орочениот девизен депозит со камата во денари
- ако сопственикот на депозитот и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоци
- на писмено барање, или налог на надлежниот суд
- по писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
- ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување на перење на пари, во согласност со закон
Исплати од орочен депозит на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со депозитот на лицето кое е ополномоштено за располагање, освен во случај кога е издадено полномоштво за располагање со средствата и после смртта на сопственикот на влогот.
Во СБ може да се исплати од орочениот депозит пред да се поведе оставинска постапка, на име на трошоци за погреб на починатиот
Постапка со загубен договор за орочен депозит со камата во денари
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијала на СБ дека е загубен договорот со цел веднаш да се изврши замена со нов. Ако сака сопственикот може да се изврши:
- блокада на средствата на рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка
Затворање на депозит орочен на 3,6 12 и на 24 месеци со камата во денари
Затворање на денарски депозит орочен на 3,6,12 и на 24 месеци со камата во денари може да се изврши:
- на барање на сопственикот на депозитната сметка
За спроведување на затворањето се презентира договор за депозит, штедна книшка, ако е издадена, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица врз основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето