КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Карактеристики на денарски депозит орочен на 1 месец


Отворање во
Филијала на СБ


Минимално салдо
2.500 МКД


Документ кој го издава филијала на СБ
При отворањето на денарски депозит орочен на 1 месец СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит
- штедна книшка на барање на комитентот


Основни предуслови за отворање на орочен депозит на 1 месец
- комитентот треба да е регистриран во СБ под одреден идентификационен број
- комитентот треба да има отворена денарска сметка по видување, тековна трансакциска, или штедна сметка во СБ
- комитентот треба да одреди на која сметка СБ да ја пренесува каматата и на која сметка СБ ќе ја пренесе главницата по изминување на рокот на орочување, или при предвремено повлекување на орочениот депозит


Можности за избор на комитентот
При склучување на договорот за орочен депозит на 1 месец и при секое понатамошно преорочување на депозитот, комитентот може да се определи:
- главницата да се преорочи на еднаков рок согласно актите на СБ првиот работен ден по денот на достасаноста за исплата на депозитот
- главницата да се пренесе на сметка по видување на денот на достасување за исплата


Документ кој го идава филијала на СБ
При отворањето на депозитот СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит
- штедна книшка, на барање на комитентот


Камата
- се пресметува од денот на уплатата / преорочувањето до денот на истекување на рокот за орочување, со примена на каматна стапка утврдена со Одлука на СБ. Каматната стапка е променлива. Каматата се пренесува на сметка по видување која ја одредил комитентот


Стопанска банка, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.


Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот, или дополнително во било кој период (Види текст за давање полномошно на друго лица за располагање со депозитот)


Траење на овластувањето
- додека е отворен депозитот
- до отповикување на овластувањето од сопственикот на депозитот
- и по смртта на сопственикот на депозитот ако тој така наведе во овластувањето


Исплата на орочениот депозит
Исплата на орочениот депозит може да се врши:
- по истекување на рокот на орочување,
- пред истек на договорениот рок на орочување, при што се корегира каматата и корегираната камата со главницата се пренесува на сметка по видување


Тајност
- податоците за орочениот депозит се деловна тајна на банката


Соопштување податоци за орочениот депозит
- ако сопственикот на депозитот и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоци
- на писмено барање, или налог на надлежниот суд
- по писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
- ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување на перење на пари, во согласност со закон


Осигурување
- СБ ги има осигурано денарските депозити (состојбата и пресметаната, а недостасана камата) во Фондот за осигурување на депозити.
Фондот за осигурување на депозити ги обесштетува физичките лица во висина на:
- 100% од вкупните депозити на секое физичко лице во една банка до износ од денарска противвредност на 10.000 EUR
- 90% од вкупните депозити на секое физичко лице во една банка до износот од денарска противвредност помеѓу 10.000 и 20.000 EUR, но не повеќе од денарска противвредност на 20.000 EUR
Во износот на обесштетувањето се пресметува главнината на депозитот зголемена за каматата, во висина најмногу до важечката есконтна стапка на НБРМ


Исплати од орочен депозит на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со депозитот на лицето кое е ополномоштено за располагање, освен во случај кога е издадено полномошно за располагање со средствата и после смртта на сопственикот на влогот.
Во СБ може да се исплати од орочениот депозит, пред да се поведе оставинска постапка, на име на трошоци за погреб на починатиот


Постапка со загубен договор за орочен депозит
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијала на СБ дека е изгубен договорот со цел веднаш да се изврши замена со нов. Ако сопственикот сака може да се изврши:
- блокада на средствата на рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка


Затворање на депозит орочен на еден месец
Затворање на денарски депозит орочен на еден месец може да се изврши:
- на барање на сопственикот на депозитната сметка
За спроведување на затворањето се презентира договорот книшка / договор за депозит, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица на основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето

Печати