
Карактеристики на Орочен депозит ”18/20”
|
Орочен депозит - 18/20
|
|
Опис на производот
|
- Клиентот инвестира во орочен депозит на 18 месеци со фиксна каматна стапка за периодот на орочување, при што СБ пресметува камата за уште два месеци дополнително т.е. вкупно за 20-месеци.
- Каматата за 2та дополнителни месеци се исплаќа на клиентот кога истекува рокот на орочениот депозит, т.е. заедно со исплата на каматата за 18-тиот месец.
Клиентот има можност при орочувањето да избере:
Депозит СО капитализација и месечен припис на пресметаната каматата кон основниот влог што овозможува добивање на повисок износ на камата или
Депозит БЕЗ капитализација на каматата – овозможува располагање со пресметаната камата месечно
|
|
Придобивки за клиентот
|
Бонус камата за 2 дополнителни месеци
Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
Увид во состојбата преку e-banking
|
|
Рок на орочување
|
Орочен депозит на 18 месеци со приход од камата за 20 месеци
|
|
Валута
|
ЕУР
МКД
|
|
Минимален износ на вложување
|
ЕУР 200
МКД 12,000
|
|
Категорија на клиенти
|
Физички лица:
Резиденти и
Нерезиденти
|
|
Каматна стапка
Годишна, променлива
|
|
Каматни стапки
|
Номинални
годишни
|
Просечни годишни БЕЗ капитализација
|
Просечни годишни СО капитализација
|
|
Валута
|
|
ЕУР
|
3.05%
|
3.38%
|
3.47%
|
|
МКД
|
5.50%
|
6.10%
|
6.37%
|
Каматните стапки се фиксни и гарантирани за периодот на орочување.
|
|
Пресметка на камата
|
СО капитализација
Каматата се капитализира и припишува кон влогот при што износот на акумулирана камата останува на сметката на орочениот депозит и со тоа месечно го зголемува каматоносниот капитал.
Во овој случај клиентот располага со каматата по доспевање на депозитот т.е. истиот ден по истек на 18-тиот месец
БЕЗ капитализација
СБ врши месечно пресметување на камата и нејзино префрлање на друга сметка за располагање со каматата месечно.
Во овој случај клиентот располага со каматата месечно т.е. истиот ден по денот на пресметка на каматата за конкретниот месец
|
|
Политика на преорочување
|
Во моментот на склучување договорот клиентот се изјаснува за:
Преорочување на главницата (за депозити БЕЗ капитализација)
Преорочување на главницата и каматата (за депозити СО капитализација)
Депозитот да не се преорочи
(со можност за промена на одлуката во текот на рокот на орочување)
Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување
|
|
Политика на предвремено разорочување
|
Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа 35% од пресметаната камата од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот
|
|
Овластување
|
Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период
|
|
Документи
|
При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
По отворање на сметката клиентот добива:
- Договор за депозитот и
- Штедна книшка преку која се следат промените на сметката за депозитот
|
Валидно 25.04.2012
