КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

ПЧЕЛКА ИГРА И БОЕНКА ЗА НАШИТЕ НАЈМИЛИ ШТЕДАЧИ

 

ИГРА: Сакате да научите повеќе за штедењето преку игра? Повелете на овој линк и  учете од нашата ПЧЕЛКА колку труд е потребен за да се креира вредна заштеда!

БОЕНКА: За тие што сакаат да бојат на овој линк обезбедивме боенка ПЧЕЛКА 

 

Вашите најдобри цртежи и најдобрите резултати од играта праќајте ни ги на e-mail: i-bankstore@stb.com.mk и очекувајте Банката да ве покани на средби и на натпревари во нашата концептна филијала е-bank store на кеј „13 Ноември“.  

 


ПЧЕЛКА ДЕПОЗИТ - ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

 

ПЧЕЛКА ДЕПОЗИТ - ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА 

Опис на производ

Орочен депозит на 36 месеци за малолетни лица

Можност за неограничено вложување на средства без разорочување на депозитот

Атрактивни каматни стапки

Депозит со капитализација на пресметаната камата кон влогот

Валута 

МКД или ЕУР

Рок на орочување 

36 месеци  

Минимален почетен износ на влог 

Минимален почетен влог е 3.000 МКД, односно 50 ЕУР

За дополнителните вложувања не е дефиниран минимален износ

Категорија на клиенти 

Резиденти и нерезиденти

Каматни стапки 

Актуелните каматни стапки се приложени на следниов линк.

На состојбата на депозитот СБ пресметува и плаќа камата, согласно Одлуката за каматни стапки на СБ, по годишна каматна стапка. Каматата се пресметува согласно законските прописи и интерните акти на СБ.

Каматната стапка е променлива, при што во текот на важноста на Договорот за орочен депозит, Клиентот е согласен и запознат дека СБ го задржува правото да врши измена на каматната стапка согласно која СБ плаќа камата на депонираните парични средства,  согласно актите на надлежните тела на СБ и  Моделот за утврдување на променливи каматни стапки.

Исплата / капитализација на камата 

Каматата се пресметува на дневна основа и истата се капитализира кон влогот на фиксен датум, секогаш на 31ви декември

Можност за располагање со каматата по истек на рокот на депозитот

Дополнителни вложувања 

Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот

Дополнителни уплати можат да вршат и трети лица со соопштување на бројот на сметката на малолетното лице

Делумно повлекување и Затвoрање на депозитот 

Дополнителни делумни повлекувања на средствата од депозитот пред истекот на рокот има третман на целосно повлекување на депозитот и раскинување на договорот за депозитот пред рокот, при што се исплаќа камата по видување за периодот од моментот на првично орочување, дополнително вложување или преорочување до моментот на предвременото повлекување на депозитот и раскинување на договорот.

Напомена: При делумно подигање на еден дел од депозитот пред истекот на рокот, можно е преостанатиот износ од депозитот повторно да се орочи на уште 36 месеци согласно условите валидни во моментот на повторното орочување, секако во согласност со барањето на клиентот. Притоа на преостанатиот износ почнува да тече нова рочност од 36 месеци

Отворање на депозитот 

Депозитот го отвораат, на име на детето:

Законските застапници  - (можност за избор на законските застапници да располагаат со средствата со задолжително присуство двајцата родители со кои живее детето или да располагаат со средствата поединечно едниот во отсуство на другиот)

Еден законски застапник  - доколку детето живее само со едниот родител се презентира соодветен документ т.е. решение / одлука од надлежен орган

Уплатувач на средства - трето лице кое го отвора депозитот во присуство на двајцата  законски застапници, само едниот законски застапник

Старателот на детето – за што се презентира документ т.е. решение од надлежен орган.

Документи

При отворање на депозитот се приложува важечка лична карта за законските застапници, старателот или уплатувачот и

Извод од матична книга на родени (копија), со цел да се идентификува малолетното лице

Клиентот добива Договор за депозитот и

Штедна книшка на барање на клиентот

 

 

 

Со пчелка депозитот добивате попуст кај трговците пријатели.
Погледнете ги трговците пријатели на пчелка депозитот >

Печати