14.09.2015

 

СКОПЈАНИ ПОКАЖАА ДЕКА ГО ПОДДРЖУВААТ ЖИВОТОТ НА ТРКАЛА!

Огромна група на велосипедисти, велосиопедски здруженија, граѓани со тротинети, млади со ролерки, родители со колички за бебиња и пешаци вчера од 18 часот ја поддржаа ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка, чија стартна позиција беше i-bank storе концепт филијалата на Стопанска банка. Трката заврши во градскиот парк со голема забава со 5+ Бендот, единствената Калиопи и диџеј Гоце САФ.


Со оваа ревијална трка на алтернативни превозни средства што не ја загадуваат животната средина, а помагаат во развивање на здрави навики, Стопанска банка сакаше да ја подигне свеста за предностите на ваквиот начин на превоз како нешто од големо значење за Скопје, посебно за најмладите.


Со секој извозен метар, учесниците во оваа трка донираа за изградба на урбан детски велосипедски и сообраќаен полигон, кој ќе се наоѓа во Парк Македонија и ќе биде безбедно место каде децата ќе може да учат да возат велосипеди, тротинети, ролерки, но и сообраќајни правила преку поставената вертикална и сообраќајна сигнализација.



На вчерашниот настан во градски парк се доделија и бројни награди за учесниците, најмалите цртаа на АРТ улицата, играа игри и имаа можност да ги разубават своите велосипеди или скејтови со уникатен дизајн.


Сведоштвата од добрата атмосфера ги преплавија и социјалните медиуми каде посетителите под #ВозиПравоВозиЗдраво објавуваа свои фотографии и импресии. Фото галерија од настанот е достапна на Facebook страницата „На Ваша страна“
 

 

Како пример за општествено одговорна компанија, во своето делување Стопанска банка посебно внимание посветува на оркужувањето и неговото оплеменување. Во текот на изминатите години Банката инвестираше во оперативна инфраструктура, развој на модерни и флексибилни банкарски производи, како и во алтернативни и еколошки канали за банкарските услуги преку i-bank сервисите.


Изградбата на урбаниот велосипедски полигон за деца ќе биде завршена за помалку од два месеца. Ќе се протега на површина од 660м2 и со должина од 270м. Широчината на патеката е поделена на дел за возење од 100см и два дела - тротоари од по 50см за пешаци. Патеката ќе има гумена облога  како завршна обработка што се нанесува врз бетонска подлога и делумно завршна обработка во вид на калдрма. Скопје ќе добие ново место за одмор, рекреација и уживање за целото семејство, а користењето на овој детски  полигон ќе биде бесплатен.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна