19.09.2016

 

„Вози право, вози здраво 2“ го размрда Скопје

Во сабота 17.09 улиците во централното градско подрачје на Скопје беа наменети за љубителите на тркала. Над 2500 регистрирани учесници продефилираа со својот избор на чист транспорт: најбројни беа велосипедистите, потоа децата, учесниците со ролерки, скироли, тротинети а не изостанаа и родителите со бебе колички.
На задоволство на сите, ревијалната трка помина во најдобар ред, учесниците пристигаа на целта во градскиот парк задишани но и насмеани по релаксираното возење долж улиците ослободени од возила.

 

Во градскиот парк за добрата забава се погрижи 5+ бендот, омилениот бенд за деца во Македонија, нашиот единствен Даниел Кајмакоски кој ги испеа своите авторски хитови но и не потсети на неговите преработки на светските рок нумери а потоа следуваше извлекувањето на вредните награди во секоја од категориите. За крај на забавата настапија позитивните Пеперминт кои го задржаа вниманието на веќе уморните учесници, но и привлекоа други посетители на паркот.

На присутните медиуми и учесници на стартот им се обрати Генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје и претседател на Управниот одбор, г. Диомидис Николетопулос, кој изјави:

Подолг, поздрав и посреќен живот ни е на дофат. Ако сите ние се стремиме да возиме, трчаме, па дури и едноставно да пешачиме наместо да возиме автомобили, ќе имаме долгорочни животни придобивки. Ова беше еден од главните мотиви кои го поттикнаа нашиот тим да го креираат „Вози право, вози здраво“ настанот и да го спроведат со огромна поддршка од јавноста веќе втора година по ред.

Посебно сум задоволен што го гледам тимот на Банката во вака непосредна соработка со јавноста во едно поинакво окружување и со поинаква агенда. Ова е воедно освежување но и инспирација. Ви благодарам што сте денеска тука, сите вие. Имајте убава трка долж улиците слободни од автомобили и уживајте во забавата во градски парк“.

 

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија повторно како завршеток на ВПВЗ ќе донира за жителите на Град Скопје урбана опрема која во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина. Банката изразува огромна благодарност за сите учесници, за сите институции со чија поддршка во фокусот беше безбедноста на учесниците и секако за тимот на волонтери вклучени во реализацијата на настанот.


 

Среќни добитници на наградите од сите категории се:

  •  
  • Категорија Велосипед:
    • NINEBOT mini електрично индивидуално возило реден бр.0169 Александар Стојановиќ
    • Specialized велосипед (М) реден бр.0754 Димитар Керамитичиев
    • Specialized велосипед (F) реден бр.0206 Ангела Георгиевска
    • Обука во Семос Едукација (Photoshop или по избор на добитникот) реден бр.0047 Марија Богоевска

  • Категорија Родители со бебе колички:
    • Багажник за велосипеди  реден бр.2500 Ема Мартиновска
    • Balance bike + детска кацига реден бр.2555 Ивана Апостолова
    • Детско седиште + детска кацига реден бр.1525
    • Обука во Семос Едукација (Photoshop или по избор на добитникот) реден бр.2551

  • Категорија Детска трка: 
    • Specialized детски велосипед реден бр.2326
    • Метален тротинет + Кацига реден бр.2347 Богдан Милановиќ
    • Скирол + Кацига+ Штитници реден бр.2077
    • Обука во Семос Едукација (Photoshop или по избор на добитникот) реден бр.2679 Викторија Степановска

  • Категорија ролерки/тротинети/скироли:
    • ранец+кацига+штитници+шише реден бр.1548 
    • ранец+кацига+selfie stick реден бр.1601
    • ранец+кацига+штитници реден бр.1503 Ангела Гиевска
    • Обука во Семос Едукација (Photoshop или по избор на добитникот) реден бр.1620 Амелија Цветовкса

Фото галеријата од настанот можете да ја најдете на нашата Facebook страница “Стопанска банка - На ваша страна“

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна