10.09.2016

 

Повторно „Вози право, вози здраво“ во Скопје

 

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија повторно ќе донира за жителите на Град Скопје содржина која ќе биде поврзана со едукацијата на децата за безбедност во сообраќајот, правилно управување со велосипед, тротинет, возење ролерки, скирол и слично. Деталите околу донацијата ќе бидат откриени во соработка со Град Скопје во најскоро време.


За реализација на донацијата Банката ја повикува јавноста повторно да се приклучи на Ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво 2 и заедно да се промовираат сите форми на чист транспорт! 

 

Ревијалната трка ќе се одвива на потегот СТБ Детски Велодром (ул. Јуриј Гагарин) до Градски парк. Види мапа и повеќе детали на www.stb.com.mk/marketing.nspx

 

Регистрација за трката е возможна во i-bank store филијалата или тука. Учесниците може да се пријават во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинети/скироли и родители со бебе колички.

По успешната регистрација секој учесник ќе добие e-mail порака со содржина реден број за учество во ревијалната трка како и потсетник за настанот. Регистрација ќе биде можна и 1 час пред почетокот на трката пред детскиот велодром.

 

На 17.09.2016, сабота од 16 часот секој регистриран учесник ќе може да си го подигне редниот број со кој учествува во извлекувањето на вредните награди во Градски парк. Регистрација и подигање на реден број ќе биде овозможено од 16 часот на ул. Јуриј Гагарин, веднаш до СТБ Детски велодром, на соодветно означените пултови за регистрација.

Како и претходната година, сите учесници кои ќе ја завршат ревијалната трка ќе добијат симболичен репрезентативен подарок на пултовите во Градски парк а по музичките содржини ќе бидат извлечени и вредни награди по случаен избор за секоја од кагегориите (Ninebot Segway, Specialized велосипеди, тротинети, спортска опрема и други вредни награди).

 

Во градскиот парк, за добра забава ќе се погрижат уникатните:

  • 5+ бенд, 
  • Даниел Кајмакоски и
  • Пеперминт

За потсетување и мотивација, погледнете ја фото галеријата од минатогодишниот настан на нашата Facebook страница“Стопанска банка - На ваша страна“

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна