
Орочен депозит на 6 месеци со фиксна камата
|
ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ НА 6 МЕСЕЦИ СО ФИКСНА КАМАТА
|
|
Опис на производ
|
Орочен депозит на 6 месеци во ЕУР со атрактивна и гарантирана каматна стапка за периодот на орочување
|
|
Придобивки за клиентот
|
Атрактивна камата за краток рок на орочување
Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
Увид во состојбата преку e-banking
|
|
Валута
|
ЕУР
|
|
Рочност
|
6 месеци
|
|
Минимален почетен износ на влог
|
500 EUR
|
|
Категорија на клиенти
|
резиденти и нерезиденти
|
|
Каматна стапка
|
2.45% годишно, фиксна за периодот на орочување на депозитот
|
|
Пресметка / Исплата на камата
|
Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на периодот на орочување и се префрла на друга сметка преку која се располага со исплатената камата
|
|
Преорочување на депозитот
|
Постои можност за автоматско преорочување на депозитот. Преорочување на депозитот се врши во согласност со условите валидни на денот на преорочување.
Постои можност за промена на налогот на преорочување на депозитот во периодот на орочување, за што СБ издава документ за изменетите услови на преорочувањето.
|
|
Располагање со депозитот и пресметаната камата
|
Коминтентот располага со депозитот и пресметаната камата на денот на достасаност на депозитот (календарскиот ден)
|
|
Затворање на депозитот
|
Затварање на депозитот пред истекот на рокот на депозитот се врши на барање на клиентот, при што СБ пресметува и исплаќа 35% од пресметаната камата од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот
|
|
Овластување на депозитот
|
Клиентот може во моментот на отворање на депозитот или дополнително да овласти друго лице за располагање со средствата од депозитот
|
|
Документи
|
При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
По отворање на сметката клиентот добива:
- Договор за депозитот и
- Штедна книшка преку која се следат промените на сметката за депозитот
|
Валидно 25.04.2012
