Карактеристики на денарски депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци и повеќе
Отворање во
Филијала на СБ
Минимално салдо
2.500 МКД
Документ кој го издава филијала на СБ
При отворањето на денарски депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит
- штедна книшка, на барање на комитентот
Основни предуслови за отворање на орочен депозит на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци и повеќе
- комитентот треба да е регистриран во СБ под одреден Идентификационен број
- комитентот треба да има отворена денарска сметка по видување, тековна трансакциска, или штедна сметка во СБ
- комитентот треба да одреди на која сметка СБ да ја пренесува каматата и на која сметка СБ ќе ја пренесе главницата по истек на рокот на орочување, или при предвремено повлекување на орочениот депозит
Можности за избор на комитентот
При склучување на договорот за орочен депозит на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци и при секое понатамошно преорочување на депозитот комитентот може да се определи:
- главницата да се преорочи на еднаков рок согласно актите на СБ првиот работен ден по денот на достасаноста за исплата на депозитот
- главницата да се пренесе на сметка по видување на денот на достасаност за исплата
Документ кој го идава филијала на СБ
При отворањето на депозитот СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит
- штедна книшка, на барање на комитентот
Камата
- се пресметува месечно од денот на уплатата / преорочувањето до денот на истекот на рокот за орочување, со примена на каматна стапка утврдена со Одлука на СБ и каматната стапка е променлива. Каматата се исплаќа месечно,на календарскиот ден на кој е орочен депозитот. Каматата се пренесува на сметка по видување која ја одредил комитентот.
Стопанска банка, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.
Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период (Види текст за двање полномошно на друго лица за располагање со депозитот)
Траење на овластувањето
- додека е отворен депозитот
- до отповикување на овластувањето од сопственикот на депозитот
- и по смртта на сопственикот на депозитот, ако тој така наведе во овластувањето
Исплата на орочениот депозит
Исплата на орочениот депозит може да се врши:
- по истекување на рокот на орочувањето, со пренос на главницата на сметка по видување
- пред истекување на договорениот рок на орочувањето при што се корегира каматата и за корегираниот износ се намалува депозитот. Намалената главница се пренесува на сметка по видување
Тајност
- податоците за орочениот депозит се деловна тајна на банката
Соопштување податоци за орочениот депозит
- ако сопственикот на депозитот и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоци
- на писмено барање, или налог на надлежниот суд
- по писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
- ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување на перење на пари, во согласност со закон
Исплати од орочен депозит на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со депозитот на лицето кое е ополномоштено за располагање, освен во случај кога е издадено полномошно за располагање со средствата и после смртта на сопственикот на влогот.
Во СБ може да се исплати од орочениот депозит, пред да се поведе оставинска постапка, на име на трошоци за погреб на починатиот
Постапка со загубен договор за орочен депозит
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијала на СБ дека е загубен договорот, со цел веднаш да се изврши замена со нов. Ако сопственикот сака може да се изврши:
- блокада на средствата на рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка
Затворање на депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци и повеќе
Затворање на денарски депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци може да се изврши:
- на барање на сопственикот на депозитната сметка
За спроведување на затворањето се презентира договорот за депозит и штедна книшка, ако е издадена, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица на основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето