02.06.2014

 

Стопанска банка АД – Скопје поставува регионални стандарди за заштита на клиентите при e-commerce трансакции

 

Банката стана прв корисник на напредниот информациски производ од VISA кој нуди моќна превенција од злоупотреба при online плаќања и минимизирање на пречки во e-commerce трансакциите.

 

Стопанска банка АД – Скопје е горда што стана прв корисник во целиот CEMEA регион (Central Europe Middle East and Africa) на напредниот информациски производ од VISA кој им помага на корисниците да ги намалат ризиците од злоупотреба при e-commerce трансакции користејќи анализа на ризик во реално време. Сервисот е наречен VCAS (Visa Consumer Authentication Service) и е дизајниран за беспрекорна поддршка на 3D Secure (three domain secure) програмот како што е Verified by VISA или MasterCard Secure Code. Овој сервис е достапен единствено и бесплатно за сите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје. 

VCAS го потврдува идентитетот на клиентот пред процесот на авторизација, додавајќи моќно ниво на заштита против злоупотреба. Како што клиентот го започнува процесот на плаќање, решението прави проценка на ризикот во реално време базиран на бројни параметри вклучувајќи ги информациите за трансакцијата, типот на уредот како и историските навики на трошење. Крајниот резултат е дека Банката издавач на картичката ќе може да реализира e-commerce трансакции со намален ризик без притоа да налага од клиентот секоја трансакција да биде авторизирана со лозинка или слично. Решението ги намалува причините за прекин или откажување во процесот на плаќање од страна на клиентот, додека во исто време им помага на трговците и издавачите на картички да ги намалат загубите од евентуални измами.

 
„Инспиративно е да се види Банка толку посветена на своите клиенти, што е подготвена да направи екстра напори и да имплементира нова технологија која ќе обезбеди дополнително ниво на заштита на интернет трансакциите за клиентите“, изјави Катажена Сошин, Регионален менаџер CIS&SEE, од VISA при нејзината посета на Стопанска банка АД - Скопје. „VCAS ќе и помогне на Стопанска банка да го намали ризикот од e-commerce злоупотреби користејќи анализа на ризикот во реално време. Ова решение е уште еден пример за тоа како ние ги користиме комплексните сознанија, кои VISA при процесирање на трансакциите ги собира, со цел да создадеме дополнителна вредност за трговците и нашите партнери финансиски институции. Бидејќи решението само ги известува клиентите при најризичните трансакции, повеќето клиенти ќе имаат брза и лесна автентикација на плаќања користејќи го Verified by Visa.“
 

„Со овој новитет, нашите клиенти имаат повеќе од само картичка во своите паричници, имаат клуч до e-commerce трансакции ширум светот, достапен 24/7. Корисниците на картички од Стопанска банка се први во земјава и пошироко да уживаат во највисокото ниво на заштита при online плаќања и за истото немаат дополнителни трошоци ниту мораат да направат екстра напор за да го добијат. Горди сме што продолжуваме да поставуваме стандарди за најдобро банкарско работење и нашиот тим останува целосно посветен на нашите клиенти благодарение на современата технологија која ни е секојдневно подостапна“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка АД - Скопје

 


Повеќе информации околу Visa Consumer Authentication Service (VCAS). VCAS е сервер со контролиран пристап кој на издавачите на картички им ги нуди следните можности:

  • Софистицирана автентикација базирана на анализа на ризик. VCAS моделот за евалуација на ризикот ги зема во предвид напредните инпути вклучувајќи ги тука критични информации за уредот, податоците за трансакцијата како и навиките за трошење. Овие податоци ја зајакнуваат можноста на банката издавач да донесе одлука за потенцијалниот ризикот од злоупотреба и да побара дополнителна верификација кога е потребно
  • Динамички методи за автентикација. VCAS поддржува широка палета на методи за автентикација на клиентот. Ова значи дека поризичните трансакции може да бидат верифицирани од издавачот на повеќе начини вклучувајќи и побезбедни, динамични методи како што се OTP или хардверски токени.
  • Поддршка за мобилни уреди. VCAS може да биде интегриран да функционира и за палета на уреди вклучувајќи мобилни и таблет компјутери, со цел да обезбеди за клиентите безбедно, ефикасно и доверливо искуство при купување преку други канали освен преку компјутер.
  • Правила за стратегии за подобрување. VCAS им нудат на издавачите на картички алатка да пишуваат дополнителни правила кои ќе ги подобрат капацитетите за подобра анализа на ризикот. 

 

ЗА СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ

 
Стопанска банка е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како прва банка во Македонија во 1944, Стопанска банка ги постави основите на банкарството и сеуште е лидер во развојот и имплементацијата на најсофистицираните финансиски производи и услуги за население и компании во Македонија.Банката првпат издаде VISA платежни картички во 1999, прва VISA кредитна картичка во 2003 и оттогаш има развиено богато картично портфолио кое денес брои над 300.000 картички. Банката останува лидер во картичното работење во Македонија и продолжува да развива и нуди картички во согласно со потребите на клиентите. 

 

ЗА VISA Inc.


VISA е глобална компанија за платежни технологии која ги поврзува клиентите, бизнисите, финансиските институции и владите на повеќе од 200 земји и територии за брзи, безбедни и доверливи електронски плаќања. Ние управуваме со светски најнапредната мрежа за процесирање на плаќања – VisaNet – со капацитет од 47.000 трансакциски пораки во секунда, со заштита од злоупотреба за клиентите и гарантирана исплата на трговците. Visa не е банка и не издава картички, не одобрува кредити и не поставува стапки и провизии за крајните корисници. Иновациите од Visa, сепакм, им помагаат на финансиските институции на своите клиенти да им нудат повеќе избор: да платат веднаш со дебитна картичка, однапред со prepaid картичка или подоцна со кредитните картички. За повеќе информации посетете ја www.corporate.visa.com.

 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна