КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Карактеристики на Орочен депозит ”12/13”

 

Орочен депозит 12/13 

Опис на производот

  • Клиентот инвестира во орочен депозит на 12 месеци со фиксна каматна стапка за периодот на орочување, при што СБ пресметува камата за уште еден месец дополнително т.е. вкупно за 13-месеци.
  • Бонус каматата се исплаќа на клиентот кога достасува депозитот, т.е. заедно со исплата на каматата за 12 месец.

 

Клиентот има  можност при орочувањето да избере:

    Депозит СО капитализација и месечен припис на пресметаната каматата кон основниот влог што овозможува добивање повисок износ на камата или

    Депозит БЕЗ капитализација на каматата –  овозможува  располагање со  пресметаната камата месечно

Придобивки за клиентот

    БОНУС КАМАТА за еден месец дополнително

    Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот

    Сигурна и стабилна банка, банка од доверба

    Увид во состојбата преку алтернативни канали

Рок на орочување

Орочен депозит на 12 месеци со приход од камата за 13 месеци

Валута

    ЕУР

    МКД

Минимален износ на вложување

    ЕУР 500 

    МКД 30,000

Категорија на клиенти

Физички лица:

резиденти и  нерезиденти

Каматна стапка

                      

Актуелните каматни стапки се приложени на следниов линк.

 

Каматните стапки се фиксни и гарантирани за целиот периодот на орочување

Пресметка на камата

СО капитализација

Каматата се капитализира и припишува кон влогот при што износот на акумулирана камата останува на сметката на орочениот депозит и со тоа месечно го зголемува каматоносниот капитал.

Во овој случај клиентот располага со  каматата по доставсување на депозитот т.е. истиот ден по истек на 12 месец

БЕЗ капитализација

СБ врши месечно пресметување на камата и нејзино префрлање на друга сметка за располагање со каматата месечно.

Во овој случај клиентот располага со каматата месечно т.е. истиот ден по денот на пресметка на каматата за конкретниот месец

Политика на преорочување

 

Во моментот на склучување на договорот клиентот се изјаснува за:
  • Преорочување на главнината (за депозити БЕЗ капитализација)
  • Преорочување на главнината и на каматата (за депозити СО капитализација)
Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.

Политика на предвремено разорочување

Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот

Овластување

Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во кој било период

Документи

    При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)

    По отворање на сметката клиентот добива:

-       Договор за депозитот и

-       Штедна книшка на барање на клиентот

Печати